Знаете како велат волкот го менува влакното,ама ќутта(карактерот)не го менува!!!! така и луѓето кој каков што е таков ке си остаме за навек ,само што може некогаж да размислува посериозно во однос на поодминати години!!!
Луѓето не се менуваат туку така. Не е дека станал сабајле и си рекол од денеска сум нов човек. Едино, ако почнува со диета, е тогаш може вака да каже. Во се друго, луѓето ги менува животот. И ситуациите кои им ги донел животот, ситуации во кои можеби не мислеле дека некогаш ќе се најдат, ситуации кои изгледале како ќорсокак. Луѓе кои им ги донел животот, луѓе кои изгледале како ќорсокак. Стануваат подобри, повесели, порадосни, попозитивни, помрачни, позатворени во себеси, покомуникативни .. Или не стануваат. Но се менуваат. Е така се менуваат луѓето. Луѓето менуваат луѓе. И сијалици.
Зрелите луѓе кои што се свесни за своите мани и квалитети се пофлексибилни во се. Не значи дека се менуваат туку се прилагодуваат за да им биде и ним и на другите подобро.
Луѓето не се менуваат наеднаш целосно,но ако некој реши да се смени во односот кон себе или кон луѓето и ако е цврсто решен за тоа и има силна причина мислам дека може и тоа како да се смени. Сепак секој човек е различен,изградил свој карактер кој што го градел со години и е цврст во себе,па никој и ништо да не можи да го убеди да се смени,но има и лабилни личности кои што немаат свој карактер,па често се менуваат и различно се однесуваат.
Се менуваат , се менуваат и тоа како .. промените се тука во животот , за да се избегне монотонијата и да стане повозбудлив. Човек ги менува своите приоритети и навики со текот на годините , а воедно и го изградува постојано своето "jaс" .
Не,каков ќе се родиш таков и ќе останеш до крајот на животот.Некој ќе речи после тоа и тоа јас многу се сменив,тој не се сменил туку се научил да го прифати тоа така како што е !
Се менуваат.Ако тој самиот е решен дека сака да се смени тогаш може.Инаку за карактерот мислам дека се мени еве на пример јас сигурно нема да размислувам вака кога ќе имам 30 години.Се со текот на времето се мени.
Секако дека се менуваат.Јас ова го кажувам од лично искуство,што сум приметила по луѓе што ги знам 15 години.Мислам дека човек ретко може да се смени кога самиот ќе увиди дека нешто не чини кај него,бидејќи повеќето луѓе наоѓаат изговори и оправдувања за своето однесување и својот карактер.А според мене мислам дека еден човек може многу брзо да се смени под влијание на други луѓе и општеството,се зависо од друштво,пари,моќ ..
да се менуваат ама ретко сум сретнала некој да се смени кон подобро све се менуваат кон полошо за жал
Лугето можат да се променат, мегутоа треба многу труд и доколку стварно сакаат, ни има и такви кои и самите себе се залажуваат дека ке се променат. Не се трудат доволно за да го остварат тоа. Јас сум жив пример дека лугето можат да се променат доколку сакаат
Се се менува,па и луѓето, иако во последно време ретко некој да сака да се промени да биде подобар човек, поголемиот број луѓе стануваат лоши незабележувајќи го тоа.
Се менуваат и тоа како.Личен пример си земам од мене.После една голема грешка што си е направив во животов.Ми дојде умот ама е премногу касно,но можеби и не е.Незнам времето ќе покаже. Сега имам 16години и можам да кажам дека од зимоска досега сум премногу сменета,после една грешка научив многу работи.А и го сменив многу карактеров,што тоа е добро.
нормално дека се менуваат. било на полошо или пак на подобро..постојат различни причинители на менувањето во каракктерот кај некој човек. Дали мас - медиуми, училиште, семејство, политичка партија и сл. колку од вас се промениле и не может себеси да се препознаат откако фатиле дечко, или пак колку пати сме се погледнале во огледало и сме сфатиле дека тоа што претходниот период сме го правеле не наликува на нас, нашата култура нашето воспитание? има безброј случаи кога најбесните деца во нашето окружување, стануваат добри, зрели одговорни личности. има улога и средината,и друштвото, секако различните организација(алкохолочари, пушачи, наркомани), семејството и сл.
Според мене се менуваат, ама не сите. Имам другарка која учи со мене и односот не и е баш нај нај. Не знае да ти каже со убаво ќе почни да се кара. Има моменти кога знае да ти каже со убаво. Многу лошо со мене се однесува, што и да кажам не е така. И имам кажено да си го смени понашањето ама со добра намера(тоа беше во 6то одделение). Рече ќе си го сменам. Сега е уште полошо. Не треба да и одговориш. Ако се удри или некој од дома ја изнервирал на мене ми се истура како јас да сум крива. Сакам да ми биде другарка али нејзиното понашање ме нервира. На форумот е па ако прочите нека не се лути, со добра намера и го кажувам ова.