секој човек може да се измени ако сака ако нешто не му се допаѓа кај него тој ке се обиди да го смени
Се менуваат, ако тие самите сакаат Јас самата, не се менам. Ако ме сака некој, ќе ме сака таква каква што сум, како што јас него/неа ја сакам. Лошо со лошо враќам, добро со добро враќам
Јас тоа некако си го замислувам како глина. Може да си се направиш себе онаков како шо сакаш.Напорно е многу,реагира и умот и телото на промената,некако на моменти и си мислиш дека е подобро да си останеш таков каков шо си бил само и само затоа шо и се плашиш од промена и нема многу брзо резултати. Ама ако имаш доволно желба и малку знаење како полесно да се промениш-може. Шо се вика нема кој да те промени освен самиот ти,ти си тој шо одлучува шо да мисли. Како тече времето,како работите се менуваат-мора и ние да се смениме за да сме во чекор со времето. АКо си тврдоглав ќе кажеш-јас сум таков и крај! Не се менувам! Ама единствениот кој што ќе загуби од тој став си ти.
Според мене луѓето не се менуваат.Тие можеби се скротуваат на еден начин,односно се преправаат дека се смениле ,а всушност сеуште се истите.За некој да се смени треба да си го смени карактерот,начинот на кој размислува на кој живее ,тоа не е возможно бидејќи тогаш ќе си го изгуби своето ЈАС.
Јас мислам дека луѓето се менуваат и тоа секогаш на полошо, можам да кажам дека многу ретко некој се сменува кон подобро.
Ако сакаат самите можат ,ако некој ги тера ги присилува и ако самите не веруваат дека поседуваат лоши особини кои треба да ги сменат ,тогаш неможат ,можат да глумат некој период и после пак да си бидат истите .Кога се сака ,се се може.
Промените воглавно се јебење у мозок. И својот и туѓите. Нели е поговоркана дека волкот влакното само го менува де? Е, баш тоа. Таа, тако звана, промена, е само гледање на работите од друга перспектива. Перспектива која во тој момент изгледа логична затоа што е неиспробана и го наметнува what if прашањето. Се изгориш, па си мислиш како си требал лончето да го фатиш од другата страна, мислејќи дека така не би се изгорел. И затоа поучени од претходната “лекција“, веќе не се осудуваме да го фаќаме од страната за која сме умислиле дека не е безбедна, и иако навиката си тлее, се самофорсираме да се раководиме по она „Јас веќе никогаш нема да...“ Чист, прост пример кога некој мортус секој петок вели - више не пијам. Нема проблем, важи. Али тешко е бре да стапат тие божемни нови навики на дело и поради некој (не)мил настан да промениш нешто што си бил цел живот. Ние сме јебачки, бели свет, што кога ќе се изгориме - стануваме само поладни и одиме на „Ако мене можело да ми се деси, зошто друг па да жалам?“ и тука следи газење преку се` живо, наместо да се чукнеш по глава и да извлечеш позитивна лекција што ќе те направи подобар човек, за да понатаму ти не бидеш тој што ќе предизвикува негативни промени кај другите, па тие кај други итн. А промените настануваат баш поради тој зачаран круг. Ама не, ако мене ми згрешиле и ме повредиле, логично е на сите, ни криви, ни должни, што ќе ми се најдат низ животов, да им враќам за тоа, затоа што нели, сум се сменила и не ми се ризикува. А внатре знаеш дека си ист, уште си стариот волк, уште те боли, само се криеш зад ново руво и си ја јадеш душата форсирајќи се да ги примениш тие промени, од страв да не се повтори истото. А таквата “промена“ е најлоша, да наметнуваш ново јас што всушност ни од далеку не е ти, туку е вид на оклоп од страв, инат или ред други причини. Од досегашни искуства и разговори, така сум ја дефинирала промената. Нормално, не во сите случаи.
Во текот на целиот наш живот потпаѓаме под различни искушенија,влијанија,подеми,падови,со еден збор искуства.Целиот свој живот човекот го бара своето јас,учи за себеси и на крај се пронаоѓа,а кога ќе се пронајде го спознава вечниот мир-ЖИВОТОТ!
Се менуваат, доколку самите сакаат и по интервенција на Бог, кога ќе се случи нешто драстично и неочекувано тогаш луѓето најповеќе се менуваат, но доколку сам сака некој да се промени може кога сака и без драстични промени доволно е само еден збор или помисла или некоја ситница ама само ако самиот сака.
Bаш така, биди добар за себе. Другите не треба многу да ги слушаме. Човек се менува со тек на години, зависно од средината, друштво, партнер, семејство, се придонесува...