Се менуваат, некои на добро - некои на лошо. Се е до луѓето, кој како сака да се смени. Има некои што себе се нарекувале "badass & motherfucker" но сфатиле дека всушност тоа не е толку интересно колку што звучи, па се смениле на добро. Сега се внимателни и грижливи дечки/девојки, среќни, и тие и нивните семејства. Исто така, постојат и оние, кои сметаат дека биле добри предолго време, па сега се смениле во "badass & motherfucker". Сметале дека овој начин на живот може да ги промени, да им донесе среќа. Маката човекот може да го смени од корен, јас верувам во ова.
Секој за себе нека зборува... Има луѓе кои на инат на светот не се менуваат! (не сум тоа јас, еден мој близок)
Секако дека се менуваме,јас кај мене остеив доста голема промена откако ја запознав љубовта на мојот живот,а секако и други работи ми влијаеја ама најмногу љубовта..........
Се менуваат. Еве јас променив мислење за носење тренерки, сладолед од ванила и претседателот Барак Обама.
Mislam deka mnogu tesko se menuva nekoja licnost znaci treba da pomine pogolem vremenski periot,mnogu trud i sekako zelba za toa.Blagodarna sum na edna licnost koja se trudese zaedno so mene da bidam ona sto sum denes.pozzz [mod-kirilica:2o46pynw][/mod-kirilica:2o46pynw]
Секако дека да.Сите ние во животот имаме доживеано и падови и успеси.Животот постојано ни приредува изненадувања(добри или лоши)..Просто кажано ЖИВОТОТ НЕ МЕНУВА.Сигурна сум во тоа,зошто јас се сменив,животот ме смени и тоа на полошо.Постојано ми се вртат црни мисли во главата,постојано плачам,паѓам во депресија,изгубив мн личности(едноставно си заминаа од мојот живот),ги имам моите родители и мојот дечко,кој ме има многу повредено но сепак му простив , како и јас не знам.Сега е се во ред.Тој ми е прв дечко,прва љубов,тој ми е се на светот.Се трудам да се изборам со се , да продолжам понатаму..Се чувстував како да сум во некој лавиринт од кој нема излез...
Времето го менува човекот, сакал тој или не. Бебенцето е табула раса а што сум јас на моите 29 години, а што ке бидам на 60??? Сигурно истата личност не!!!!Од секоја надеж, од секој подем, од секој пад, од секое ново искуство било позитивно или негативно, ете нова бразда на лицето на мојата психа, а со тоа на мојот однос и мојата надворешност.
Можеби можат да сменат нешто,некоја нивна навика или особина,ама карактерот не може во целост да се смени.
Не за џабе рекле : " Вук длаку мења, али чуд никада „... Луѓето не се менуваат се`тоа е прилагодба... Се прилагодуваат...
луѓето колку и да сакаш да ги смениш неможеш тие ќе си останат такви какви што се но може да се прилагодат во одредени ситуации
Додека се гради личноста на човекот и додека сеуште го оформува карактерот и своите ставови може милион пати да се смени, но после тоа, откако тој процес ке заврши,сите понатамошни промени би биле само површни, прилагодувања и сл.
Се менуваат луѓето, да. Впрочем, ги менува средината во која живеат, луѓето кои ги опкружуваат, образованието кое го стекнуваат, парите со кои се здобиле на ваков или таков начин. Апсурдно е да се очекува од човек да остане на ист левел денес и по 10 години. Се менуваат размислите и погледите на светот. Наравот останува!
Верувам дека некој може да се промени..Но тоа не бидува одеднашка,туку полека по полека,дел по дел,некој доколку сака може да се смени
Се менуваат секако, дали на добро дали на лошо, факт е дека се менуваат луѓето. Во општество кое се менува, во кое владеат нови закони, во кое се менуваат вредностите, неможе секој човек да размислува исто, некогаш ќе мора да го промени своето мислење, па дури и своите дела.
Лугето се менуваат, мегутоа не драстично. Само онолку што треба да се прилагодат на една одредена ситуација.