Да!! Мислев дека нема шанси било кој човек да се смени, дека ќе остани таков каков што бил.. но сега мислам сосема обратно! Јас се сменив. Премногу! Не сум ни еден процент таа што бев... и да вака ми е подобро!
Се менуваат/ме дефинитивно, тоа е сосема нормален и здрав животен процес! (зависи само кој на каде ќе забега)
Според мене да...Бидејки самата сум многу изменена и затоа и верувам во тоа ...Сменена сум 100 % во позитивно...МОТИВОТ ЗА ДА СЕ СМЕНА МИ БЕШЕ ТОЈ и се уште ми е , додека е покрај мене постојано ке се менивам на пдообро и подобро уште поголема воља имам што тој тоа го забележува и го цени и за него ке станам најдобрата особа што некогаш ја запознал
Се менуваат ,јас се сменив на подобро,се разбудив од сонот,застанав цврсто со двете нозе на земја,презедов одговорност,обврски ,станав столб на нашето мало семејство...
Како растиме имаме се поразлично размислување,и свесна сум дека за некое време и моето мислење ќе се промени. Јас мислам дека се менуваат.
јас у последно време многу се сменив. многу се оладив. бев потопла личност, грижлива за сите и за се. али одкако ми се случија пар работи многу оладив и живеам само за себе. ден по ден . не искачам од твој оклоп .
Да,дефинитивно се менуваат. Имам заприметено кај некои луѓе големи промени,а и јас во последно време сум сменета,некако не ме интересира туѓото мислење,како да сум повеќе песимистички настроена,за разлика од порано и едноставно сакам повеќе мир и самотија во последно време. Не дека не сакам да се дружам,ама сакам поголем дел од денот да го поминам во тишина. Има моменти когед аноставно копнеам за галама и метеж,а некогаш за тишина.
Луѓето се менуваат..сите се менуваме во даден момент од животот, дали поради некоја немила случка.. промена на друштво, средина. Сепак за да се смениш кон подобро откако си сфатил дека твоето однесување е за нигде треба многу труд и воља, а секако и вистинска личност покрај тебе.
Pa covek uci dodeka e ziv...Nekoi se menuvaat zosto sakaat da naucat...a nekoi ne! Zivotot e skolo-Toa e moeto mislenje Da naucis da zivees ama da ne zaboravis koj si bil! Opasen filozof sum a? [mod-kirilica:18xapz2i][/mod-kirilica:18xapz2i]
Луѓето не се менуваат само со тек на време си го покажуваат своето вистинско лице и се претставуваат во право светло,онакви какви што се,а после ние мислиме дека таа личност се сменила и дека не можеме да ја препознаеме,а всушност тоа била истата личност цело време.Има ретки случаи кога луѓето биле повредени,разочарани...и тогаш стануваат поцврсти,построги...Но она што е внатре во душата никогаш не се менува.Човекот останува онаков каков што се раѓа.
Мое мислење е дека се менуваат.Неможе целосно некој да се смени,ама во ситници-да. Сум го приметила тоа кога сум со некој блиска подолго време дека има промени во однесувањето,начинот на размислување,карактерот...
Не е залудно кажано, еден човек колку луге познава толку лица има. Е сега ако правиме муабет за некоja длабинска/драстична измена, тоа се случува мнооогу ретко каj луге на кои животот им удрил jak шамар, имале голем пад, тоа е тоа така наречено буденье. Jac имав можност тоа да го видам на блиска личност коja десет години од животот ги помина во затвор. Излезе сосем нова личност, се искачи на многу повисоко духовно ниво, времето таму мудро го искористи за дружба со книгите. Исто се сожувам со една членка погоре коja kaжа дека со тек на време им го откриваме вистинското лице, не ретко ми се члучува да запознаам една личност, со тек на време да ja видам сосема спротивната вистинска страна. Cите ние co тек на времето се менуваме, секое ново животно доба носи поинакви поглавиja и ние се прилагодуваме односно менуваме. Jac лично согледувам како размислуванюата, а и некои карактерни особини ми ме менуваат со текот на вреемето што е и нормално, сретнувам различни луге, искуства. Едно нешто кое наjвеке ме промени е маjчинството. Е вакаа промена на сите ви посвкувам, тоа е впрочем и целта на постоеньето
Вук длаку мења ал чуд не... Тешко да се менуваме од корен...Може да се балансираме на ситуација, но дека ке го смениме она кое го носиме како ген, не би рекла. Да се трудиме да се промениме ДА...Да се смениме целосно НЕ...
секако дека луѓето се менуват. Ке трган од лично искуство порано без многу повеќе смирена ,дружељубива со секогоо ,насмеана а сега кога пораснав да кажам некако самиот тежок живот што го налага општеството и околината те менуваат ..Сега некако сум поозбилна , размилувам за работи што ке ги правам , по избувлива и нервозна , ми сметаат гужвите галамите кои што порано воопшто не . Така да годините ,самиот начин на живење , оклоината , стресот го доведуваат до промени човекот.
Се менуваат и тоа како се менуваат. Нема тука сакам да е се сменам или не сакам. Со годините се’ се менува: се менуваат околностите, луѓето околу тебе, начинот на кој размислуваш, начинот на кој гледаш кон работите... Тргнувам од мене, неможам да се препознаам последните две години.(мислам само на позитивни нешта) За некои работи кои мислев дека никогаш нема да ги направам, денес ми се дел од секојдневието (можеби е смешно но од секогаш сум имала долга коса, па сега имам кратка, никогаш не читав книги, сега неможам да си го замислам животот без книга и т.н) И да, некои се менуваат на подобро некои на полошо, но сепак јас и понатаму ке си останам перфекционист ситничарка...