Зависи од самата личност и од околкностите. Токму вчера разговаравме на оваа тема, за личност која начисто се измени (кон подобро) и за тоа како и простувам за сите глупости претходно....но некои не се менуваат, за жал...можеби и ја сум една од нив
Луѓето можат само да те излажат дека се смениле.Всушност тие се преправале дека се сменети кон добро или лошо.Сепак многу ретки се случаевите кога некоја личност се променила,скоро ги нема.
Да јас мислам дека се менуваат .Сепак зависно во која фаза од животот се случува тоа .... Само да се лажеме себеси дека не се менуваме а не би сакале да е така.Сте се запрашале колку работи што порано сме ги сакале-правеле -почитувале веќе не ги ни погледнуваме ..(само еден мал пример ) .Колку сме променети со текот на годините ,стануваме потолерантни или подрски зависно кој како го сфатил животот и како треба да владее со него .Навиките ни се менуваат од година во година несвесно го прифакаме и тоа МОРАМЕ таков е системот .Само карактерот неможеме да си го промениме на добри и лоши луѓе ,тоа е посилно од нас .Колку и да сакаме да глумиме и да влијаат на нас пак сме исти се друго е променливо .А и на што би личело да сме исти постојано ... ,нема правило за созреан човек ,тинејџер и сл но има кодекс како да се одвиваат работите и животот мора да ги прифаќаме или ке бидеме дискриминирани ,омаловажувани и одбегнувани со заостанати сфаќања
Сакале или не животот ни носи разни предизвици и во зависност од тоа како се справуваме со нив, се оформуваме како личност. Се менуваат лугето.Животот ни е вајар, за тоа кои сме и што сме. Ништо не е случајно на овој свет , како ни нашето постоење. Нас не менуваат , ние менуваме други..
Човекот никогаш не се менува.Неможе да се смени едноставно тој е роден таков...и таков и ќе биде.Едниствено тој самиот може да се прилагоди...па и да каже ,,Јас се променив``...Ги лаже другите а се лаже и самиот себе...Човекот се прилагодува!!!
луѓето се менуваат и те како... т.е. се прилагодуваат спрема околностите што ги носи животот...најчесто се менуваат поради: ако имат повеќе пари-тие се богати ако имат помалку пари -тие се нервозни,произлегуваат проблеми,"сиромашни се" физички да,се менуваат...но волкот не го менува влакното
Работа на волјата и ништо друго. Ако една личност смета дека треба да се промени и биде доволно силна да остане на тој став, да се промени и навистина ќе се промени. Само треба да верува во себе и да продолжи без разлика колку се обиделе да ја згазат или да ја спречат во тоа. Сите имаме лоши особини, по некои мани и кај сите пречат, но кај некои повеќе, а кај некои помалку.
и тоа како се менуваат. знам таков пример каде што додека да стане славна кога немаше пари се дружеше со такви како неа,а кога ја доби славата ги смени другарките смени се ,значи на улица не те познава ц ц заслепени од слава и пари
потполно се согласувам...се прават како да се царици,а до вчера биле искубени кокошки знам такви .... па и ќе те прават од магаре понадоле..тие биле над тебе ЦЦЦ
Луѓето тешко се менуваат но се менуваат јас верувам во тоа дека ако некој сака да се сменеи го може тоа.