1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали луѓето се менуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 5 јуни 2010.

  1. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Не се менуваат. Кој како што дошол така пошол.
     
  2. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    до човекот е се ако сака се се можи ама работата е со не се сака ... се случува некогаш и да помислиме дека некој се сменал ама залудно, а некогаш некој можи стварно се сменал а не верваме то е животот не знајш на шо и на кој да верваш :worried:
     
  3. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Многу е полесно човек да се мени на полошо, отколку на подобро. Полесно е да станеш грешник, полесно е да ги искривиш работитие, а многу потешко е да ги исправиш. За да се смени човек, треба да има некакво силно влијание врз него. А повеќе влијанија во денешнината се негативни, за жал. За да се смени човек на подобро, треба да му се случи нешто силно што ќе му даде повод за тоа. На пример, кога човек ќе стане заслепен од љубовта, нема шанси да не се смени на подобро. Тоа за жал може да биде и за кратко, па потоа повторно да се открие стариот лик. Но верувам дека може да се смени еднаш за секогаш на подобро :)
     
  4. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Темава е специфична.Сметам дека некои карактеристики на личноста тешко се менуваат или па воопшто не се ни менуваат.Знам многу особини на некои од луѓето со кои се дружам и знам дека тие неможе да го сменат својот карактер.Некои се љубоморни,фалбаџии,лажговци......само прават маска и го кријат вистинското лице,тие никогаш нема да се сменат....може само филмови да прават на другите дека го промениле својот карактер,навики и се останато.
     
  5. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Се менуваат.Некои свесно сакаат да променат некоја своја особина и да речам се менуваат на подобро..Но некои ги менува самиот начин на живот,се менуваат,тргнуваат по свој пат...друг пат...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и не се менуваат баш....можеби доколку имаат силна желба....но сепак останува дел од таа навика што сакаат да ја одвикнат... :)
     
  7. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Јас мислам дека се менуваат. Па ако се погледнеме себе си како што минувало времето сигурно не сме остаале истите и со истиот памет како кога на пр. сме биле средношкоци. Мислам дека на тие промени најмногу влијаат и животните ситуации низ кои што сме поминале. Па и на форумов овде имам прочитано многу пати дека некоја девојка претходно верувала во другарки или во дечко, па се разочарала и сега не верува веќе на никој. Нели е тоа промена? :^)
    Во животот сите сме направиле грешки после кои следниот пат викаме ова е за памет, да не се повтори и нели од грешките учиме. Ако не се направат некои, барем минимални, промени тогаш која е поенатата на изрекава. :?:

    А исто така мислам дека човек може да се промени и ако сака, по своја желба. Не мислам на промена во однос на целиот карактер, но сепак промена во однесување, изразување, навики, одговорности и тн. Сето тоа е дел од процесот на созревање. Нормално дека тука има и личности кои се исклучоци, ама нели од секое правило има и по некој исклучок? ;)
     
  8. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Се менуваат..некои на подобро,некои на полошо...а дали го менуваат веќе стекнатиот карактер? :?: па мислам дека доколку се сакам се се може.Со силна волја можеш да промениш некои работи...сума сумарум-сметак дека можат да се променат доколку вистински го сакаат тоа...
     
  9. parisheroinstars

    parisheroinstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    25
    Не се менуваат. Можат да ги сменат гледиштата и ставовите, ама тоа не значи и да го сменат карактерот. Се/Животот тече и се менува, но не и човекот. Каков е, таков и ќе си остане.
     
  10. sunshine93

    sunshine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    37
    За ова сум зборувала многу и со другарките. Повеќето мислат дека се менуваат но јас не мислам така. Мислам дека човек си е таков каков што е. Може да покаже некоја промена но само привремено или од корист. Кога нешто ке му биде потребно ке изглуми промена а после се враќа на старото. Тоа е мое мислење од тоа што го гледам околу мене посебно од 1 личност која и покрај многу лекции кои досега требало да ја научат да смени нешто во себе таа сепак продолжува со старата песна. И не само таа и многу други.
     
  11. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Мислам дека се менуват, ако тие сакаат, можеби е тешко, но се менуваат. И јас сакам да се променам ама некако тешко ми оди... Некои работи ги сменав и воопшто не се навраќам на нив. Но ми треба уште време да се променам на подобро секако. :D
     
  12. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    121
    Темпераментот е вроден кај секој човек ,значи го наследуваме .додека карактерот го оформуваме од најмали години и не носи генетски предиспозиции . Карактерот во текот на животот може да се смени околу 5 %.
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Да се менуваат, многуууу.....ипросто не можам да верувам што се ке дочекаме во нашите животи....ама од денес и јас се менувам и не ми треба никој во живот, а ако на некој му требам пак ке тропне на моја врата..бришам се и секого. можам јас и сама....
    Како и да напраиш како и да се смениш пак нема да му чиниш на некој....не се замарам нека праи кој што сака....нека се менуваат како сакаат...
     
  14. taa2010

    taa2010 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    6

    целосно си во право менувајсе ако сакаш заради тебе а не заради некој друг ....невредело да се менуваш за никој ...
     
  15. seniorita17

    seniorita17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Ќе почнам со една поговорка: Волкот си го менува крзното,ама умот не!
    Истото го мислам и за луѓето,колку и да се трудат колку и да се борат да сменат нешто кај нив не можат,длабоко во нив остануваат оние мани,карактеристики и нивни белези.Кажувам од лично искуство имав долга врска со личност која после секое карање се колнеше дека ќе се смени,се менуваше за една недела и за на крајот од месецот да си продолжи со истите стари навики
     
    На LadyN му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Јас мислам дека не.Според тоа во каква околина се наоѓаат се менуваат само нивните приоритети и потреби.Инаку созревањето е само развиток на првобитните карактерни црти кои сме ги имале и како деца.Инаку според потребате на околината и заради подобро вклопување во некоа друштво,можеме само да ги искривиме нашите дотогашни размислувања.Се друго е само маска и wannabe подобра или некаква друга личност.Јас пак мислам дека никој и ништо не е доволна причина за промена на карактерот.Јас цврсто си стојам на своите ставови,без разлика кој како размислува и дали се сложува со мене. :)
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    21.765
    Пол:
    Женски
    Според мене се зависи од човекот.Дали ќе се промени или не.Дали на подобро или на полошо.Зависи и од самиот живот.Од околностите.Од условите.Од безброј фактори.
    Е сега,за мене лично можам да кажам дека сум сменета посебно последнава година.Моето злато ме промени(на подобро) и секогаш ќе сум му благодарна за тоа.
     
  18. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    луѓето се менуваат, но не во секоја возраст! Најчесто тоа се случува до 20-21та година од живтот, потоа мислам дека е тешко некој да се смени! Јас еве сеуште се менувам и ќе се менувам додека е потребно!
    ама некој поле 25-30 години, никој нема да го смени, тука ќе гласи онаа поговорка “Волкот го менува крзното, но карактерот никогаш!“
     
  19. ludicka

    ludicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    27
    Според мене карактерт не се менува но мислењата за неој одредени работи со текот на растење се менуваат.Навиките остануваат,луѓето се прилагодуваат едни кон други со цел да не се нарушат односите со биските(за одредени работи)Го почитувам секое мислење но не го прифакам и не постапувам според него.
     
  20. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Да,се менуваат. Но на полошо.
    Сепак,не мора да значи. Јас по самата себе си знам. Јас се сменив,на подобро. Има уште некои работи кои би ги променила,но сега за сега е добро. Зависи и до луѓето со кои се дружиш,до околината во која се наоѓаш..Зависи од тоа дали лесно ќе потпаднеш под нивно влијание...Сепак,мислам дека луѓето можат да се сменат. Знам такви случаеви кога се менувале на подобро...
    И не е се толку лошо.... :?: