1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали луѓето се менуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 5 јуни 2010.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Па имаме и константи и променливи. Работата е во тоа што некогаш се случува да имаме погрешна слика и погрешно пресметана вредност на некоја од константите поради тенденции и склоности коишто се трудиме да ги поттиснеме.
     
    На do-re-mi, evangelina.ina и Daleron им се допаѓа ова.
  2. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    93.789
    Па под дејство на стресот како причинител на промената јас не мислам дека кај индивидуата би излегла некоја промена во карактерот на површина која би донела негативни консеквенци во однос на луѓето и околината во која се наоѓа таа личност. Најчесто промените од ваков карактер од примерите јас што ги знам се негативни по самата личност како повлекување во себе, асоцијалност, анксиозност па во екстремни случаи и посегнување по сопствениот живот.

    Инаку НЕ, луѓето не се менуваат радикално, во нијанси да. Ние мислиме дека се менуваат со текот на нивното осознавање, но во суштина со самото поминување на времето само ги откриваме сите нивни особини и начинот на кој што реагираат согласно на ситуацијата, а тое нешто за кое треба време да се открие или пак самите на себе не сакаме да си признаеме дека некоја личност од нашето опкружување поседува особина/и која не го прави добар човек, па кога истата/те ескалира во одредена ситуација до праг на нетолераниција велиме - ах, колку се променил/ла.
     
    Последна измена: 29 декември 2014
    На hermosa и De-lovely им се допаѓа ова.
  3. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Се менуваат бре, како не. :D
    Од добро на лошо, за обратно, немам искуство.
    И те како човек може да се промени. Под било чие влијание. Но, важно е да имаш цврст карактер и да не се промениш, на лошо. На добро е секогаш добро. :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.069
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Мислам дека човек може да се смени ако искрено го посакува тоа,но сепак мислам дека тоа не оди толку лесно.Си знам за мене,толку многу работи сакам да сменам во поглед на карактер,се трудам,но верувајте тешко е.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Во онаа логика или теза, каде секој на крајот се променува на подобро и живее среќно до крајот на животот не верувам. Многу мои блиски луѓе ме увериле дека можат да се променат на полошо не на подобро, за жал се повеќе гледам околу мене луѓе кои мислев дека ги знам, а всушност само "бројчано "како години сум ги знаела .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Фактот што порано постоеле вистински пријателства, слобода во комуникацијата, не постоела толкава завидливост, имало поголема слога и сочувство, сплотени семејства и силни фамилијарни и пријателски врски, покажува дека во суштина луѓето се промениле ~ за жал на полошо. Можеби тоа е резултат на условите во кои живееме, но денес е права реткост да запознаеш искрен човек. Таквите вредат цело богатство.
     
    На hermosa, alana95, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Мене ми е тотално безвезе онаа изрека дека луѓето носеле маски па дека одеднаш кога ќе се сменат всушност ја ваѓале маската. Не. Луѓето се менуваат под влијание на околината, на луѓето со кои се дружат, на она што им се случува во животот. И тоа е процес кој постојано носи некои промени кај личноста. Не е можно еден човек да остане истиот, да не се промени. И не, не е тоа маска што ја носи. Тоа е искуството низ животот. Бурите низ кои прошол. Солзите што ги исплакал, насмевките што ги развлекол, луѓето што ги сретнал, со кои се соочил. Тоа е она што го менува.
     
    На Tanjamm, kolovoz и eloves им се допаѓа ова.
  8. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Суштината на еден човек тешко дека се менува, за жал се докажа вистинито и она "интересите се менуваат не луѓето", држи место влијанието на околината и друштвото, но не значи дека човек треба да прифати одредени работи или ставови, тука се крши нешто и излегува на површина она "симнување на маски" што реално е, друга лик на истиот човек кој баш и не ни се допаѓа. Во последно време обрнав внимание на форумов и забележав многу горки искуства и разочарувања од луѓето, јас мислев дека се оперирав од разочарувања но, времето покажа не било така, не верував дека несвесно толку сум верувала некому ама како велат дешава се, ќе помине и помина. Ете како луѓето стануваат или барем се претставуваат како нешто поинакво од она што всушност се, кој се изгорел и на јогурт дува и не си дозволува луксуз доверба во секого, можеби некогаш и неоправдано но, потребата да се заштити себе си е посилна.
     
    На Ицолгудбејбе и Priroden им се допаѓа ова.
  9. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.219
    Пол:
    Женски
    Луѓето во основа не се менуваат. Некој не може да ја смени постапката на останатите, но со сигурност може да ја смени својата постапка. Желбите и самите себе, остануваат за друг пат.
     
  10. Не знам

    Не знам Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Некои само си го покажуваат вистинското лице други се менуваат...
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Женски
    Јас мислев луѓето се менуваат, но со тек на годни сфатив дека можеби јас се менувам во однос на нив, на нивните постапки, на нивните реакции

    пр. Јас сум воспитана секогаш и секому да речам добар ден, здраво....без разлика дали е на улица, дали ми помогнал или не.... но кога сфатив дека има луѓе кои додека им помогнам ме поздравуваат, а после се прават дека не ме познаваат...па не сум јас будала да ги поздравувам.

    Значи јас се менувам а тие си биле такви какви што се
     
    На Tanjamm, Ицолгудбејбе, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Mozhesh da promenish mislenje, osobina ili navika (lesno se sluchuva vo idnina i da im se navratish na starite). No, ona shto si vo sushtina, toa ne se menuva.
     
    На Ицолгудбејбе и Fitteen им се допаѓа ова.
  13. Fitteen

    Fitteen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Мислам дека членката над мене убаво кажа. Јас на пример многу се сменив во поглед на некои особини, навики и размислувања што направи да изгледам како сосема друг човек, како од корен да сум се променила. Но сепак, суштината осанува иста. Останав онаа емотивна девојка која многу често знае да пушти солзи, што се смее на секаква шега, длабоко во себе срамежлива иако се променив во личност која изгледа многу слободна, чувствителна и носталгична. :)
     
    На Guns N` Roses и mula им се допаѓа ова.
  14. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Се менувале од секогаш, и ќе се менуваат. За жал во денешно време се менуваат кон полошо, пошто тоа општеството го бара од нив. На пример некој бил мирен, фин, со сите добар, срамежлив ама видел дека некој друг човек што нема ни грам срам или осет, станал директор, па фино лепо си решава и тој да се смени кон полошо, да не гледа толку за другите, да не биде фин со сите, да не биде добар, мислејќи дека така би успеал да дојде до повисока функција...едноствно се менува од корен, станува полош човек.
    А ретко има случај кај што некој би се сменил на подобро...за пример може да се земе ако некој се заљуби, па кога ќе речат љубовта го променила. Бил див, лошо момче, коцкар, пијаница ама се заљубил во некоја фина, премногу добра девојка, па за да не ја изгуби може да се промени кон подобро во име на љубовта.
    Ма да овие вторите се многу портеки во денешно време, додека првите ги сретнувам на секој чекор.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Човекот најмногу се менува кога ќе го скршат..
    Тогаш се учи како се смее додека душата му вришти,плаче,кине на парчиња. Се учи да глуми "среќа". Тогаш разбира кој е навистина "секогаш тука" за него.
     
    На Tanjamm, sunshinebabe, Cutiepie1 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    8.750
    Пол:
    Женски
    Не. Исто, ретки се оние што се менуваат. За да се менува човек треба да е свесен дека треба да се менува (на подобро, секако).
     
    На nevermet18, Guns N` Roses и sunshinebabe им се допаѓа ова.
  17. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Карактерот многу тешко се менува, барем од мое искуство. Зборувам и за себе и за другите во моја околина.
    Може да се сменат некои навики, или надворешнната ,,обвивка'' што ја покажуваме пред другите. Кога човек останува сам, тогаш ја покажува својата суштина.
     
    На Vitaly, Guns N` Roses и sunshinebabe им се допаѓа ова.
  18. Hugh

    Hugh Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2019
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Машки
    Се менуваат само ако сакаат или ако е неопходно!
     
    На Guns N` Roses и sunshinebabe им се допаѓа ова.
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    Panta Rei- се тече, се се менува така и луѓето, само промената е вечна.
     
    На nevermet18, Yellow456 и hermosa им се допаѓа ова.
  20. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Се променуваат. И иако повеќето се променуваат на полошо, сведок сум дека постои промена и на многу подобро, и тоа кај повозрасни луѓе. Затоа, кога некој ќе рече "не е теле Трајко за да се смени, вол е", не можам да поверувам во ова бидејќи сѐ е тоа поради лична волја. Важно е самиот човек да увиде дека му е потребна промена и да цели кон тоа, оти ништо не се случува туку така, без ти да мрднеш со прст. :)