Се менуваат луѓето. Тие што ги познавам(да не дојде пак до недоразбирање) се имаат сменето на лошо. Ми се чини дека со текот на времето, со тагата, човекот станува лош. Има и исклучоци, нормално. Ама да се разбереме, зборам само за мое искуство со луѓето, Дури мене ми кажаа дека не вреди да сум добра. А, кога ќе испаднам лоша, тогаш се љутат. Ако си добар со нив, те прават глупав. Иди па сфати ги.
Мислам дека не се менуваат, може да е нешто моментално, но сите пак се враќаат на старите навики од кога ќе се опуштат
Се менуваат луѓето. Во зависност од опкружувањето, работата, домашната атмосфера, луѓето се менуваат и на подобро и на полошо иако нашите главни особини си ги носиме како што ја носиме со нас сопствената сенка.
Се менуваат кога некој голем стимулус ќе им влијае за кој вреди да се сменат. Кога ќе мора да изберат помеѓу старото и ново “јас”. Јас на пример познавам повеќе луѓе што се промениле е сега зависи за кое поле зборуваме. Имав другарка што кога сфати дека животот не може да и помине во безделничење на 22 години запиша факултет и сериозно го студира. А до тогаш не и паѓаше на памет тоа. Имав другар кој за да не ја изгуби девојката прекина со дрогата (мислам беше марихуана). Има и други ама важна е поентата. Позз
Се сменив многу последниве 10 години, и сакам уште многу работи да сменам. Промените ги правам за свое добро, да се заштитам во средина со „хиени“. Инаку, не сум лош човек, без разлика како делувам на форумот. Немам нанесено зло во животот на луѓето околу мене, а тие мене ми наштетувале, и затоа веќе во личниот простор пуштам многу малку луѓе. Не дека не можам, не сакам.
Со секое ново искуство го корегираме нашето однесување и така растеме и еволуираме. Секако, не е кај сите исто. Сепак некои вредности што ни се всадени уште од поодамна тешко се менуваат. Многу сум сменета во последните години, ама има некои принципи од кои не отстапувам.
За разлика од порано се сменив. Ми остана само една лоша особина. Ги жалам луѓето што не ме жалат и ме користат. Секогаш пробувам да им вратам тоа што го заслужиле ама просто не ми оди,тргнувам и се предомислувам. Ќе побараат помош што не ја заслужиле пак им помагам. Тоа е што да се прави појако е од мене.
Ова е лошото. Јас така долго време се раздавав себеси. Си ја трошев енергијата за да помогнам на секој, и да не одбијам никој. На крај со лошо враќаат оние што без осет барале помош нон стоп. За мал круг на луѓе вреди да се биде добар, не за сите. Штом некој ја злоупотребува довербата и добрината, заслужува ладен однос и ништо повеќе.
Како па да не, истите се. Во ова време посебно, бетер само може да станат. Карактерот е тој што е највреден, а која личност го има, поседува многу.
Ладен е односот ама кога ќе побара услуга пак помагам. Без срам чука на мојата врата. Знае дека простиот внук ќе му помогне иако не заслужил. Има и други ама не се како Dominik прости. Маната што мислам дека никогаш нема да се промени во мене кога се работи за блиски што не заслужиле.
Се менуваат. Јас се сменив. Доживеав големо разочарување многу одамна и се сменив. Станав поладна, незаинтересирана и не верувам веќе лесно. Затоа сметам дека секој се менува под одредени околности. Само некој на подобро, некој на полошо.
Се надевам и јас ке станам како тебе ладна, незаинтересирана. Бидејќи само така се останува нормален.
Кога си ладна и незаинтересирана, ти се откачуваат од глава сите кои сакале да ти расипат ден, план, да ти бараат некоја услуга, да ти се потсмеваат, да им бидеш жртва па со замена на тези да те претстават дека тие се твоите жртви. Со добри и коректни луѓе треба добро, но повеќето не го заслужуваат тоа. Многу се пресметани. Мене ми се здодади да слушам неработници и вечно невработени да ми кажуваат како да најдам добра работа, жени со два пропаднати бракови да ми кажуваат како да имам добар однос со партнер. Едноставно е од секакви луѓе не земајте памет и пример. Навистина се ретки тие што вреди човек да ги цени и почитува, и да им завиди, ама тие не делат памет, туку си уживаат во среќата.
Јас лично сум сменет. Читањето на квалитетни книги ми влијаеше врз размислувањето. А и години си го направија своето. Не сум избувлив како порано. Тешко на тој што не се сменил цел живот и останал ист ...