Може да се сменат , но не во целост. Мое мислење и гледиште е ова. Познавам особи кои страшни трагедии им се десиле и пак се исти ѓубриња, иако мислев дека со оглед на се што им се десило барем малце ќе бидат променети.( на душман не ги посакувам тие нивни трагедии). Еве јас се променив, во однос на тоа да не угодувам на луѓето туку да си го терам моето и да си гледам само мм и фамилијата( родители и сестра ми), и на луѓето не им се допаѓаш така што е најинтересно. Навикнати се да трчаш, удодуваш, бориш за нив, па малце не им е сеедно, па со глупи коментари индиректно ти префрлаат.
И јас се сменив во таа насока. Тука сум за најблиските и оние кои се добри со мене. Со многу луѓе сум на едно „здраво“ од култура, и како што велиш префрлаат „ауу па ти многу се повлече“. Поучена од лоши искуства не сакам комуникација и блискост со секого. Сега ми е мирна главата.
Баш така. Сум се дружела со две другарки од маало, оти нели од исто маало сме, па како да мора да се дружиме, така ми беше наметнато. Девојчињата само пушеа цигари, пиеја кафиња по цел ден, навечер алкохол, се муваа со кој ќе стигнат, едната дури и со наркомани, па еднаш дури лупна муабет сум и била љубоморна. Ааауу, глава ме заболе да се објаснувам со такви. Тие самите изгледаа многу лошо, буквално како Ромки ( има и убаво Ромки, овие не се инаку) ама сите ги исмеваа кој какви заби имал, кој каква коса. Продаваа лажен морал, и едната се омажи со својот трети братучед, а другата со бившиот дечко на својата братучетка. Кои пропалитети. Ако се дружам денес, ќе се дружам со подобри од мене, барем нешто ќе научам, а не со вакви. Колку време потрошив на вакви празни луѓе, еден странски јазик денес ќе знаев плус.
Делумно може некој да се смени, но сепак некои работи, т.е. особини и дел од карактерот никогаш не можат да се променат. Со текот на животот луѓето созреваат, учат од грешките, ги менуваат понекогаш ставовите и размислувњата и со самото тоа се менуваат и тие. Може да биде на подобро, но може и на полошо. Зависи многу и од околината, со какви луѓе се опкружени, што им се случува во животот .....
Се менуваат гледам сама посебе.Од добра,мила,наивна и предобро душна што би кажала баба ми "со крстот на чело" веќе сум ладна,знаам се што имам да ти кажам влице гледам ако не оди нешто ок чао пријатно не се акам од земја веќе..Животот те прави да си полош кога гледаш како саакат да манипулитаат со тебе..Ќе си ги отвориш.очите и ти.
Не сите Не е за џабе речено дека волкот влакното го менува, а карактерот не. Јас лично се менувам од година у година, ама тоа е и пошто растам и созревам. Луѓето до одреден степен/години у животот можат да се сменат. После коа ќе се оформат скроз како личност, сѐ потешко. на 50-60 години иди смени некој. Шанса нема.
Mislam deka ne, samo sekoj e sposoben da gi kontrolira maksimalno nekoi losi osobini sto gi poseduva, primer jas za sebe smatram deka sum roden za alkoholicar da bidam, ali maksimalno go kontroliram toa momentalno
Мислам дека основата на личноста не може да се смени. Човек може со текот на времето да го смени однесувањето во однос на себе/ другите околу, но суштината на личноста останува иста. Е сега ако некој сака да се смени на подобро бидејќи имал некои лоши навики/ карактеристики прво мора да стане сам свесен за тоа. Само со работа на себе, самокритичност и самоконтрола може да се направи некаква промена. А луѓето денес имаат проблем да се видат себе какви што се, па би рекла дека да промени нешто човек кај себе е возможно, но исклучително ретко.