1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали луѓето се менуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 5 јуни 2010.

  1. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    70
    Доколку човек сака да се смени ќе се смени доколку не сака верувајте нема да се смени зошто неможеш да разбудиш човек кој се преправам дека спие!!! :)
     
  2. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
    -Се променуваат на лошо, поради огорченост и омраза, стануваат ладни, поради нешто што им се има случено во животот и се полни со бес, па се променети во таа смисла.

    -Се променуваат на добро, поради грешки кои ги имат нарпевено, и се променети бидејќи ги воочиле грешките во нивниот карактер.

    -Се променуваат бидејќи не им се допаѓа некоја особина што ја поседуваат, може да биде слабост која е искористувана од туѓа страна, па сакат тоа да го променат, или пак некоја лоша карактеристика во добра.

    јас се променив за второто и третото тука наведено :lol:
     
    На nenuska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Се менуваат.
    Многупати сум слушнала како викаат дека волкот не го менува крзното, ама апсолутно не се согласувам со тоа. Човекот се менува кога нешто ќе им се случи , лошо или добро, ама директно ќе влијае врз неговата личност и чувствува дека е време за промена. Тоа може да се случи во било која доба од животот, а за тоа имам безброј примери.
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Луѓето може да ги сменат своите карактеристики се додека се во фраза кога може некој да влијае на нив,односно во адолесценцијата.
    Инаку,не се сменуваат туку само научат како да живеат со тие карактеристики.
    Како што прочитав во еден пост,тие се препознатливи по тие особини и да не би биле тие особини,тој човек би го изгубил својот индетитет,својот карактер,личноста! :)
     
    На red му/ѝ се допаѓа ова.
  5. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    генерално, искуствата се тие кои човекот го менуваат ! разните ситуации, проблеми со кои се среќава го менуваат. на пр. јас ко малечка си бев повлечено и мирно детенце ама не и сега :lol:

    порано мислев дека треба да имаш само 1 партнер во живото што безрезервно ке го сакаш, почитуваш и ке бидете среќни до крајот на животот но сега воопшто не мислам така ! сепак вистина е она ...треба прво да бакнеш неколку жаби пред да го добиеш принцот ! :$
     
    На nenuska и anab им се допаѓа ова.
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Се менуваат.. но најчесто на полошо. Но луѓето највеќе се менуваат и можат да се менуваат кога уште се деца и тинејџери, кога се под разни влијанија на околината а и периодот си го прави своето. А потоа кога личноста ќе се изгради себе си, својот став и мислење поретко се менува и не толку бурно како порано но сепак има разни ситуации и моменти во животот што засекогаш ќе го променат човекот. Може човекот да е мирен и повлечен, не зборува со никого, не е насилен.. и наеднаш му се случува некоја стресна и страшна ситуација и тоа може да го промени од корен. А и во нашава денешница има повеќе фактори што го менуваат човекот. Парите, моќта, власта, желбата да бидеш познат и виден од сите и секаде. Но како што напомнав на почетокот, корените водат од тинејџерскиот период кога уште човекот се оформува. Тој после тој период на пример има изградено некој став, и ако тој став му е доволно силен и ако навистина верува во тоа што го научил и во тоа што е и покрај некои ситуации и фактори може нема да се смени.. Но во прашање е карактерот на човекот, дали е доволно издржлив и силен за да го направи тоа? Ретко кој во денешно време одолеал на парите и моќта, но нормално дека има луѓе кои останале исти и не се смениле без разлика на ништо..
     
    На red му/ѝ се допаѓа ова.
  7. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека се менуваат, ама секогаш ќе има еден дел во тебе шо ќе сака пак да се врати на старите навики пр.јас се сменав можам да речам на подобро, ама сега осеќам дека не е то то, дека порано сум била bad girl, ама повеќе сум уживала во животот отколку сега :worried:
     
  8. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Според моево искуство со луѓево што ме опкружуваат, ќе кажам дека постојат луѓе кои се измениле ама тоа имало одреден рок на траење. Постојат и други луѓе кои ги менуваат само маските на лицето, ама си останале трули во душата. Ама морам да напоменам дека има луѓе кои се измениле комплетно откако нешто длабоко ги погодило... Значи, нивната промена зависи од тоа како го сфаќаат животот, промените во истиот и се' што тој содржи.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Мислам дека не се менуваат,иако постојат ретки случаи :?:
     
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не, привидно изгледаат како да се менуваат поради некој сплет на околности, проблеми што им се случиле во животот.
    Меѓутоа според мене, ако маката те натера да бидеш подобар човек, тогаш ти никогаш нема да бидеш добар.
    Карактер никогаш неможеш да смениш, можеш само начинот на кој ќе го прикажиш.
     
  11. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Карактерот не трпи баш некои промени - Исто како што и волкот во јагнешка кожа сепак на крај си останува волк...
     
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Не, само интересите се менуваат, ѓубрињата ќе си останат ѓубриња.
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Луѓето ретко се менуваат, но не е невозможно да се сменат. На полошо е полесно - едно големо разочарување може да промени целосно некого. Да го направи огорчен, повлечен, нервозен, избувлив... имам еден таков случај во моја непосредна близина.
    Промената на подобро е потежок процес, но ретко кој се труди, затоа што најчесто си велиме "јас сум таков - ако ти одговара добро, ако не, не мораш да ме трпиш". Обично наоѓаме изговори и причини (сум бил добар па не ми вредело и сл), но ако се освестиме и навистина сакаме да промениме некоја своја карактеристика - можеме. Само треба да сме доволно самосвесни за да откриеме дека нешто кај нас не чини, и да работиме на случајот.
     
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Ова е доста релативно прашање, но сепак менувањето зависи од желбата на тој човек за да се смени, причината поради која тој би се сменил, и околината во која живее.
    Значи постојат доста фактори од кои зависи промената на човекот. Дали би се сменил поради лошите постапки во општеството, поради љубовта, поради нова средина...

    Секогаш живееме и се водиме со таа теза дека ние не се променуваме за луѓето околу нас и за нашето општество. Можеби! Но живееме во таква средина во која нашето однесување е доста важно за социјалниот живот.
    Ако нешто не штима во тебе, во твоето однесување.. нормално дека ќе го ставиш прстот на глава и ќе размислиш во што е проблемот, а оттука следува дека мора да се промениш за да бидеш прифатен. Потребни ти се пријатели, другари... Едноставно потребно ти е тоа место во социјалниот живот за да функционираш полесно....

    Плус - искуството, зрелоста, годините... си го прават своето.

    Во глобала, мислам дека човек може да се смени (иако за тоа треба и доста време), затоа што тоа не се прави преку ноќ. Иако доста тешкотии би имало со психата, оти сепак таа е најтешкото оружје на нашето функционирање, и тешко е да се совлада.
    Но, со доста напор, и со голема желба, се успева. :)
     
    На marama и teddybear им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.571
    Пол:
    Женски
    Мислев дека не се менуваат, но не било така. Текот на животот ги менува луѓето. Можеби не се менуваат целосно , но се прилагодуваат на околината.
    Јас сум си најголем пример дека се менуваат. Порано бев импулсивна, дрска, огорчена, не ги почитував многу луѓето зошто ми беше страв дека еден ден ќе ги изгубам, вака подобро сама да ги избркам. Учев во училиште каде материјалното беше многу важно, па се оптеретував со тоа. Но, еден ден ме седна еден другар и ми рече дека така не правам ништо, полошо е за мене. Почнував да бројам до 5 па да реагирам, материјалното ми стана неважно. Потоа го запознав дечко ми , кој влијаеше многу позитивно на мене. Сега сум попозитивна, смирена, прво размислувам трезвено, па реагирам.
    Така да никој не може да тврди дека луѓето не се менуваат. Мене постојано ми зборуваат дека сум се сменила, но позитивно.
     
    На beticka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.847
    Пол:
    Женски
    Карактерот не се менува ама само оние ептен итри знаат да го сокријат и да се колнат дека се промениле
     
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Јас лично мислам дека луѓето не се менуваат но постојат исклучоци не велам не.Понекогаш некој само за да те придобие било машко или женскоке ти праи филмчиња и секако ако е толку убедливо кажано ке му поверува човек но после одредено време гледаш дека си продолжува по старо и дека многу е тешко некој навистина да се промени тоа менување зависи од многу фактори.
     
  18. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Се менуваат во поглед на темпераментот :)
    Ова ми е од лично искуство....порано бев многу жива, темпераментна личност, не можев да застанам на едно место, постојано излегував ...
    Сега се се смени, го поминав делот со излегувањето, многу сум позрела, помирна (помрзлива) хаха
    Ретко кој може да го смени карактерот, знаете како викаат .......Волкот ја менува кожата, карактерот не!
     
  19. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Јас пак имам различно мислење со вас, мене искуствата во животов ме смениа, луѓе кои ми се многу блиски ме приметиле дека сум сменета и ми сугерираат.
    Искуствата и ситуациите ми овозможиа да си се пронајдам во светов, да сватам колку вредам. Сменета сум и те како, доста беше фина мила и мирна. Не дека сега убивам по улица, си ја ценам својата личност и тоа ме промени многу. Не дека јас немам ништо од старата јас, но во глобала сум нов човек со по некое не приметливо старо коренче.
    Исто имам другарка што од како раскина со дечко и и се промени животот, си го промени начинот на живот, си ги смени навиките, во целост е сменета, навистина.
     
  20. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Се менуваат луѓето,но најчесто на полошо.Човек го расипува најмногу парата и статусот.Се разбира важи за луѓе кои се полабилни.
    Кон подобро човек би се променил најмногу после некоја несреќа во животот,кога сфаќа колку бил среќен пред да го снајде таа несреќа