1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали луѓето се менуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 5 јуни 2010.

  1. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    О, да, и тоа како се менуваат... Дел кон подобро, дел кон полошо, сум сведочел и пред двата типа на промени, и воопшто не ги поддржувам оние генерализирањa и поговорки за тоа дека човекот секогаш останува ист.
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Јас мислам дека секоја промена е резултат на самата личност,не е под влијание на др. освен ако личноста е толку склона кон сугестии,без способност за формирање сопствени ставови и со толку мала самопочит да чека само на туѓо мислење,што па ми е мхмм.. ептен незрело,да не употребам некој полош израз.
    Промените се дел од нашиот развој,некогаш и од нашите „падови„ но битно е да сме свесни за истите и како нашите промени влијаат врз драгите луѓе кои не опкрузуваат.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Не ! ;)
    Волкот го менува само крзното, но тој сепак е истиот волк.

    Штета што не секогаш ова го паметиме. И што веруваме дека можат да се променат. :)
     
  4. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Почесто поради другите и тоа само некои карактерни црти...
    Ретко поради себеси...
    Или јас така мислам.
     
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Јас мислам не,можеби грешам.ова од искуство го мислам поради луѓето што биле или што се сеуште околу мене.уствари да, се менуваат ама само во една насока-од добри-лоши,себични,покварени :( или барем сум мислела дека се добри.а некој од лош да се смени на арен сеуште немам сретнато, а и да имам,не знам дали било искрено :^)
     
  6. kostic

    kostic Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    15
    Па да,се менуваат луѓето и физички и психички со тек на години и промена на средини како и случки кои ги натерале да мораат да се променат било на подобро или на полошо :)
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека луѓето се менуваат во зависност од нивните интереси, каков интерес имаат така се однесуваат. Ако човек има добра и питома душа таков и ќе остане, ако е зол и користољбив никогаш нема да се смени, освен ако не му се смени интересот па така да му одговара.
    Според мене луѓето не се менуваат. :!:
     
  8. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    според мене, мислам дека може човек да с епромени доколку има желба за тоа...и мислам како што имам приметно луѓето мн се мењават кога се во врска...на крај креаева као се сака се се може
     
  9. done

    done Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    73
    мислам дека може, ако некој е силно решен да се промени .... ќе се промени, само се зависи до желбата, некој ќе се промени на подобро, некој на полошо ......
     
  10. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Карактерот се оформува до седмата година и потоа си останува ист....
    Никогаш неможе да се промени човек, само може да промени некои свои особини..
    А и може само да се преправа пред личноста која го навела да се промен, дека е сменет...
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Се менуваат, но само ако се доволно свесни и самокритични па знаат што треба да сменат.
    Има луѓе кои се доволно свесни за своите погрешни постапки но поради свои интереси не им е ни на крај памет било каква промена. Па без да се грижат дали некого повредуваат и како околината реагира на тоа тие си тераат така како што е најдобро за самите нив.
     
  12. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Нормално е да се менуваат.Со текот на времето, различните искуства што ги имаат низ животот ,позитивни или негативни,доведува до созревање т.е менување.Сега ако збориме за некои негативни карактерни особини или навики,тогаш ако личноста е самата свесна за своите негативности,може да поработи на себе и да се смени,а друг нема шанси да ја промени ако самата не е свесна за своите негативности.
     
    На lorijana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    најтешката работа на светот е мислам ова ,да се смениш себе си ,а воедно и да си простиш :?:
     
  14. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    се менуваат, некои на подобро некои на полошо :worried:
     
  15. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Од моето искуство, се менуваат - ама на ПОЛОШО!!! За жал, примерите кои што сум ги гледала не ми оставиле место да размислувам поинаку :(
     
  16. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Јас мислам Не! Не се менуваат. Можат да се направат да изгледаат дека се сменети, но никогаш не се! Лесно можат да те излажат, да те натераат да поверуваш во нивната промена, но тоа не постои, лажно е!
    Физичкиот изглед секој може да го промени! Но карактерот не може!
     
  17. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Би било страшно ако не се менуваат! Многу е нормално да се променат некои работи (особини, навики.. сеедно) откако ќе се сфати дека не се конструктивни, барем така би требало да размислува една нормална личност, е сега има и такви кои не ги согледуваат нештата баш најлесно и продолжуваат со глава во ѕид. Сепак, како што веќе спомна некој погоре, искуството е она што драстично го менува човекот, според мене. Друго прашање е дали промената ќе биде позитивна или негативна, што е ундивидуално. :)
     
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Мојот одговор е не.
    Не се менуваат.

    Она што можеби придонесува да ја гледаш една особа поинаку, она што се менува е нивниот лик во нашите очи. Не физичкиот лик, туку нивниот целосен одраз, заедно со личноста.

    Можеби сме сфатиле со кого сме имале работа. Можеби цел свој живот биле такви, а ние едноставно не сме го забележувале тоа. Всушност, се сменил нашиот однос кон нив, а не се сменил ни нашиот, ни нивниот карактер.
     
  19. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    да и тоа како е можно да се смени некој. Не викам дека нагло може да се случи тоа но со тек на време самиот живот не менува, разни ситуации околности ...
     
  20. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    и јас исто мислам дека луѓето тешко можат да се променат,можеби понекогаш доаѓаат моменти кога ќе си ја подвиткаат опашката и делуваат како подобри личности но дефинитивно повторно си ги покажуваат канџите