Уште еднаш дефинитивно НЕ се менуваат. Ни години ни искуство ниту ништо не го менува темелно човекот. Се е површно како глумење и малтретирање дека сакам да сум нешто друго што не сум. Бев уверена дека една од подобрите другарки која беше порано многу злобна, себична, секогаш ги извенерувала своите дечковци мислев дека после 3 год.посериозна врска и некои работи кои и се случуваа во животот ја смениле. Се си беше во ред ја утепавме од фалење колку е сменета. Таа ми беше ставена во исклучоците кои се менуваат. Се до пред неколку дена кога дознав многу работи за неа што и се случувале во изминатиов период, сфатив она вооошто не се сменила само се трудела да ги премолчи и скрие од нас. Без разлика колку го сакаше дечко и и беше многу подруг од останатите она го изневерила со најголемиот сељак, ни правела за грб толку многу работи што се чувствувам како во лош филм. И кога конечно застанавме да правиме муабет и почна да ни кажува само мал дел од некои работи а за другите не прави будали у здрав памет сфатив дека она е истата личнот од порано. Ниту пораснала, ниту било што допрело до неа. Останува истат себична, злобна личност. Се е само маска и неуспешна проба да се биде нешто што не си.
се менуваат и тоа како.. прво јас ќе се земам за пример.. она девојче кое на сите им одеше по газот, ја газеа, се срамеше, која ја повредуваше секој збор... се смена... сега сум изградена во личност која знае да каже НЕ, која не се срами, која гордо чекори и со самодоверба и да.. ВЕЌЕ НИКОЈ НЕ ЈА ГАЗИ, сега јас сум таа која гази која исмева(САМО на личности кои ме повредиле) ги враќам долговите... е така.. и искрено многу ми е поубаво вака... имам многу поубав живот и поубаво друштво
сигурна сум дека луѓето се менуваат и ова го кажувам од лично искуство...се менав од Корен... никаде ја немаа онаа старата....
човек што бил лош никогаш неможе да биде добар!!!! не дека сме се смениле на некој начин со текот на годините сме сватиле кои нешта треба да ги вреднуваме!!!
Секако дека се менуваат,но лошо е што се менуваат за лична корист,а не за општо добро на сите. Не знам како да кажам,се се става на вага-колку услуги ти си му направил,а колку он на тебе,колку пати сте им се јавиле вие на телефон,а колку тие и други банални мерни единици.Незнам ,луѓето не беа порано такви,финансиите не се пречка за убав збор,морална подршка и барем еднаш во месецот да се напиеш со тие со кои си израснал макар и по едно црно кафе.
Oд добро кон полошо ..Да дефинитивно Од лошо кон добро - НИКАКО! или јас имам погрешни личности околу мене или стварно не се менуваат. Премногу ме револтира прашањево. Можам до утре примери да давам
Колку пати и да си ја смени кожата, змијата останува змија. Ова важи во двата случаи; ако некој е добар, колку и да се труди да е тврдокожец и суров, пак ќе остане таа жичка на добрина. И обратно, оној кој е лош, без разлика колку добри дела направил потоа, пак ќе остане дел од лошотилакот во него. Не верувам во толстоевски приказни дека големите промени во животот можат да го променат и самиот човек. Особено денес, се менуваме само ако нешто ни треба, а промената е ништо повеќе од маска за полесно да се стигне до целта. Не би го мешала созревањето со менувањето, за да се смени некој треба веќе да има оформен карактер, па тој да се смени на подобро/полошо.
Зависи за каков тип на човек се работи и дали причината за да се смени таа одредена личност е доволно голема...
Значи вака.... се` зависи од самата личност. Постојат луѓе кои се менувааат поради тоа што мораат, други поради тоа што сакаат, трети несвесно..... Има многу одговори тука. Ќе речам, човекот се менува. И како и секое живо битие тоа го прави поради инстинктот за преживување. Посотјат дури и случаеви кои сакајќи да се смениме нешто во нашиот карактер, пронаоѓаме сосема нови тајни кои се скриени внатре и несвесно се менуваме во трет правец. Луѓето се менуваат и таа промена е еднакво пропорционална на стравот, траумата или стресот што го доживеале. Да, постојат маски, но постои и вистинска промена. Искуството, животните ситуации, со текот на времето можат да не однесат на пат за кој не сме ни сонувале. И можат да го променат човек за 360 степени. Зошто е тоа така? Секогаш има различни причини. НО, како минуваат времињата се менуваат размислувањата, ставовите, искуствата, погледите кон животот добиваат различна смисла, и сето тоа зависи од менталниот развој, односно на кој пат тој се развил, за што пак пресудно влијание има околината. Различните животни ситуации можат некогаш и несвесно да влијаат на човека, со што таа промена може да е на почетокот минимална, но со текот на времето да прерасне во драстична. Убаво е кога човек ќе се промени на подобро, и можно е, само ако се има силна волја и трпение, но лошо е кога некој ќе се промени негативно. Карактерот не е предодреден во гените туку тој се учи, менува со тек на време, додека пак гените си се гени предодредено нешто (големина, боја на очи, пол итн) Не може да размислуваш исто на 15 и на 40 год де...И промерите од секојдевниот живот ни укажуват дали нешто шо правеме е правилно или не е ....ако си свесен дека грешеш и сакаш да се промениш ке се промениш, а ако само се жалиш и ништо не преземаш не се променуваш....само зборувањето ке ти остане.
Да.Луѓето се менуваат. Парите пред се,смениле многу луѓе,нивните карактери и односот спрема другите,за жал најчесто блиски. Многу е смешно кога познаваш некого многу добро,уште од мали нозе,на пример блиска другарка,роднина,братучетка...која одеднаш доаѓа до повеќе пари,има можност да патува,да живее раскошно,да си дозволува се што сака,и наеднаш истата таа личност почнува да глуми пред тебе како цел живот да е хранета со златна лажичка. Исто така луѓето можат да се сменат поради некоја особа. Мислам дека луѓето се менуваат во текот на целиот свој живот. Скоро секое ново искуство го променува човекот.
Не во целост.. туку на некој начин се "модифицираат" поттикнати од одредени случувања, текови на животот.. сепак базата останува секогаш иста..
Да, луѓето се менуваат...според мене тоа е нормално и неизбежно. Годините, созревањето, искуствата и околината си го прават своето. Личноста може да ги задржи основните карактерни особини, но во помала или поголема мера се менува со тек на време. Ова сум го забележала кај многу луѓе, а најмногу можам да кажам од сопствено искуство, колку јас сум се променила гледајќи години наназад
Да, чисто сум сигурна дека е така. Ете и ако тргнам од себе. Во последните година дена, сум како нова личност. Зависи од личноста. Ако таа личност доволно е храбра верува во себе ии има воња да се смени ќе успее во тоа. Но, има и случаеви каде луѓето едноставно се мењаат природно, созреваат така кажано. Али за жал има луѓе шо никоаш не созреваат, е тие си остануваат таму доле заглавени во темната дупка и патат до крајот на животот прашувајки се што им се случило ама касно веќе.
Секој човек е подложен на промени . Со секое ново искуство стануваме посвесни за околностите и одговорностите ,од ден на ден созреваме ,ги разгледуваме работите од поинаков агол ,а самото тоа не менува . Дури и оние најтврдокорните карактери се подложни на промени,кој од љубов ,кој од омраза ,кој од загуба... Секој човек кој го среќаваме допринесува на нашата ,но и за својата промена ,неговото однесување (конструктивно или деструктивно ) влијае врз нашата психа од аспект на личност - какви сакаме ,а какви не сакаме да бидеме . Спонтано или намерно ,тоа е составен дел од нашите животи и секогаш треба да тежнееме кон тоа промените да се одвиваат на подобро - по можност и за нас и за општеството .
kako sto se menuvat po izledot taka i po karakter i tn [mod-kirilica:24ac9ink][/mod-kirilica:24ac9ink]