Сигурно дека има такви што се менуваат,но само ако ств го посакуваат тоа,и се потрудат. Мојава околина и окружување е исполнето со исти лика и карактери,буквално никој не е променет,ни на подобро,а за срека ни на лошо.Со сигурност тврдев дека мојот бивши е тој карактер што знам дека нема да се промени.И после врската,останувавме во некој мачен контакт од 3 години наредни(само општи муабети,никако ништо повеке ) и кај не се менуваше,иако ветуваше,мислам одеше кон полошо.Такада од искуствово,никој кај мене не се променил на подобро,но незначи дека така ке остане(се надевам)
Па секако дека се менуваме на некаков начин .. како шо стареме така и растеме секој ден се стекнуваме со нови искуства знаења луге едно друго и тоа е некакво менњање и под сите тие влијанија едноставно човекот се менува..некогаш можеби е приморан доколку средината не го прифака а некогаш и самиот свака дека е подобро да се смеи за да го прифати општеството .. така да како што кажав на почетокот сите се мењаме на било каков начин !
Некои луѓе за жал си остануваат исти, своите лоши навики никако не можат да ги сменат,а додека пак други мислам дека се менуваат лично за самите себе,или пак можат да се сменат заради некоја личност која им е драга и нивното однесување им пречи,сепак доколку е некој упорен и сваќа дека неговиот карактер е лош доколку се потруди секој би можел да се смени, на подобро се разбира
Луѓето се менаваат и под влинјание над другите и под влијани е насамите себеси ,со цел да отстранат нешто од нив кое го сметаат зе мана Но според мене колку луѓето да се менуваат некои работи остануваат исти кај нив.Едноставно тоа им е во генитите и така се научени од мали нозе .
дај Боже да се менуваат, мојот постојано ме поправа во се, ова треба вака не така, оти вака,веке ми се здосади таа негова особина , да наога влакно во јајцето, буквално за ситници, работи сто некој не ни ги забелезал.Му имам кажано дека тоа ми сметаи не ми е пријатно постојано да ме гледа под лупа,а неговиот одговор:бидејки те чувствувам блиска затоа ти кажувам,ако не ми значиш ке си кутам ,а тоа е лошо,,,е ке пукнам,стршно ме нервира.може ли некаков совет,како д а постапам , еве и совет од машка страна,само не знам дали тука е точното место на постот,ако не ,слободно преместете го.
Зависи до карактерот колку е стабилен - лабилен. Единствен исклучок би навела да колку и да има човекот стабилен карактер, созреана личност... парите се единствено нешто кое лесно се вовлекуваат под кожа и можат да те променат 100%. Излишни се коментари од типот - колку и да имам пари јас ќе си останам ист. Не, нема да си останеш ист колку и да тврдиш. Кој не осетил на своја кожа неможе да знае.
Луѓето не се менуваат тие се такви какви што се но вешто можат да го маскираат тоа и да излажат дека се смениле но тие се истите ништожни копилиња
Се менуваат одредени личности. Одредени навики во животот ќе ги смениш сакаш или не. Само се надеваме дека ќе ги смениме на подобро, а обично луѓето се менуваат , ама на полошо
Јас мислам дека навиките се менуваат но карактерот никогас,ако си емотивен немозес колку и да се трудис да бидес ладен без емоции,разни други карактерни особини немозат да се сменат и крај а навиките да,бидејки до вчера не си водел сметка колку ти е среден зивотот едноставно си лутал не си се замарал за нисто околу тебе,си одел по прав пат но мрзливо и одеднас зивотот те тера да го променис сето тоа немас избор зосто КАРАКТЕРно си упорен и сепак сакас да постигнес несто во зивотот но ете овој пат ги менувас навиките или пак позрело пристапувас.Лугето не се менуваат и нека не се залазува никој,но треба да се прави разлика и некогас да се даде и втора санса
Да, се менуваат. До пред некое време тврдев дека не се менуваат, дека особините и одредени карактеристики се тие кои го детерминираат човекот, тие всушност не прават она што сме. Но, самиот живот и одредени случувања налагаат понекогаш да ги разгледаме работите од друг агол, да ги сфатиме различно - самиот процес на созревање со себе си носи и многу промени кај една личност. Секако дека не се случува преку ноќ, дури некои работи никогаш не можеме да ги искорениме од себе. Животот ни носи нови и нови предизвици, и токму со справувањето на тие предизвици учиме нешто ново, сознаваме нешто ново, добиваме нешто ново. Баш со тоа учење, сознавање, добивање, губење, гледаме како тоа различно дејствува на нас, ни буди различни мисли, чувства од порано, и со тоа всушност ние се менуваме. Можеби од ден на ден не се забележува толку, но кога ќе погледнам во минатото - знам дека со толку многу стекнати искуства, добри и лоши, сум сменета. Како прв пример си се земам самата себе. Да, бев емотивна, се притресував за секоја ситница, им верував дури и премногу на луѓето. Кога сфатив дека тоа ме повредува почнав да се менувам. Сега сум ладна - искуствата и болката сме направија ваква, тие што им верувам се бројат на прсти од едната рака, си гледам за мене, не за другите кои сакаат само да им се удоволи. Созревањето кај мене траеше доста долго, се случија работи кои не сум ни замислувала дека ќе се случат, но ете бидна. Не сум онаа истата што бев претходно. Но, сакале - не сакале, на подобро - на полошо, преку своите или преку искуствата да други личности луѓето се менуваат.
Според мене може да се смени карактерот на човекот но некој мал дел бидејќи кажувам според мене...навистина не знам ама мене ми го измени карактерот тоа додека учев во школо Веронаука..учевме навистина се за хрситијанството книгата беше прекрасна..сега сум малку подобра
Да, се менуваат. Но, тоа не мора да значи дека сите луѓе се менуваат на добро. Има луѓе кои живеат за да се одмаздат некому, зарем тоа не е промена ?!.. Сепак сметам дека групава е отворена за оние кои очекуваат промена од своите партнери, другари\ки, родители и слично. Во мојот живот сум сретнала многу такви личности кои ми ветувале дека ќе се сменат, но верувајте мал дел од нив успеале. Сепак оној што сака, верува, па колку и тоа да му се чини невозможно. Понекогаш залудно веруваме, остануваме покрај личностите кои ни значат, чекаме да се сменат.. Но времето минува, сече како нож низ срце, самите се повредуваме, но сепак чекаме.. Чекаме тој некој да се смени... А дали ќе успее во тоа не знаеме...
Љуѓето се менуваат, секој со различен карактер си е, кој што се приспособува според околностите, луѓето.. И тоа е менување зар не?!
Се менуваат. Но мислам дека тоа никој не го прави по своја волја. Во прашање се како околината и општеството во кои живее една личност. Тие можат да се сменат, а преку тоа и карактерот на самата личност. И, да секако дека тоа се силни влијанија и тоа многу ретко кај различни луѓе. Никако човек не може да се смени по своја желба. Сите имаме нешто што сакаме да го смениме кај нас самите. Не сум чула некој да се пофали дека променил некоја своја карактерна особина.
секако дека се менуваат, а што е веЧно??! јас сум доста изменета а потоа и другите околу мене .. забелеЖувам.
Луѓето не се менуваат, тие може само да прифатат некои работи, а своите недостатоци, или несовршености да ги покријат, да не бидат толку воочливи, барем така јас самата мислам , си знам од мое лично искуство