Дали луѓето се менуваат?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 5 јуни 2010.

  1. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Како што веќе еднаш имам пастирано во темава "Волкот го менува влакното, но не и обичаите."
    Сеуште го имам истото мислење. Каков што си, таков и ќе си останеш. Не верувам дека луѓето можат да се сменат.
     
  2. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Секако. Па јас лично би се менувала само доколку МЕНЕ не ми се допаѓа нешто кај мене....Но заради други небитни фаци - НИКАКО, НИКАКО :shake: :shake:
     
  3. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Се менуваат посебно во мојов тинеџерски период. И тоа повеќето го одбираат полошиот пат. :worried:
     
  4. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    50
    ДА . :)
    Убаво е кажано во првите неколку коментари од темава, дека човек може да смени некои свои карактеристики, меѓутоа предиспозициите за карактерот и основните генетски белези остануваат безразлика колку вложуваш труд. Не велам дека е безнадежно, секојдневно гледам околу мене и самата јас какви промени се случуваат што дали се позитивни или негативни - се гледа по фидбекот од околината.

    Ипак стојам зад тоа дека дури не добиеш доволно силен удар за твоето однесување и некои негативни особини кај себе од околината , не можеш да донесеш одлука и во пракса да почнеш да се менуваш.
    Во скоро ми се случи да бидам осудувана од другите зошто сум арогантна, умислена, егозентрична, до некој степен и емоционално ладна и мислев дека ова е последица од нивната љубомора.
    МЕЃУТОА, во моето семејство почувајќи од дедо ми (кој е екстремно затворена личност, доволен си е сам на себе, нефлексибилен е и позади тврдиот оклон е претерано ранлив), татко ми (кој како последица на ‘‘студот‘‘ во емотивна смисла од дедо ми, си ја искористил ароганцијата како одбранбен механизам за да си го заштити егото) , мајка ми која е исто така нефлексибилна, неразумно емотивна и не може објективно да ги гледа работите , сум прибрала некои особини што очигледно ќе морам цел живот да ги држам под контрола за да не ми се лизнат во погрешен правец.

    И да се вратам на темата - останав без друштво во тој период, кои подоцна ми укажаа на некои грешки за кои ми требаше многу труд, солзи, самосвесност и упорност да ги сменам и слободно можам да кажам - ДА , човек е можно да се смени доколку е доволно истраен и свесен за тежината на причината зошто сака да го направи тоа! :)
    Секоја промена на еден начин претставува среќа, лична сатисфакција кога добиваш позитивна реакција од средината, а најмногу кога самиот се осеќаш исполнет од достигнување на уште еден врв, а со самото тоа посигурно искачување поголеми височини.

    По ваквиот пресврт во мојот живот, имам една тетоважа - Never a failure, always a lesson која секогаш ме потсеќа и ми е поттик и мотивација за се што правам сега и еве уште една мала филозофија која многу ми помага кога и да ми оди нешто наопаку ..
     

    Прикачени фајлови:

    • dalisisreken.jpg
      dalisisreken.jpg
      Големина на фајлот:
      52,8 KB
      Прегледи:
      201
    На Divinebutterfly и LivingGlam им се допаѓа ова.
  5. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    687
    Основата на карактерот најчесто е непроменлива,може да се потисне али не и целосно да се смени. Но кога се работи за врска,често се дешава машкото да се пошмизли,женското да стане машко у врската,некои ситни промени во навиките.
     
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Можи да се смени човек ама само ако тоа НАВИСТИНА ГО ПОСАКА и се потруди,иначе некој друг да те промени не можи...Треба сам да сакаш.И обично се менуваат луѓе кои веќе го достигнале дното па нема на каде повеќе...
     
  7. wwwbella

    wwwbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    8
    Луѓето се менуваат само по своја волја секој се обидува да биде посреќен и поуспешен и се обидува да ги пронајде своите вредности ... однесување за кое мисли дека би му помогнало во животот затоа постои каењето после него лугето свакаат некои работи и тогаш се менуваат.Се менуваат само ако за тоа постои добра причина почнувам од самата себе променив некои работи кај себе мислеjќи дека така ќе бидам подобра и успеав во тоа навистина ми се исплатИ.Човек никогаш нека да се промени или можеби лажно ќе се промени само кога е под волја на другите а кога навистина го сака тоа со своја волја тогаш може да се промени :)
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Да. Некои на полошо, некои на подобро. Секој човек се менува. Ако увиди дека е на грешка пат и не му оде у животот и ако има добра мотивација ке се смени. :)
     
  9. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    лугето се менуваат но не во целост можат но не целоснокако велат старите
    волкот само влакно менува
    па така и лугето лошиот ке остане лош но можеби нема да биде толку суров како порано
     
  10. deedee0

    deedee0 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    364
    Луѓето не можат да се променат.Ако си бил добар,па станеш лош значи дека во себе ја носиш и таа карактеристика, а не дека се појавила така одеднаш. :rofl:
     
  11. Ma-Ri

    Ma-Ri Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Па да се менуваат во согласност со врмето , просторот ,луѓето околу нив, средината , потребата ...Најчесто тоа го прават заради усогласување со средината или за добивање на зацртана цел т.е. постигнување на саканото во зависнот за што се работи .
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Има луѓе што се менуваат и што не се менуваат.
    Да зборувам прво за луѓето што се менуваат...
    Тука влијание имаат мноооогу фактори кои ги има создадено самиот живот, дали некоја болест, некој страв, дали одредена ситуација или моменталната (не)хармонична состојба на свој близок, и со тоа зависи и каква ќе биде промената на човекот. Познавам неколку луѓе кои во последната етапа од својот живот, значи староста, почнуваат да сфаќаат какви се грешки правеле во животот, какви се глупости имаат направено, ја согледуваат нивната негативна страна, стануваат скептични и се менуваат...
    Ама....секогаш постои тоа ама, премногу е доцна некогаш. Решаваш да се смениш, а не ти преостанува уште долго.... Почнуваш да согледуваш дека ова веќе неможе вака да продолжи и ставаш точка на се'. Продолжуваш како нова личност, личност со нов карактер.

    Што се однесува за луѓето што не се менуваат.
    Епа вакви драги форумџики ме опкружуваат секојдневно. Почнувајќи од татко ми.. Сигурно повеќето од вас ја знаете мојата сторија. Тој човек нема да се смени.
    Знае дека со неговото однесување ја повредува целата негова фамилија вклучувајќи ме и мене, а се би дала да не бидам дел. Свесен е за своите постапки, ама не се менува. На него му одговара неговото однесување и не му е гајле дали децата ќе му патат или дали тој навистина ја има улогата на татко?! Или само на лист го пишува тоа, па сеа шта буде нек буде, а?
    Чекам само момент дали ќе сфати дека ова тој што го прави не е живот....

    Значи да сумирам.
    Луѓето тешко се менуваат, ама сепак се менуваат. Некои на подобро, а некои уште толку се докрајчуваат.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.236
    Допаѓања:
    81.790
    Пол:
    Женски
    Не, не и не!
    Ќе си одиме од светов онакви какви не' создале и никаков можен фактор нема да успее да влијае врз смената на нашиот карактер. Барем не онаква перманентна промена.
    Мислам, премногу пати сум се излажала дека некој/а ќе успее да се смени и сум дала премногу шанси, чиј резултат бил еднаков на нула, празни зборови.
    Тако званата промена е најчесто привремена, додека дотичната личност успее барем малце да замачка очи и да придобие тронка доверба, па потоа се' паѓа во вода и си се враќа во првобитната состојба.
    Не е тоа промена, ами залажување, како прво на самиот себе, а потоа на сите околу тебе.
    Ќе го цитирам мислењето на ЛитлДевил, со кое апсолутно се согласувам.
     
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    секако дека се менуваат,колку повеќе грешки прават толку повеќе созреваат,и учат што е навистина вредно за нив во животот :)
     
  15. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    зависи,мн ретко е менуваат лугето во карактерна смисла,карактерот останува ист
    има луге кои се менуваат али повекето за жал не

    начин на размислување за некои одредени работи да со текот на времето и годините
    а карактер мн тешко :)
     
  16. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Јас мислам дека луѓето не се менуваат како луѓе, како карактери.
    Се менуваат само во нашите очи со одредени нивни постапки.
     
  17. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    767
    Волкот е волк, а човекот – човек.
    Луѓето се менуваат, порано или подоцна, на подобро или на полошо, зависи од нивниот капацитет и желбата. Верував дека не може никој да се смени преку ноќ, ама веќе не. Некој што не си ни очекувал ќе се смени и ќе стане тоа што викал дека нема никогаш да биде.
    Многу е нормално да се менуваат особините на човекот со искуството, опкружувањето, надградувањето и околностите.

    Не значи дека луѓето по дифолт го градат својот карактер во адолесценцијата. Мислам дека личноста се менува се додека е свесна за себе и се додека создава.
    Некои се менуваат затоа што самите сакаат да направат некоја промена, некој затоа што мора, некој за да добие уште една шанса а некој не е ни свесен дека се променил. Се менуваат навиките, ставовите, погледите, однесувањата, а со тоа се менува и карактерот на човекот.
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Секој човек се менува за точно 11 месеци тоа добро е опишано во книгата Моќта на подсвеста и сите работи што ми се случиле со една личност во рок од 16 месеци последните 4 со тоа си ги поврзав значи мнооогу се менуваат луѓето ;) ;)
     
  19. Safir4e

    Safir4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Да, се менуваат...но само ако имаат доволно добра причина за тоа. Најчесто поради љубов, но може и поради некое друго влијание во нивниот живот. Се менуваат и на подобро и на полошо. Според мене во секој човек постои и доброто и лошото, но општеството во кое живееме и луѓето во нашата непосредна близина влијаат на нас и се' што се случува и го поттикнуваат или доброто или лошото од нас. ;)
     
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Разочарувачки е да кажам дека луѓето не се менуваат...Сум се сменила со тек на време а имам уште за моделирање, свесна сум за своите недостатоци и слабости...Често е потребен и мал надворешен поттик но најважна е волјата и желба за промена...
    А се менуваат луѓето често без и да се свесни за тоа, без да бараат промена, случувањата и околностите ги натерале...