Според мене луѓето не се менуваат, се прилагодуваат на одредени животни сиутации, но основата, односно карактерот на човекот си останува. Не верувам дека некој ќе се смени од добар во лош и обратно. Знам дека не постојат само добри и само лоши луѓе, дека сите се по помалку или повеќе во одредени ситуации и добри и лоши. Како и да е јас не верувам дека некој може да се промени завидливиот секогаш ќе си остане завидлив, добродушниот ќе си остане добродушен, инаетчијата ке си биде инаетчија, кавагаџијата секогаш ке си бара причина за кавга итн.
не верувам дека еден човек може да се смени.Мислам дека во каква околина ќе порасне таков став и ќе земе за себе,ќе се засака таков како што е неговиот живот ќе стане негова навика.И после тоа да се појави нешто што ќе го смени човекот не верувам.Ако има желба и увереност во себе дека сака нешто да промени може нешто минимално да смени на себе но целосно никогаш.Дури и мислам дека некои карактеристики ги зема како вродени.Физичкиот изглед е нешто многу поразлично од прихичкиот изглед затоа и не би коментирала околу тоа мислам дека сите знаеме што прави напредната технологија
Како и самата поговорка: ВОЛКОТ ГО МЕНУВА ВЛАКНОТО, НО НЕ И КАРАКТЕРОТ! исто го мислам и за луѓето. Можеби длабоко во себе веруваме дека се менуваме, ама сепак сме тоа што сме, не се менуваме
Зависи кој...има луѓе кои цврсто се држат на својот карактер!! Сепак јас мислам дека карактерот може да се смени,ама треба ВРЕМЕ
Има луѓе кои дефинитивно не можат да се сменат.Тие си се такви и крај.. Лично јас можам да се сменам но не по желба на некој друг( или под туѓо влијание).Ако навистина сакаме,и се трудиме да се промениме на подобро тоа и ќе го сториме.Но сепак мислам дека ако ние се обидуваме да промениме некој друг тоа ќе биде безуспешен обид ...
Moжеби некои луѓе успеваат да сменат некои аспекти од нивниот живот, во однос на однесување, ставови, навики или мислења (коишто се секогаш релативни), но од корен сметам дека никој не може да се смени. Карактерот на човекот си останува ист, ова ми е и од свое искуство, но и од туѓи искуства.
Мислам дека секој човек може да се смени. Не е воопшто лесна таа работа, но е возможна. Погледнато од многумина, можеби и не е возможно. Но, вистински е возможно, зашто некои нешта во животот прават голем пресврт во се. Се менува потполно личноста или кон добро или кон лошо. Од моја гледна точка тоа е она контролирање на своите помисли, особено контрола на душата. Ако се задлабочи во нас гордоста, таа ќе не однесе на другиот крај. Ќе предизвика високи мисли, а со тоа и ќе бидеме само ние на врвот на се. Ќе ги имаме само лошите особини, себељубие, среброљубие, кавга, неморал, секогаш и за се негативни и песимисти... Ама, ако тоа го контролираме и ја отстраниме од себе, тогаш би ја поседувале, љубовта, сочувството, помагањето на другите, позитивноста во се... поточно би ги поседувале сите морални особини. Мислам дека тоа е она што го менува човекот. Себепознанието.
Тешко, со многу труд и упорност може да се сменат некои навики, но човек да смени карактер не може... Може да смени дел од карактерот, како што кажав со труд, упорност и волја... Џабе е ако на некого му велиме мора да се смениш не ти чини ова, ако тој не се потруди окулу таа работа ништо .. Тргнувам од мене, сите ние си имаме некоја негативна карактеристика, навика, сум се потрудила окулу нешто но после излесно време пак се враќам на старо ( на пр. сум рекла дека нема да се инаетам толку ќе го сменам тоа, но тешко некако оди )
Да, се менуваат. Мое мислење е дека можат да го сменат својот карактер, но само доколку тие сакаат. Тие обично тоа го прават кога гледаат дека животот им станува тежок со таков карактер, немаат пријатели и сл. Тешко е тоа да го направат, меѓутоа некогаш кога мора стварно мора. Исто така и под влијание на другите, меѓутоа одлуката треба да биде само нивна. Јас искрено не би го менувала мојот карактер, може само негов дел, затоа што таква сум каква што сум, ако ме сакаш во ред, ако не.. не ме интересира, не можеш да ме смениш.
Мислам дека не. Барем јас не познавам некој кој драстично се променил.Можеби некои одредени карактеристики,ама не верувам ни тоа.Колку и да се трудиш да бидеш поинаква личност сепак на крајот се враќаш на она твое старо јас,од кое мислам дека не се бега.Нема сакање и не сакање според мене.Ти може до мила воља да сакаш да размислуваш и постапуваш на друг начин но сепак не можеш.
тешка работа :? некогаш да кај некој што стварно се потрудил , ако сакал да смени,и лично за мене ке кажам ,али со многу труд и мака се сменва нешто посебно карактер, не знам можеби грешам али тоа е тоа,кај мене сменав многу работи али тоа што највеќе требаше не сакам многу да сменам тоа што сум страмежлива али многу теѓко ми оди
ВО ОВОЈ СВЕТ НА ПОСТОЈАНИ ПРОМЕНИ ИМА НЕШТО КОЕ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ СМЕНИ ТОА Е ..... КАРАКТЕРОТ. Многу ја сакам оваа реченица и верувам во неа,изгледот...малку пудра,малку кармин па на крај и еден фотошот и супер си но карактерот ај нашминкај го да те видам
И тоа како се менуваат ... Лугето се менуваат под влијание на друштвото и семејството . Имам пример но несакам да го кажувам овде на форумот и несакам да оговарам поранешни другарки ... Но сепак јас мислам дека многу луге се менуваат и во позитивна смисла . Лугето се менуваат по свој избор па дали ке се променат и ќе зачекорат по погрешниот пат или пак оној добриот тие сами одлучуваат . Кога мислам во позитивна смисла сакам да кажам се менуваат поради љубавта или пак за децата кои ги имаат .
Можат да се сменат ама тоа се ретки случаи во кои постои силна причина за таа промена, посилна и од самиот човек. Но прашање на време е дали тоа ќе успее да го направи или не.
Се менуваат да. Во некои периоди од животот повеќе, во некои помалце или поспоро но се менуваат. А има ли начин да се избегне тоа не би рекла. Самиот живот со неговите падови и подвизи го менува човекот. Оние кои правеле лошо евентуално си ги собираат вересиите и се менуваат барем во некој поглед, или за нијанса. Оние кои биле многу добри порано или покасно сваќаат дека и тоа не чини многу и стануваат малку посебични. Некои пак се менуваат драстично, дали губејќи или придобивајќи некоја личност до себе, дали вљубувајќи се ...