Дали мислите дека лугето се по толерантни кон убави жени без оглед што и да направат? Тргнувам од себе, можеби нескромно е звучи но од секогаш сум била поприлично убава девојка, и секогаш сум успевала да се протнам во разни ситуации на конто на убавината, тргувајки од нај баналните за пуштање преку ред па се до оние по комплицирани ситуации. Невелам дека нетреба да имаш и други квалитети, но мислам дека лугето се потолерантни без разлика каква глупост ќе направат убавите жени, полесно им простуваат.
Се согласувам до некаде но сметам дека поминува само кај спротивниот пол т.е мажите ќе им попуштат на убавите жени додека жените ќе им прогледаат низ прсти на убавите мажи Маж може да биде изманипулиран од убава, шармантна жена па уште ако таа почне да изиграва `дама во невоља`, па ронење крокодилски солзи- готов е додека кај жена тоа глумење лудило и пренемагање тешко ќе и помине, дури може и дополнително да и ја влоши ситуацијата.
Се согласувам да. Се додека има паметни жени кои знаат како ја искористат убавината, ќе има и наивни мажи кои лесно паѓаат на неа
Точно, неспорно е дека поминуваат кај спротивниот пол. Комбинацијата на убавина и културното кокетирање ( насмевка, поглед, размена на некој збор...) во поголемиот дел од случаите лесно поминуваат но некогаш знаат да си сносат и последици (не се сите мажи наивни, некои само глумат дека се зошто во моментот и нив им одговара) па да им се бара 'нешто' за возврат или пак да им се закачи некој нападен тип и тн...
Не само кон убавите жени, туку истото важи и за убавите мажи. А нема ништо поопасно од маж со шарм. Прост пример е Џереми Микс. Сето тоа се должи на нашето неправилно логичко расудување и мешање на етиката со естетиката. Според мене трикот е тие треба да се свесни за својата убавина и да го искористат тоа, инаку никој нема да помине само преку убавината ако малку не се придонесе и со однесувањето, тоа однесување
Секако дека и убавите мажи имаат некаква предност, но во никој случај на друг маж не би му значело ништо во онос на толеранцијата ако условно кажано соперникот во одредеа работа му нагази на живец. А, и кај поголемиот дел на жените тешко дека би му било голем плус. Машката убавина е товар, затоа што од убав маж се очекува тој да има поголема толеранција и да биде со добро однесување т.е џенлмен. Според мене жената си е жена иако може да се појави некоја љубоморна на која ќе и пречи таа толеранција но нели, секогаш има исклучоци. Овој пат не зборуваме за манипулација со убавината и шармот и негова злоупотреба туку за чисто она дали убавите девојки повеќе се толерирани од типот, ако една иста глупост ја каже девојка која е просечна и девојка која е убава, со убава насмевка убаво лице.... секако дека многу по убаво ќе биде прифатена истата глупост што ја изговорила убава жена за разлика од просечната.
Конкретно, кога станува збор за треснење зелени, мислам дека нема дискриминација, дури може и повеќе сеир да и фаќаат на убавата девојка (нели, стереотип на празноглава убавица ) па уште ако е плава... Исто така, ако мислиш дека машката убавина не е плус, убаво пиша Summerlover, ѕирни ја приказната за Џереми Микс, да не знае човек дали да се смее или да плаче http://www.huffingtonpost.com/2014/06/2 ... 22029.html
Секој има различна перцепција за убавината и ретко кога е тоа универзална убавина. На некого може Адриана Лима му е убава, на некого му е грда, се е во очите на тој што го гледа тоа. Доколку некој те смета за убава жена можеби ќе биде по толерантен, меѓутоа тука треба да се вклучи и шарм кој или го имаш или го немаш, а џабе е некој убав кога нема шарм. Без шармантна насмевка ништо не правиме. Не е само кај мажите, и кај жена со жена се случува ова. Кај мажите ова е неизбежно, сите паѓаат на убава жена, додека кај жените е малце по строго. Се случува не дека не, жена да биде по толерантна со друга жена само затоа што е убава, убаво изгледа и е учтива и насмеана. Освен ако не е некоја тешка искомплексирана жена па намерно да и попречува во тоа што треба на убавава. Да сумирам би рекла дека да, ретко кој да одолее и не и излезе во пресрет на фина, убава жена.
Изгледот е тој кој привлекува, ама не е само убавината пресудна, имало и случаи кога жени/мажи кои што не се убави успеале во истите работи. Ама ете имаат некој шарм,некоја харизма во себе. Инаку да земам за пример,машко со автомобил ке застане да пропушти убава жена на пешачки, некоја стара или грда ке ја пропушти ако мора само Сепак мислам дека кон убавите луѓе се однесуваат потолерантно. Како велат србите "Што је лепо и Богу је драго"
Кон убави жени секако дека се потолерантни, во прв ред мажите. Жените не се толерантни една спрема друга, секогаш се конкуренција поготово ако и двете се убави. А ако едната е пример убава и се тоа, другата просечна-тука настанува љубомора и секако се јавува нетолерантност во секој случај
Мажот е толерантен со секоја жена што сака да има секс со неа , дали било убава или неубава.... Али во овој случај да , убави жени се повеќе толерантни , се иде на тоа ако сум добар со нејзе може ќе се заинтересира за мене и повеќе ....
Јас се согласувам со искрениот дечко над мене, секако дека е така, јас никогаш не сум се ни посомневала дека машките така функционираат, мислам ова не е навреда да не ме сфатиш погрешно.Инаку не сметам дека луѓето се потолерантни на убави жени, во голем случај ако оној кој треба да толерира е жена, може и да биде љубоморна и злобна кон ваквите жени, а и да не е жена, сметам дека шармот и културното однесување е побитно отколку убавината.
Толеранцијата е човечка особина која секој од нас ја применува во различни ситуации. Но,убавината е нешто што го привлекува погледот,а тоа што може да го задржи вниманието е шармот кај една жена.Културните манири и харизмата се предуслов за потолерантен пристап кон женскиот пол од страна на мажите.Со оглед на тоа што жените имаат поинакво гледање кон истоимениот пол,ривалството е неизбежно за да се потисне една шармантна жена со убави манири.
Зависи дали толерантниот е маж или жена. Шега. Немојте одма „ти реков-ми рече“, дијагнози од ракав, ставање зборови у уста од типот на „не` направи сите грди“ и слично. Моето видување и моето искуство вели дека харизматичните жени ... и мажи добиваат поголема толеранција без разлика дали имаат совршени црти и облини. Taка било во школо, така е на работа, така е во друштво и во животот воопшто... Ова го зборам пошо има луѓе кои се убави според некои стандарди, преубави, но немаат некоја мила ѕвезда и неретко повеќе го “кркаат“ од оние исто толку (не)харизматични, без некоја забележителна убавина. Харизмата е тука клучна. Не само за толерирање, туку и за преферирање на одредени луѓе.
Како беше она - Тоа што жена може со насмевка, маж не може ни со солзи За убавина не знам, ама мене лично љубезноста многу често врати ми отвора.
Човек пречекај го по оделото, а испрати го по акалот. Пред се се забележува физиономија, а потоа шармот, харизмата. Се сложувам дека луѓето се потолерантни кон убави жени, ама не секогаш. Ако некој криво е насаден, ма ако сакаш Џоли биди ќе те одј*бе.
Дали лугето се по толерантни кон убави жени? Да. Луѓето секогаш имаат повеќе толеранција спрема некој што е убав или згоден. Многу полесно им простуваат на убавите девојки, отколку на тие, да речам помалку убавите. Доколку две жени направат прекршок, гарант таа што е убава ќе добие помала казна, а таа што не е убава ќе добие поголема казна. Но, постојат и луѓе што не ја ценат убавината. Тоа се луѓе што најчесто и самите не се толку убави физички, или не се сметаат за такви. Таквите ќе направат се за да им наштетат на убавите луѓе.
Дали лугето се по толерантни кон убави жени? Убавината физичка е важна, ама духовната уште поважна со ова мислам на насмеаност, духовитост по некоја шега и многу полесно ќе поминеш секаде.