1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали луѓето се потолерантни кон убави жени?

Дискусија во 'Психологија' започната од Nezna28, 13 јули 2014.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Дефинитивно ќе се согласам со некои членови. Не може да се оспори дека естетската убавина на жените во нашето општество особено привлекува внимание, и за разлика од оние скромните, овие добиваат повеќе внимание и бенефиции. Иако, мене, многупати ми се случило да видам некоја девојка која зрачи со убавина, сјај, и самодоверба, но кога ќе почнам да ја анализирам во однос на карактерот, да дојдам до заклучок дека нема три чисти во главата. Ниту речник, а ниту понашање. Но, и покрај тоа има речиси се` што ќе посака. Е ваквите, ми се најодвратни! Не сфаќаат дека се толку празни, самобендисани и глупави со тоа што мислат дека убавината е вечна. Дури, се кладам оти мислат дека сите останати им завидуваат само поради неколкуте пропорционално распределени црти на лицето, висината, убавата коса и рамниот стомак. Но, вистината е дека само таквите празноглави (налик на нив), може да им завидат на ова. Додека ние обичните смртници знаејќи ја вистината само се гадиме и бегаме што подалеку. И да, кога би требало да ги споредам со нешто, тоа се оние бонбони со убави обвивки. Во толку привлечна хартија се спакувани, а оддалеку се со убав мирис, но кога ќе ги вкусиш ала канализација во устата. Таков е и случајов со овие за жал.
     
    Последна измена: 1 ноември 2014
    На Night Rider, Portishead и anina им се допаѓа ова.
  2. mia993

    mia993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    140
    не сосема. има такви кои што и незнаат како да се понашаат кон убавите жени и стануваат вулгарни или очекуваат премногу и имаат мислење ако жената е убава и привлечна дека е и расипана.
    Но се е тоа до чевечноста.секој треба да биде толерантен кон секого без разлика на убавината години атрактивноста и слични карактеристики.а и впрочем што е убавината ?? едно небитно и пролазно нешто што е ништо во споредба на убавината на душата и карактеротт на човекотт .
     
    На Sky-butterfly и Arthur им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Мислам дека да, потолерантни се во секој случај.
     
    На butterfly4 и okcenzi им се допаѓа ова.
  4. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Очигледно дека е така, убавината има своја еволуциска улога па така убавите жени имаат многу полесен пат во животот од оние грдите или просечните. Исто важи и обратно.
    Лично од секогаш ми било неприфатливо тоа, убавата девојка нема никаква заслуга за тоа дека е убава, таква се родила и само затоа треба да е привилегирана?
     
  5. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Посебно маживе. лигите до земја кога ке се појави некоја дотерана, атрактивна.... А додека на жените мислам дека убавината не им е пресудна, повеќе загледнуваме на култура и начин на изразување. (зборам за контакти исклучиво помегу непознати.)
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Нема врска. Ете јас сум машко па за мене сите се исти. Не гледам убавина.
     
  7. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Е добро де може ти си еден од тие сто души што не ги привлекуваат убавите жени
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.595
    Пол:
    Женски
    Перцепцијата за убавина е субјективна. Нешто што мене ми е убаво, на некој друг не му е и обратно.
    Јас не сакам убавина која е по некои непишани правила. За мене светските лепотици и не ми се нешто посебно.
    Убавината е добра ако личноста знае убаво да ја искористи. Во смисла не само да ја негува надворешната убавина туку и внатрешната. Да не се лажеме тие што се само надворешно убави не изгледаат толку привлечно како што се и оние кои што покрај надворешната имаат и внатрешна убавина.
    Насмевката и убавиот збор може да го омекне речиси секој.
    И да, секој е потолерантен кога освен убав лик ќе чуе и пријатен глас и ќе види убава насмевка.
     
    На whiteButterfly, Daleron, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Зошто однапред во болдираното а и во остатокот на текстот одиш, со предрасуди и осудување? Карактерот е релатина работа и секој различно го проценува зависно од способноста на тој што проценува. На пример, некоја девојка што зе тебе е карактерна, и харизматична за друга нее, затоа и сите се дружиме со различни луге мислејки дека токму тие се нај добрите. Затоа не секогаш нашата перцепција за лугето е иста, таа зависи од многу фактори а пред се каков е нивниот однос кон нас.
    Неможеш од два реда муабет со некого да процениш карактер, лугето не секогаш и не сите се опуштени за комуникација на прва. За да процениш нечии карактер ти треба прилично време и пред се зависи од твојот ментален склоп и дали си склона кон објективна проценка или од старт одиш со предрасуди.
    Честопати убавите девојки се однапред осудени дека се дигнати, препотентни, па дури и дека се курви, а единствен доказ на оние што обвинуваат им е тоа што се згодни и убави па мора да се курви и што е најстрашно тоа го велат луге кои воопшто и не ги познаваат. Затоа нетреба колективно да се осудуваат сите убави, туку треба да се има индивидуален пристап. Генерално е точно дека колку и да се празноглави, полесно поминуваат и имаат предност пред останатите, токму и тоа ми беше поентата кога ја поставував темата, како во јавноста се перципираат убавите девојки и дали тие имаат предност, пред се кај лугето кои не ги знаат од претходно.
    Покрај убавината на телото она што остава впечаток е насмевката, веселиот дух и комуникативноста.
     
    На julie77, sweet-star, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    А каде во мојот пост типизирав, или упатив на генерализација?
    Освен тоа, како што кажа и сама, сите сме различни, а во зависност од тоа ќе се одвива и нашиот внатрешен суд за ничиј карактер. Башка, никаде не потенцирав дека под дифолт убава девојка е еднакво на глупава/празноглава девојка. И не, не сум воопшто склона кон предрасуди, напротив, важам за човек со висок праг на толеранција што не значи дека не знам да правам проценки преку пилот скенирање.
    Патем и не треба којзнае колку долго да си со некого, или да збориш за наука, за да сфатиш колку му работи кликерот. Доволно е да му го запазиш речникот, следството на речениците, темите на разговор кои биваат отворени, и полињата на интерес. А тоа се заклучува најчесто од 3 средби преку сила.
     
    На tessie, MarchelineAmaru и Marick14 им се допаѓа ова.
  11. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Перцепцијата за убавина е субјективна до некоја мера но постои и широко прифатен консензус, да речеме за Елиша Катберт никој не би рекол дека е грда и во секој случај женска со такви атрибути би имала полесен пат во животот од некоја просечна.

    За почитување на внатрешна убавина е потребно време и развиена свест, нешто што се помалку постои меѓу луѓето па затоа сите сеуште реагираат на прва и се палат на примарни сексуални атрибути, за жал.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.608
    Мразам луѓе на кои физичкиот изглед им влијае на што било во нивниот живот. Особено одвратно е ако тоа го прави маж, порди изгледот на некоја жена, а најгнасно од се е кога жена го користи својот изглед за да добие нешто од маж. За овие постои посебен круг во пеколот.

    Можеби и не се толку криви мажите - ќе речеш хормоните им влијаат, ама жените се толку многу криви што срамота е некогаш и да се исправат и да покажат лице и образ. Трепкање, заведување со замижани очи, играње со косата, суптилно покажување на градите, заводливо смешкање, и мрдање со цицките и газот, како еј види ме колку сум убава и тажно е ова лице да плаче, се толку проѕирни работи што и глуп маж треба да ги види и да и каже јасно на таквата - Собери цицките, работата е оваа, не те викнав за секс. Ама, кој може да се бори со тестостерон?!
    Затоа, ние, жените треба на секој маж кој ќе ни рече - немаше да дозволам, ама еве за тебе оти си убава ти давам одредени поволности, да му рече - не глупчо, јас сум многу повеќе од цицки и фаца и ако добијам нешто тоа треба да биде заради милионите мои други квалитети кои твојот ограничен ум не може да ги види.

    А жена ко жена, пак, ќе затрепка уште толку, ќе се наежи оти нејзиниот дебил дома не и кажал колку е убава од свадбата, а овој ја погледнал во цицки, и ќе рече, фала. Па уште и ке се пофали како добила поволности на сметка на своето тело, не памет.
     
    На eliesaab, fallenangel, MarchelineAmaru и 7 други им се допаѓа ова.
  13. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    @Night Rider
    Елиша Катберт *од тебе научив која е*, не е грда но има далеку поубави од неа и ако тебе ти е таа нај, на некој друг ќе му биде просечна, затоа гледаш дека не е за секој исто? Знам еден „паметен“ што за Мерилин Монро вели дека не му била воопшто убава. За мене тоа е лудо, ама нему не му се допаѓа. И сега што?
     
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Значи да, лепотатата си ИМА УЛОГА ВО ОВОЈ ЧУДЕН СВЕТ, нормално ОД СЕКАДЕ НЕ БОМБАРДИРААТ СО ЛЕПОТИЦИ И ЛЕПОТАНИ. Ама не е КЛИШЕ дека ХАРИЗМАТА Е НАЈБИТНА, тоа ПОЗИТИВНОТО ВО ТЕБЕ, ма ако го немаш тоа бре човече, таа ХАРИЗМА , таа ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА, ЏАБЕ ТИ Е И УБАВИНАТА. РЕЛАТИВНА РАБОТА Е ЛЕПОТАТА, ПРОЛАЗНА РАБОТА Е ЛЕПОТАТА.
    Телото се прави во теретана, лицето со операции ботокси,шминки подлоги и свашта. Косата со надградба, ЈЕБЕШ ГА, ХАРИЗМАТА СО НИШТО НЕ СЕ ПРАВИ. Или ја имаш, или не.
    Позитивен човек е човек кој СЕКОГАШ ќе успее. Без разлика дали е УБАВ ПРОСЕЧЕН ИЛИ ПАК ГРД. Тоа е моето мислење,Всушност и нема ГРД човек, има само РАЗЛИЧЕН ВКУС барем така мислам. Секој си е убав на свој начин, некој можеби повеќе, некој можеби помалку. Нема потреба од НАРЦИСОИЗАМ и Преувеличување на себеси, да си бидеме реални.... Мразам СЕБЕВОЗВИШЕНИ СТВОРЕЊА, УБЕДЕНИ ДЕКА СЕ НАЈУБАВИ, НАЈСЕКСИПИЛНИ итн итн. Ау просто ми СЕ ПОВРАЌА ОД ТАКВИТЕ, ЗНАМ ДЕКА Е ДРУГА ТЕМА, ама едноставно НЕ ГИ МОЖАМ :x
     
    На MarchelineAmaru, Jovananana, bubac и 4 други им се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Важам за исклучително убава, хармизматична, паметна, згодна, комуникативна, позитивна, со прекрасна насмевка од која сите паѓаат на задникот. :D Дали сте озбилни?
    Убавите они на мама и тато :*.
    Кога влегувам во автобус шоферот не ми дава да платам карта, кога влегува контрола не бараат од мене да им го покажам билетот, уште и во такси да ме возат бесплатно. Тоа за кого зборува повеќе? Мислам дека на секоја втора девојка и прават вака. А пази не се сметам за некоја посебно убава, шармантна и незнам каква, значи вие што се сметате за такви ви даваат неповратни кредити во банка :D.
    Незнам еве, несакам никој да ме толерира, нека се однесува со мене како што заслужувам. Не би сакала утре да ме примат на работа само заради атрибути, мене ми е срам кога ќе сфатам дека некој сака да ми направи некоја услуга само поради тоа што ме смета за привлечна па се случува и да ја одбијам услугата.
     
    На MarchelineAmaru, simoncelicius, ludoto19 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Порано, пред 6/7/10 години можебииии по некои мажи кои немаа видено со очи жена паѓаа на нечија женска НАДВОРЕШНА убавина, но сега веќе сме 21 век бе луѓенца! Секоја жена е убава на свој начин, ама баш секоја!
    Од онаа за која си имал најлошо (од рекла- казала) мислење, можеш да останеш фасциниран од нејзиниот мозок.
    Секоја може да си дозволи сега и фризер, и козметичар, и гардероба дури од по 100денари има некои продавници , им се дивам на оние посподобните кои од ефтини парчиња ќе направам комбинација да подзинеш... Боже мој..
    Сега луѓето во маркет чекаат до 1 денарче да си го приберат во својот новчаник, а не камо ли шофер да не ти наплати карта, или некој да ти намали на цена за лепе очи ... и тн и тн..
    Изумре тоа време.
    Сега е привилегијата на умот, не на изгледот.
    А богами и тоа како е покорисно да имаш повеќе памет, ќе знаеш да го искористеш во секој можен домен, па и во подобрување на физичкиот изглед. Е тогаш жената е најмоќна.
     
    На MarchelineAmaru и Name им се допаѓа ова.
  17. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Чисто како пример ја наведов, но треба да се спомене дека мажите малку подлажуваат, едно е да каже низ муабет дека не му е воопшто убава, друго е во реалноста да одолее на некоја со ``мерилин монровски`` атрибути или да не и даде предност пред просечна или грда.

    Нема грд човек, сериозно?
     
  18. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    Глупости, зошто не излажал за некоја друга јавна личност, токму за Мерилин Монро ќе лаже. Таа ни се падна на дискусија и рече дека му биле гадни тие облини и како појава му била одбивна. А мене ми е прекрасна, на повеќето луѓе на планетата им е прекрасна, тој за мене нема вкус, но тоа нема да го измени неговото мислење за неа. Или Елена Ристеска како актуелен пример за кој се дискутира, на некои им е убава, на некои не им е. Мене никој не може да ме убеди дека Елена е јака убавица, но некои луѓе така ја гледаат и јас не можам да ги разубедам. Значи субјективно е. И твојот пример Елиша тебе ти е WOW, мене не ми е воопшто.
     
    Последна измена: 10 ноември 2014
  19. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Пак ќе ти кажам од муабет до реалност има разлика, ако некоја со такви атрибути му се појави во реалност и според тоа како ќе реагира - тек тогаш ќе може да се каже дали му е одбивно тоа и дали се работи за ``вкусови`` :)
     
  20. troublesome

    troublesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    152
    |( А јас пак ќе ти кажам дека не е така зашто знам по себе и по машки примери. Ти знаеш секој како би реагирал во одредена ситуација. Никој не зборува за никого дека му е одбивен физички само колку да каже нешто.