1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали луѓето се почесто бегаат од реалноста?

Дискусија во 'Психологија' започната од Tanjamm, 3 февруари 2018.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.575
    Пол:
    Женски
    Мислам дека бегањето од реалноста влијае позитивно на психата, но само како акутна појава, повремено, не и хронично односно долготрајно. Убаво е кога сите ние ќе заборавиме на проблемите, непријатностите, тагата и ќе се впуштиме во друг поубав свет преку фантазијата, каде што се она кое не мачи не постои, каде сме во потполно нови услови од тие во кои се наоѓаме моментално. Тоа ти е бегство од реалноста и делува како терапија за незадоволствата кои ги имаме. Убаво е да мислиме дека сме го постигнале се она кое не сме успеале а можеби и немаме шанси веќе да го успееме, убаво е да живееме во свет во кој сите желби ни се исполнети, но да живееме само преку фантазијата, будна или заспана сеедно.
    Алармантно е кога ќе "забегаме" па свесно глумиме дека проблемите, незадоволството магично исчезнале и дека живееме во свет каде "тече мед и млеко". Тогаш веќе ја преклопуваме реалноста и фантазијата, при што се губиме и не знаеме што е реално а што не. Ова е веќе состојба на болест, за која треба друга терапија.
     
    На Purplelilac и Rama им се допаѓа ова.
  2. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Тоа што читате книги или пак гледате серии не значи дека вие лично бегате од реалноста. Понекогаш на самиот мозок потребно му е мало опуштање и некаква занимација зошто така функционираме и подобро како индивидуи, кога сме опуштени и доаѓаме полесно до решение.

    Истото е и со спиењето. Со самото спиење вршите вие исто така и еден вид на регенерација и функционирате наредниот ден подобро.

    Што се однесува до бегањето од реалноста: јас лично никогаш не сум бегал од реалноста ама ги разбирам и тие кои бегаат и не ги обвинувам за тоа. Не може секој да се справи така лесно со предизвици и тешкотии во животот; некои луѓе ги поднесуваат тие работи подобро а некои не.

    Јас на пример се борам и барам решенија ама имало и некогаш периоди во животот кога едноставно немало решение за некоја работа и некој проблем. При вакви проблеми луѓето често бегаат од реалноста. Во вакви ситуации најдобро е според мене да се прифати ситуацијата таква каква што е и да се чека на можноста која ќе овозможи излез од целата ситуација. Според мене подобро е да човек остане буден и да не влегува во некаква алтернативна реалност.

    И нормално, да се надева на подобро.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  3. capricorn1501

    capricorn1501 Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2017
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Едно време и јас пробував да избегам од реалноста, но мислам дека е подобро да се соочиме со нејзе, не можев да се прифатам, имав комплекси, и си замислував дека имам друг живот, не се сакав, ми беше претешко, но со тек на време се одвикнав од таа навика...
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не гледам ништо лошо во тоа да си способен да избегаш со мислите од реалноста, да фантазираш за нешто поинаку знаејќи дека во моментот ти е недостапно. Подобра опција ти е помирување, прифаќање на реалноста, ама пак и од малку фантазии никој не умрел. Да не си свесен за реалноста е нешто друго, болест нели, ама повеќето свесно одбираме да веруваме во нешто заради кое се чувствуваме подобро.
    И моите фантазии се дел од мојата реалност, а туѓи перцепции за неа и не ми требаат.
    Се' што е во граници на нормала е ок и понекогаш е потребно ко одбранбен механизам да не забега/полуди човек.
     
    На blonde_supergirl и Abeja им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека е возможно да се избега од реалноста бидејќи кога тоа би било можно, би го направило универзумот насилно нестабилен ако успеете да ги избегнете последиците од вашите постапки.

    Реалноста како состојба на она што всушност постои, наспроти идеалистичка или замислена идеја за неа, го вклучува она што постоело, постои или ќе постои.

    Многу луѓе мислат дека менталната состојба е различна, но не можат или не сакаат да разберат дека таа е составена во физичката состојба во која се наоѓаат и отсекогаш постоеле.

    Сметам дека дури и "бегството од реалноста" претставува јасен доказ дека човекот има себична природа која се појавува во одредени моменти.

    Вистината е дека луѓето ќе сакаат да живеат во реалноста се додека тие се задоволни од статистичката не/верoјатност на настаните кои целосно или нецелосно зависат од нив, а се случуваат во нивна полза.

    Ама светот, како и универзумот едноставно не фукнционираат на тој начин...

    Во истиот момент кога ќе се случи нешто кое нема да биде во полза на човекот, тој веднаш ќе изрази желба и ќе се обиде да избега од реалноста во која се наоѓа.

    Всушност, ова повеќе или помалку и ме потсетува на првиот Њутнов закон ("Секое тело продолжува во својата состојба на мирување или униформирано движење во права линија, освен ако не е принудено да ја смени таа состојба од страна на силите кои влијаат на него").
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Бегаме и тоа многу повеќе од што мислиме...
     
    На hermosa, Aquamarine93 и Briar Rose им се допаѓа ова.
  7. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Мислам дека daydreaming не е на одмет. Лутање со мислите, фантазирање, се е тоа позитивно ако прави барем на момент да се почуствуваш подобро.
    Исто како што после стресен ден, си наоѓам некои глупави видеа само да се насмеам.
    Премногу реалност, штетна е.
    Само фантазијата покренува креативност.
     
    На blonde_supergirl, Someonespecial, P.S.love и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.771
    Допаѓања:
    12.293
    Добар пример даде за бегство од реалноста. Тешење за некој неуспех, дали ќе е љубовен, деловен.
     
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Инаку, ситуациите каде луѓето често измислуваат, лажат, или "филуваат" одредени факти за нивниот живот претставува едно обично самоутешување и самозалажување.

    Соочување со одредени факти односно вистини за сопствениот живот не мора секогаш да значи дека луѓето се плашат да се соочат со нивните порблеми и недостатоци.

    Ако веќе зборувам за методите кои се применуваат од страната на луѓето за да "избегаат од реалноста" треба да знаете дека во никој случај не станува збор за патетично и очајно лажење и измислување.

    Напротив, ова е познато како поимот Escapism кој означува избегнување на непријатни, здодевни, страшни или банални аспекти од животот, или пак дејствијата кои луѓето ги преземаат за да ги олеснат чувствата на депресија или генерална тага.
    (Дрога, алкохол, етц)

    Но од друга страна и не сум изненадена од овој измислен човечки концепт - самото човеково постоење претставува чувствување болка и страдање, како и среќа и радост во одредени моменти.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Melovera

    Melovera Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    ... и некако делува како луѓето секој ден се повеќе...