Ако ставам мајконез на коста дали да почнам од коренот до врвовите и колку време да останам така ве молам кажете побрзо и колку пати да ја измијам косата потоа
Дали мајонезот е штетен за коста Вистинскиот мајонез содржи масни киселини и протеини, кои што ја негуваат косата. Но, внимавајте при употребата на мајонез или маслиново масло како регенератор, затоа што многу тешко се отстрануваат од косата. Јас не би ставила никогаш мајонез на косава, има толку препарати , маски за коса и регенератори. Сепак ако ставаш, ставај на врвовите само, ако ставиш на цела коса како што ставаш шампон, одмивање АМИН!
Дали мајонезот е штетен за коста Прашај ја Лилит за ова дали е штетен или не Спојлер Лилит, не ми се лутиш, нели? Јас не би ставила никогаш, поарно ќе си ставам маслиново масло, бадемово, рицинусово, него ли да мирисам на хот дог со денови, ма колку и да бил корисен за косата. Па штетно е самото тоа што ќе се миеш цел ден, колку што ќе ти ја измазни косата, од водата за плакнење и шампонот ќе ти се исуши повторно Што знам
Јас си ставив малко на целта коса и одма го измив само 2 пати со шампон иначе многу ја прави убаво косатаа
Ама прво осигурај се дека ќе снема вода... Извинете за офф топик, ама толку се смеев прв пат кога прочитав...
Не знам дали е штетен ама ако ставаш стави само на врвовите затоа што нема да можеш да ја измиеш ке ти биде мрсна
вистинскиот мајонез ( оној кој содржи маслиново масло ) логично е дека е убаво да се става на косата, ја омекнува, но овие денешните мајонези ретко кој содржат маслиново масло, сите содржат обично сончогледово масло, и плус содржат конзерванси, адитиви, ароми, разни хемикалии кои се штетни. Многу подобра варијанта од ставање на мајонез е ставање на домашна маска од јајце и маслиново масло. Се мешаат овие две состојки, се мачка косата и се остава така да стои 1 час. Потоа е мие...и резултатите се феноменални! пробајте
1 јајце се става така? и колко се става маслиново масло? се мачка од коренот или? фала во секој случај
да едно јајце мене ми е доволно и повеќе маслиново масло му ставам убаво мешам да се добие хомогена смеса. не мачкам од коренот туку од половина коса надолу. одлично е за суви врвови
Јас ставив мајонез на мојата коса и ми ја омекна, а таа ми беше сув, разлетана и изгорена а сега воопшто не ми е оштетена. Мајонезот е подобар и од регенераторот
како ти беше изгорена т.е. оштетена а сега не ти е.? ајде да речиме дека мајонезот ја прај косата поарна.. ама до толку јбг. нема шанси..!!
Мислам дека веќе и солна киселина да ви кажат да ставите, ќе резмислите да го направите тоа. Девојки ај остајте си ги косите на раат. Не ги малтретирајте многу со фенови и преси, фарби и бланшеви. Летно време е, може да си ја носите врзана. Плус си постојат препарати и маски за нега на коса, има и некои од природни состојки кои што се нормални.....ама мајонез бе?!
Немам слушнато дека мајонезот е добар или лош за косата, а уште помалку дека можеш да ја мачкаш со него сепак во ниеден случај не би го употребила не ми се допаѓа а и имам слушнато дека од него се ствараат црнки на лицето посебно во пубертетот незнам дали има вистина во тоа но ете .
Очи боде темава, па не успеав а да не пишам! Дали мајонезот е штетен или не за косата незнам !! Не сум ни пробала да ставам, јас мајонезот само го јадам и тоа поретко пошто знам дека е штетен за лицето и дека предизвикува акни! Спојлер бај д веј, со секоја почит ама се чудам како темава уште не е во канта?!