Може и сенф со оваа комбинација-за ревитализација, некои ставаат и зачини-претежно кари и чили (тие да ти биле против првут).
МАЈОНЕЗ на коса? омг. Ја ни во уста не го ставам а не па на коса мислам дека ќе ти биде многу мрсна косата ако ставиш...
Јас имам користено мајонез како некоја маска да речам пред миење на косата, се нанесува на цела коса и се остава 15 тина минути после со помош на шампонот се одстранува а после навистина косата има подобар сјај помека е
Јас незнам зошто толку ја исмевате темава, кога немате користено не коментирајте кога не ги знаете резултатите. Косата е стварно многу поубава откако ќе ставите мајонез, знаат тие што пробале и ова не е ништо ново мајка ми мајонез и ставаше уште пред 10 години, косата и беше крајно оштетена ја бланшираше 2-3 пати за да ја направи плава и после и беше преоштетена и да ви кажам од мајонезот ја поврати малку, ја направи 2-3 пати со мајонез, се става како маска. Значи резултатите беа одлични
Мајонез на коса? Секоја чест на храброста , јас не би ставила никогаш. Постојат толку многу видови на маски и регенератори , масла.. кои имаат солидни цени. Секој си знае што најмногу му одговара.
Досега не сум пробала да ставам мајонез на косата, но имам слушнато дека се добивале добри резултати со негово користење. http://www.ehow.com/how_6086677_use-mayonnaise-hair-treatment.html
Најверојатно не е штетен.Пред некој ден бев на фризер и ја прашав фризерката што да и ставам на косата која додека бев на одмор ми стана прилично по сува,од сонцето а и од солената вода.Таа ми рече да си ставам мајонез измешан со една жолчка од јајце и маслинов зејтин.Малку бев скептична додека читав по форумот за ставање мајонез на косата,ама бидејќи самата таа ми рече дека се добива добар резултат за сува коса,тогаш можеби и ќе пробам.Па ќе ви кажам
Де бе,како сте се уплашиле и згрозиле од мајонезов па па...па некои го јадат дури и не им е грозен,не па за во коса. Па шампонот и вода и решен проблем. А за штетен,не ми се верува дека е штетен,пошто состојките се масло,јајца,оцет и речиси во секоја домашна маска за коса ги има.Не може да ти ја изгори косата па да е штетен,во најлош случај да ти ја замрси многу ако претераш. Јас уште ова го немам пробано ,а би пробала.За ефектите ќе ве известам.
Сум пробала има добар ефект негувана и многу сјајна коса но е малку потежок за отстранување па треба три пати шампонирање
А не сфаќам шо ви е толку чудно дека мајонезот се користи за ревитализација на косата? Имам пишано претходно во темава, да, добар е за косата бидејќи содржи јајца и маслиново масло. Па нели ставате јајца на косата? Тоа не ви е гнасно!?
Имам ставено еднаш мајонез на косата и да ви кажам дека многу ја омекнува но многу тешко се мие. Подобра варијанта да си направите дома 'мајонез' од јајце и маслиново.Силно измиксајте ги во блендер и се добива хомогена смеса -која полесно потоа се мие од косата
И најкорисен да е, пак не би ставила, покрај толку многу препарати. Што знам, гадно ми е некако, премногу е мрсен и грдо мириса. Инаку мислам дека за сува коса е корисен...
За ова со мајонезов прв пат дознавам од вас. Досега сум слушала дека бил штетен за лицето демек, излегувале ф’ски, а колку е добар за косата не знам.
Пошто не бев во можност да се уклучам на фемина два дена, сега ке пишам за моето прво искуство со дотичниот мајонез : Првин ставив на сува коса мајонез, па ми текна ај ке ја натопам малку косана, и така си отседе здрави 20 мин... Дојде главниот момент да ја измијам нели... Арноооо ама шампонот при крај да ти бил И така ја измив еднаш со шампон, после со гелот за туширање(чоколадниот ) и се изми некако. И сабајлето искрено нишо посебно не видов хаххаха ... Нареден пат мајонез салаата правење ... Пуста љубопитност бре
Прв пат слушам за ова! Можеби е корисен, не велам не, еве и некои што имаат пробано тврдат дека има ефекти. Ама сепак, јас не би го ставила на косата. Немам толкава храброст Постојат регенератори и маски за коса кои мирисаат многу поубаво и се мијат многу полесно, а сепак имаат исти/слични ефекти.
значи нели има оцет, киселини во мајонезот??? како може да е тоа добро за косата? Боже Господе што не ќе чујам !
Мајонезот воопшто не е штетен за косата, напротив ги храни испуканите врвови, плус и јајце има во мајонезот кое исто така е олично за оштетена коса. Јас лично сум пробала и се мие косата, ништо поубаво нема од природна маска и 100пати е подобра од сите маски кои се вештачки, а само добро мирисаат.