Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали мајонезот е штетен за косата?

Дискусија во 'Коса' започната од N.Lara, 12 април 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Попрво би ставила маслиново масло или чичково или кое и да е друго масло-уље како маска додека се бањам, за да ми ја омекне косата и потхрани отколку мајонез.
    Во мајонезот има конзерванс па можеби тоа е штетното :) не само за косата туку и за цел организам. Не би експириментирала со мајонез во никој случај а посебно што претпоставувам дека тешко се одмива. :worried:
     
  2. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Оно јес да је укусан...али некако ова со косава,и не ми иде баш :?:
     
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски

    Што е природно во мајонезот те молам? Природно е самото јајце, ама фабрички обработуван производ како мајонезот воопшто не е природен.
     
  4. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ја не би ставила тоа на коса па не се става све и свашта :)
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Дада Дузи да ви каже, да не си играте со мајонез. Посебно не на вакви времиња, кога во секој момент може да падне системот со вода, струја, па да си останете мајонезни. :rofl:

    Другарка ми така, и текнало сред лето, мајонез ќе става. Надвор 40+, си ставила типката мајоневче, па и уште едно јајце му истурила во него, да не е малку мрсно. Шлакала што шлакала, од коренот до врвовите, да замасти. Стоело тоа, таман тргнала да се бања - оп, нема вода. :rofl: И ми ѕвони мене - ДУЗИИИИИИИИИИИ што да правам, лелеле. ;(

    Врти чешмата, сучи, не бре, не тече водата. Туби со вода, нема никаде, бараме сите, нема. Јајце како јајце, надвор топло, во собите исто топло... кајгана на глава. :rofl:

    Кога дојде водата, по добри 4-5 часа, да не ви кажувам, травичка со кокошка како колва и никна на глава. Остај тоа, па и не се мие. Триј, триј, не бива, мрсна косата не се мие. На крај, татко и со средство за садови ја триел во дневна, за да падне сржта од мајонезот. Па таа сама се триела со шампон да падне баздата од сјајот за садови. :rofl:
     
    На drugarka и LilBaby им се допаѓа ова.
  6. Lilitka

    Lilitka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    38
    Многу ми е жал кога ќе се соочам со ваква неинформираност на луѓе кои што живеат во 21-век. Како прво никој од вас не знае што е мајонез и како истиот се прави, што е евидентно од вашите коментари. Второ и многу важно, на косата не треба да се става томи мајонез туку, да се оддели една жолчка од јајце, која ќе се мати со миксер и во истата полека ќе се додава маслиново масло, додека смесата не стане мајонез, (прашајте ги вашите мајки како се прави мајонез), зависно од проблемот со косата кој што го имате, во смесата може да се додаде 1 лажица мед доколку косата е многу оштетена, 1 лажица мелен цимет, доколку постои проблем со прекумерно опаѓање на косата.

    Оваа смеса се става на целата коса од коренот до врвовите, косата се замотува со ќеса и се држи најмалку 3 саати. Кога оваа маска ќе ја држите на косата 3 саати таа многу лесно се одмива (само со едно шампонирање) бидејќи сите корисни нешта во маслиновото масло и јајцето се впиваат во косата.

    И на крајот многу важно е тоа дека во маската се става само жолчката бидејќи белката од јајцето ја суши косата и не е корисна за истата. Белката може да ја искористите како пилинг маска за лицето доколку имате мрсна или комбинирана кожа.
     
    На Acka22 и Outlook им се допаѓа ова.
  7. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јас мајонез во уста не ставам, а не па на коса...
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zlata1

    zlata1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    0
    Naj golema glupost majonez za kosa kecap so origano stavete ako bese majonezot za kosa togas ke bese na raftovite za kozmetika a ne na rafrovite za hrana...
     
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    17.727
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka што размислуваш ти на оваа тема? би сакала да пробам
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, најискрено не верувам дека мајонезот е штетен за косата. Состојките кои се употребени во него се претежно жолчки од јајце, масло и лимон кои се три состојки одлични за косата. Жолчката од јајцата и маслото ја хранат косата, додека лимоновиот сок дава сјај. Кога го нанесувате на косата секако треба да биде благо навлажнета а не сува.

    Што се однесува до фактот дали да пробате или не, знајте дека не сите маски одговараат на секој тип на коса. Она што за еден одговара може да не одговара за останатите. Треба да се проба па потоа да одлучите што е она што одговара на вашата коса, а што е она кое треба да го избегнувате.

    Поздрав.
     
  11. trixy

    trixy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Луѓе, домашен мајонез, не полимарк...
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Сум слушала дека мајонезот бил всушност добар за косата, а не штетен, но каков мајонез се става? :?:
     
  13. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Прочитано уште пред 10 години во весникот на ТАА, мајонезот не е штетен за косата, јас го ставав уште од тогаш, ја прави косата свиленкаста и мека но мора убаво да се одмие.
    можеш било каков.
     
    Последна измена: 14 август 2017
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Дечки, во индустриски мајонез има: 1) Конзерванси и секаква хемија 2) Сол. Многу, многу сол.

    Томи, Хелманс и компанија ќе ги мачкате врз леб а на коса ќе ставате домашен мајонез, односно маска од масло (маслиново, бадемово, оревово) и жолчки од јајце :)
     
    На Rebecca_R му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Поарно на коса ќе го ставам ,него да го јадам...:|
     
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Gosh, тогаш најдобро скроз да го фрлиш зошто солта дополнително може да ти ја оштети косата :)
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато дека се става, лично не практикувам, ама у секој случај е покорисно да се става маска, направена од природни состојки. (На пр., маслиново или кокосово масло, жолчка од јајце, мед, квасец, јогурт и сл.)
     
    На Soncence3, Srekicka3, Aleksandra9999 и 3 други им се допаѓа ова.