Мајка ти и татко ти треба да разговараат со маж ти? И така се‘ ќе се среди? Ако не слуша ќе го исплескаат и ќе му кажат да стои во ќош еден час? Аман бре луѓе, две деца сте родиле, а не знаете сами да си ги решавате брачните проблеми! Не велам јас да не се посоветуваш со родител, брат/сестра, пријателка, па еве и овде на форум, но да ги викнеш родителите да дојдат да разговараат со сопругот, демек да го вразумат , тоа е веќе глупост! Голема глупост!
Тоа и ни беше целта мила да ти дадеме храброст и да си ја зголемиш самодовербата и да знаеш како и секоја жена дека никој нема право така да се понаша со тебе посебно не на некој што му си сопруга и што му имаш родено 2 деца,и јас сум скпетик за разговорот помеѓу твоите родители и мажот ти но ете пробајте иако мислам дека штом тој не те почитува тебе твоите родители уште помалку ги почитува сепак јас ти посакувам среќа...позз
Ѓаволица најрвин што и да се решиш со среќа нека ти биде. Само биди мнооогу предпазлива зошто може и пред твоите да те направи дека ти си ненормална и за на психијатар и дека тоа не било што си го видела..те молам биди предпазлива.Собирај докази..Немој да дозволиш уште еднаш ние жените да изгубиме се..па дури и тоа што никогаш не ни било лично наше.
Lugenca ne mi bese muabetot oni da zbrat so nego nego jas pred niv da kazam sto se slucuva i ako prodolzi po istiot redosled jas si odam od ta kuka(vo nekolku navrati mi imase kazano deka jas i da si otidam od tukka nema kaj da odam)a majkam i da kaze deka ja prifaka moja ta odluka,Bese majka mi a ja go razvrzav muabetot ama ne u detali kazav nekoj iraboti sto mi smetaat ova ona i deka ako prodolzi taka jas toa nema da go trpam.Majka mi kaza sto i da odlucis nie te podrzuvame sepak toa e tvoj zivot i ti znaes kako ti e a covekot zbor ne kaza.Od togas po cel den e doma a za odnesuvanjeto nisto ne mi e smeneto
Cekam da imam cvrsti dokazi pa se da mu kazam,a on pocnuva da mi vmetne nesto kako sum izlegla negde nekoj me videl ova ona ama jas mu kazav deka sam treba da bide svesen deka jas da izlezam nekoj treba da go cuva maliot a nema koj (a i maloto e samo so mene so dr ne sedi)
Ме интересира,што би направиле,како би реагирале,ако маж ви, ви се обрати со некое друго име.Мене ми се обрати со име на негова колешка,со која работи 2-3 години,а со мене е 9 години и имаме 2 деца,за која предходно имавме доста расправии како тоа тој секогаш и се наоѓа кога и е потребен,постојано кажува како таа знаела ова да направи,она,работи обично карактеристични за мажите,еднаш видов дека му се јави,а тој го избриша бројот,не забележа дека видов,изговорот му беше дека да не збориш и за да не се расправаме,демек ми била трн во око,а како не кога тој ми го стави тој трн,јас од каде ке ја знаев.Верувајте многу,многу тешко ми падана и еве ме расплакана.Сакам да видам ваше видување.Обично форуми само читам,не пишувам на нив,но сега имам потреба.Благодарам
Што би направиле,што би помислиле Јас мислам дека матка нешто бидејќи кога му се јавила го избришал бројот а сега те нарекол по нејзиното име.Мене ова однесување ме наведува да мислам дека тој има нешто со неа.Пробај некако да дознаеш повеќе како стојат работите меѓу нив на работа па ќе можиш да увидиш дали те изневерува
Што би направиле,што би помислиле Би помислила, море би била сигурна дека тој е опседнат со таа жена. Можно е да има нешто, да планира нешто, да пушта нога што се вели... А можно е и да има афера. Се` е можно. Јас што би направила? Би истражила убаво, а ако дознаам дека има нешто, би го шутнала.
Што би направиле,што би помислиле Сериозно е што ти го згрешил името, но според мене уште посериозно е тоа што е опседнат со неа. Велиш постојано ја спомнува, и се диви. Тоа е загрижувачки. И на посветен сопруг треба да му значи мислењето на сопругата. Ако и порано сте се карале заради неа, требало до сега да го сведе односот на чисто професионален. Kога веќе гледа дека ти смета, не смее да продолжи да и се наоѓа како што велиш. Mислам дека има нешто повеќе од пријателство, или тој би сакал да има. Пробај повеќе да го пратиш како се однесува, ама да не те примети, иначе ќе почне подобро да се крие. И ако си сигурна дека не те изневерува, а се надевам дека е така, пробај тогаш повторно да го заведеш, да ти се диви тебе место неа, покажи му дека се уште си онаа во која се заљубил до степен да основа семејство.
Што е најтрагично тоа со името му се случи пред моите родители.Сите бевме запрепастени,а моите знаеја за нејзе бидејќи имавме сериозна кавга со него,тогаш со бришењето на бројот,а тоа беше пред 3-4 месеци,каде за прв пат и физички ме нападна,онака бесен ме фати за врат и ми вика која сум била јас да го „шпиунирам“.Моите родители ми кажаа,секоја твоја одлука ќе ја почитуваме,како и секогаш,а толку ми е криво за нив,што мораа да бидат сведоци на вакво нешто,а двајцата се со болести и операции и најмалку им треба нервоза и стрес,нема на кого друг да се потпрам,а ми треба.Инаку на оваа ситуација,тој вика, нема врска,бил уморен,можело на секој да му се случи,ептен голема сум ја направила оваа ситна работа.Моето мислење е дека мм си фантазира нешто за неа,а ако имало можеби предходно,сега незнам бидејќи таа пред 7-8 месеци се омажи.За прв пат во животот не сум паметна што да направам.
Јас мислам дека после оваа случка која ја издвоив во цитатот, не треба веќе ни да размислуваш на тоа дали имал нешто со неа или не. Веќе имаш доволно добра причина да го оставиш. А твоите, верувај повеќе страдаат сега отколку ли ако се разведеш. Виделе со кого живееш и верувај, стопати помирни ќе бидат ако се разведеш, само нормално не сакаат тоа апла да ти го кажат, утре да не ги обвинува некој дека се мешале.
^Kоја си ти да го шпиунираш? Cе надевам му кажа дека си му животна сопатничка свесно одбрана, која била покрај него кога бил Tажен, не спиела кога бил болен, му родила две златни деца и како таква имаш право ако ти се сака да го шпиунираш (патем многу ме нервира зборов ама ај) ако ти се сака се лутиш и да викаш кога имаш и најмал сомнеж во неговата верност. A тој, прашај го кој е тој, прашај дали е свесен за одговорноста која ја има кон тебе и кон децата, прашај дали знае дека и каменот пука, и кога ќе пукне никогаш веќе не е истиот, дали знае дека во секој момент може да си одиш и да не ни погледнеш назад? I дали знае дека кога ќе си заминеш ќе му останат само блудните сонишTа, за дотичната која во моментов некој друг ја има? A кога ќе стане свесен за Tвоите зборови, тогаш собери си ги работите, децата, и Oстави го ко******. Tака ќе научи Eднаш за секогаш
Од ова што си го напишала јасно се гледа дека ти несакаш да си признаеш дека овој брак не води кон добро..(во смисла за тебе),посакуваш да најдеш мал доказ за да си кажеш па не сум во право,"можеби е ова само минлива караница ".Мислам дека и твојте не сакаш да ги разочараш бидејки во самиот текст има некој страв и несигурност.Време е на твојата недоумица и страв да им ставиш крај.Ако сега ова не го сториш секогаш ке биде вака.Не смее жена да си дозволи мажот да и фантазира за друга,или подбери го убаво па нека каже што сака.... за се има решение.....Ако не бива тогаш нема страв. Главата горе и ке ставиш крај иако мислам дека не си подготвена,но внимавај ако дозволиш ова да ти се случува тогаш е толку...ке западнеш во депресија ке се разболиш,а тоа верувам дека не би сакала да ти се случи!Затоа донеси вистинска одлука инаку ке бидеш уништена.
Мажотму 99,9%ја изневерува ја повикува со име на друга жена и очигледно е дека постојано мисли на таја друга жена а таја него сето ова да го проголта?да се прави како ништо да не било па уште да го заведува и да му се докажва и покажва на кој?на имбецил како овај што заборавил дека таја ежената со која основал семејство,дека таа му е животна сопатничка и мајка на неговите деца и настрана тоа што физички ја нападал ма немој кој е тој GOSPOD BOG? па уште фали да му се поклони него,таја е доволно понижена и скршена наместо тој да и го собери умот и да речи чекај јас што правам?да му се извини на женатаму и да проба да ја придобие таја него да го придобива?DA се додека ние жените размислуваме вака мажите ќе посакуват други и ќе газат по нас,да му ги мани клоците и да му покажи заби а нее да му се умилкува од тоа поголема грешка и поголема глупост нема да има ако го напрај и само оштро мила и само заби покажвање друго ништо уффф ми се гади од ваквите изроди
[/quote] Mиме полека.Mислам дека не си ме разбрала убаво! препрочитај ми го мислењето. Kако и да е, не сме сигурни дали ја изневерува или фантазира за другата. Aко се само фантазии, без физичко неверство можеби и има спас за нивниот брак. Zатоа и велам да го заведе, зошто не е лесно да се фрлат 9 години брак. Mене сега ме загрижува тоа што бил физички насилен. преку тоа јас лично не би поминала и ако го прочиташ моето второ мислење ќе видиш што ја советувам Спојлер и те молам внимавај на правопис, едвај Tе разбрав
Трај, арно си викаш, прво да видиме што на вестите ќе кажат, она нека чека. И ако само на крај рече дека "заради децата останале", од тоа победно нешто нема. А и тоа со сестрата, мислам зар треба нешто побеќе да коментира? И што има нејзините да дискутираа, или ќе чека додека сите имиња од фамилијата да ги изреди?
Mиме полека.Mислам дека не си ме разбрала убаво! препрочитај ми го мислењето. Kако и да е, не сме сигурни дали ја изневерува или фантазира за другата. Aко се само фантазии, без физичко неверство можеби и има спас за нивниот брак. Zатоа и велам да го заведе, зошто не е лесно да се фрлат 9 години брак. Mене сега ме загрижува тоа што бил физички насилен. преку тоа јас лично не би поминала и ако го прочиташ моето второ мислење ќе видиш што ја советувам Спојлер и те молам внимавај на правопис, едвај Tе разбрав [/quote] Мислам дека ништо не му фали на мојот право пис и дека све убаво се разбира само што е набрзина напишано,нека размисли тој за тоа дека фрла 9 години брак а не таа бидејќи таа наишто не стори напротив,противник сум на тоа дека секогаш нешто кога ќе тргне наопаку треба жената да превземе иницијатива а ако мажите го прчат на секоја 2ра жената е таја секогаш што мора да спасва врска или брак ноу веј,треба да се каже еднаш DOSTA E и ова го кажувам општо тоа што постојано фантазира за друга жена и женатаму ја нарекол со нејзиното име е поголемо неверство од физичкото и нема тука никакво оправдување за него напротив ако пропадне тој брак треба страм и него и на колегиницата негова да му биде што без трошка страм и тазе мажен си дозволила вакви работи,а за него и да не коментирам па уште кренал рака за овај нема ни трошка изговор мене ми предизвикува гадење така да виновник и сам ке си знае еден ден за све дека бил тој...
Не разбирам каква врска има сето ова со моето мислење? Зошто ме цитираш мене, кога јас и давам совет сосем спротивен од тоа што го пишуваш ти?? Наместо да пишуваш на брзина, прочитај ги убаво мислењата. Вака само ствараш непотребни тензии и ја полниме темата со офтопици. Никој не рече дека треба жената да попушта прва и да се бори да го спаси бракот. Муабетот е дека ние не знаеме дали тој ја изневерува. И не знаеме дали меѓу нив се случило нешто што го оддалечило од неа. Ако е така, ако тој не изневерил, а таа на некој начин го одтурнала од себе, треба да се обиде да го придобие пак. Спојлер Ова колку да ти објаснам за што станува збор. Моментот со физичкиот напад ги носи нештата во сосем друга насока, букетцвеќе ме сфати убаво. И напишав во моето второ мислење оди погоре прочитај дека и јас сум изреволтирана од неговото однсување И извини ама не се согласувам дека емотивното неверство е полошо од физичкото. Ако јас помислам да убијам човек, дали сум исто крива како да сум го убила?? Ти никогаш во животот не си фантазирала за некој пејач или глумец?Ако е така според ова твоево ти емотивно го изневеруваш дечко ти. Мислам дај.... Од ова се гледа дека не си прочитала убаво. Никаде не се спомнува дека колешката возвраќа на неговите провокации. Од кај знаеш, можеби таа си е среќно мажена и го гледа како пријател, без воопшто да знае дека овој фантазира на неа?? Спојлер мене ми се случи нешто слично. Пријател и колега на вереникот мој, ме додаде на фејсбук и почна да ми пишува. Му одговарав на пораките мислејќи дека се пријателски, ни на крај памет не ми падна дека колега и пријател на маж ми би пробал нешто со мене. Се додека една вечер не ме покани отворено кај него на работа, беше трета смена.Нормално му кажав на вереникот и прекинавме секаков контакт со него. Спојлер И те молам, полека. Јас ти одговарам со убав, пријателски тон, а ти си дрска со мене. Нема потреба, тука само дискутираме за ставови.Поздрав