Веднаш по таа случка заминав од дома,со измешани чуства,збунета,бесна,повредена,затечена дека прв пат насилно да изреагира,а самиот знае што мислам за физичкото насилство воопшто,како и за мажите кои го применуваат.Размислував и тогаш и сега што понатака,си викав ај да бевме сами,без деца,едноставно ќе си се разведев,без да размислувам за спас на бракот,но вака е покомплицирано.Па почнав да размислувам за разведените родители од поблиската околина,посебно нивите дечиња,како поемотивните деца тешко го прифаќаат тоа и како се развиваат понатака,бидејќи кај мене големото е премногу емотивно.Најмногу примерот на блиски пријатели,каде детето,по разводот,од свои 10-11 години е во анксиозна состојба и сега мора да биде под терапија.Затоа побарав да видам размислувања овде на форумот,каде секој, без никаква пристрасност, ќе си го изнесе размислувањето. Точно тоа го кажав,како да си ме слушнала Ма како не си признавам,си признавам дека не води добро за мене,затоа првиот чекор што го направив е почнав да си давам време за себе,бидејќи преходно за сите имав време,само за себе не.Почнав со ситни работи кои ме исполнуваат,со ситни чекори,но битно ми беше да тргнам во нагорна,не во надолна линија. Синоќа разговарав со него,ми вика џабе си ја јадеш душата,нема ништо,како можеш да се споредуваш со некоја,од која си подобра во секој поглед,зар мислиш дека би ја погледнал нејзе на тој начин.Му кажав дека јас не се споредувам со никого,туку дека тој ми ја пика под нос,а за подобра полоша не е некој фактор за нив мажите да се залетат по некоја и дека патот му е отворен нека си оди со неа,само некако мислам дека оваа појма нема од сето ова.
Злато, мислиш дека помали шанси има децата да ти доживеат анксиозна состојба ако растат во несреќен брак? Ако гледаат дека мама и тато не се среќни? Јас не сум пристрасна, јас сум реална, а состојбата е таква. Според мене поминуваш низ нешто низ кое што не смееш да поминуваш, дури ни поради децата. Исто така познавам многу случаи, ако не и сите кои ги знам, каде кога еднаш ќе простиш физички напад од мажот, тоj се повторува. Мислиш посреќни ќе ти бидат децата, ако, не дај Боже некогаш видат како мт те удира или навредува? Да не зборам за твоите други сомнежи ... како тие ќе влијаат на твојот спокој? Како таквиот нарушен спокој ќе влијае на твоите деца? Имаш на другите теми деца на разведени родители кои баш тврдат дека колку подолго чекаат родителите и седат во таков брак, толку е полошо за децата. Ниту на едно мислење не наидов во кое се вели дека мајката требала да толерира и да го сочува бракот. Што ако твоите деца од ова еден ден научат дека ради децата жените треба и физичко семејно насилство да толерираат? Колкава услуга ќе им направиш ако останеш во таков брак без претходно да ја добиеш заслужената почит, љубов и посветеност од мт? Подобро мирен развод, отколку брак исполнет со горчина и страдање. Не треба да се потценуваат децата, мали се, но се` чувствуваат. Покажи малку иницијатива и став. Стравот за децата од разводот мт многу убаво го чувствува и додека го чувствува ќе си прави што си сака.
Грешка сте направиле што сте ги инволвирале и твоите, немало потреба да знаат за дотичната колешка. Секој брак си има свои кризи и колку повеќе ликови се вклучени и запознаени со еден проблем истиот и потешко може да се реши, особено доколку тоа се нашите родители. Тие се субјективни и нормално дека ќе заземат страна и ќе останат запрепастени после споменувањето на името. Доколку не знаеле за неа т.е доколку ти не си им кажала (немало потреба да ги секираш родителите посебно затоа што е си сигурна дека имало изневерување и не си сигурна што и како сакаш да преземеш во однос на проблемот) сигурно би останале сите рамнодушни. Име како име, колешка на мм и толку, а вие дома ќе си решавате. Нормално дека ќе ти речат дека те подржуваат и дека ако сакаш да се разведеш дека се тука за тебе....по Богу нивно дете си,сигурно нема да те остават да тонеш во несреќен брак. Но, прашањето е- дали бракот и навистина Ви е толку несреќен и дали навистина би биле со среќен развод спасени од еден мизерен брак? Дали навистина вашиот брак е завршен во секој поглед, дали децата се сведоци на една дисхармонија? Ако одговорот е да, тогаш разводот е решение. Не знам за вас, ама јас не би ставила туку така крај на бракот, не кревам раце тукутака...ако знам дека мм ме сака, дека може пак да бидеме среќни би се борела за него т.е. за нашата љубов. Мислам дека маж ти малку повеќе можеби се фасцинирал од колешката, може го воодушевила со некои постапки ама никако не смеел да брише броеви, да крие јавувања и сл. Со тоа само станал сомнителен и самиот направил проблем онаму каде може и го немало. Затоа и рекол дека брише за да не се карате...уште повеќе ја уплескал работата. А плус и колешката е мажена, немало никаков фид бек....јас и ова би го земала во предвид. Доколку јас се најдам во ситуација како твојата прво би се убила од плачење, навистина, би се запрашала што е таа толку подобра од мене, би си ги испоанализирала постапките дали јас на некој начин со моето однесување сум го бутнала од мене и сум направила друга жена да дојде на мое место и тој од неа да биде обземен. Доколку сфатам дека не е проблемот во моето, ајде така да речам, невнимание, тогаш би седнала и со мирен и смирен тон би се обидела да го решам проблемот, да ја вратам магијата во бракот и да си го спасам бракот и ако постои макар и најмала шанса моето семејно гнездо да се сочува (посебно затоа што нема докази дека имало неверство) јас би се обидела да го сочувам. Разводот е последна опција на која би се решила само и само доколку сфатам дека нема љубов меѓу нас и дека залудни би биле сите мои, т.е. наши обиди бракот да успее. Не оправдувам и јас физичко насилство и ич, ама ич не ми се сфиѓа тоа што физички те нападнал индиректно поради неа....ова е за најголема осуда. Можам да препоставам како си се чувствувала . Маж ти ти треба да знае дека ние жените сме љубопитни суштества и требало да знае дека не трпиме конкуренција .....мм на пр. си знае дека и јас го шпиунирам од време не време. При еден неврзан муабет му кажав- памет у глава дечко, се` гледам, се` снимам...ти спиеш јас баратам по тел. по пораки, по вибери, мибери... И така си знае дека е шпиуниран, за да нема после -не ти кажав.
Ако некој комуницира преку скајп, лесно можеш да го фатиш. Другар мој работи во агенција и може да инсталира скрипта за следење на разговорите преку скајп. Тој обично тоа го прави за родители кои сакаат да знаат што им прават децата на онлајн, ама истото е фактички и за секоја ситуација кога сакаш да видиш што маж ти или дечкото зборува преку скајп. Ќе се видат сите негови контакти, со датуми и време точно до секунда и целосни разговори. Не верував додека не видов со свои очи. Скриптата влегува во неговиот скајп без воопшто да побара пасворд
Здраво феминки. Имам пријателка која е многу очајна поради ситуацијата во која се наоѓа. Во брак е веќе 20 години и има 3 деца на возраст од 12-18 години. Таа се сомнева дека нејзиниот маж ја изневерува, зашто има повеќе докази. Од нејзини пријателки, пријатели и' стигнуваат информации дека оди со друга, а тој пак постојано се колни дека нема ништо и секогаш негира. Но, исто така тој често разговара на телефон и постојано кога одам кај нив, него го вознемируваат на секои 5-10 мин. Мислам, очигледно е дека има нешто. Женава е и физички малтретирана, честопати ја тепа и таа сепак седи со својата фамилија, не се одделува. Всушност, и да сака да избега од него нема кај да оди, зашто нејзините не се во состојба да ја гледаат бидејќи и двајцата се болни. Муабетот ми беше дека таа нема поткрепа од нејзиното семејство, не можат никако да и' помогнат, па и да сака да си оди-нема каде. Верува и во натприродни сили, честопати си ја бара среќата кај луѓе, но нема фајде од тоа. Кога таа му сугерира за неговите постапки, тој нема излез и тоа и го возвраќа со физичка сила. Некаков совет од поискусните жени, девојки, мајки...зашто жената е во безизлезна ситуација.
И јас исто мислам,зошто да трпи малтретирање и понижување,сепак мислам семејството да смогне сили да и помогне и ти како пријателка колку што можеш,бар за почеток.Не е најважно дали ја изневерува,кога ја тепа и ги изложува децата на таква тортура
Едноставно не сака да ги напушти своите деца, а и да се разведе нема каде да оди. Не сака да ја растура својата фамилија :/
tropical, значи брак во кој има насилство, малтретирање и понижување подобро да заврши.Пријателката твоја најверојатно и е тешко да ги превземе првиот чекор кој е и најтежок но од ова полошо нема.Ич да не, децата ќе ги поштеди од трајни психички трауми.Одење по бајачки и трошење енергија на глупости не помага, значи и тоа отпаѓа.Еве конкретен чекор, твојата пријателка нека се обрати до Центарот за социјални работи и да се распраша за центрите кои прифаќаат жртви на семејно насилство. Имено, Министерството за труд и социјална политика досега има отворено 4 Регионални Центри за лица жртви на семејно насилство во: Скопје, Битола, Кочани и Свети Николе. Центарот за лица - жртви на семејно насилство обезбедува дневно и привремено прифаќање и згрижување на овие лица, кое може да трае најмалку три месеци со можност за продолжување до една година, давање советодавни услуги, услуги во врска со исхрана, дневен престој, одржување на хигиена и соработка и поддршка од граѓански организации. Ако има таков центар во нивниот град или соседниот и ако ги прифатат во центарот, за тоа време додека жената престојува со децата таму, нека поднесе тужба за развод на бракот.За една година, жената или барем поголемото дете кое ако добро прочитав има 18 години да гледа да најде некоја работа.Ете, мој совет, едноставно ако сака да смени нешто во својот живот и во животот на своите деца, мора да смогне сили.Јас сум многу сочуствителна и претпоставувам дека ќе има доста проблеми жената.Ама вреди за децата па и за самата себе, зошто да не, не и престанал животот.Баш оти е еден не е должна да биде тепана, изневерена и понижувана.
E па тогаш, нека си ќути и трпи како во задните дваесет и кусур години,за да не си ја растури фамилијата
Нели мислиш дека фамилијата е ододамна растурена? Што ако рамката е picture perfect во очите на останатите, кога позади сликата вистинската фамилија ја нема.
Подвлеков болд со причина. Значи, не е причината сместување за неодењето кај нејзините? Ако имаат една соба да и дадат веќе проблемот дека нема каде да оди е решен, и е многу подобра опција од центар на згрижување. Имам видено вакви центри кои функционираат со години, и кога би знаела дека пријателка трпи семејно насилство попрво би ја згрижила на кауч во дневна отколку во центар да оди. Сепак и центар е подобро од ќотек, ама некој порадо би го истрпел ќотекот. Плус ако родителите и се болни, нема што они да ја гледаат, дури може и да им се најде таа на нив. Доколку се финансии во прашање кога станува збор за гледање, за двете малолетни таткото уште треба да плаќа, претпоставувам две се малолетни, ама за секое малолетно се плаќа алиментација. Таа и поголемото ќе мораат да се снаоѓаат сами со што најдат од работа со тоа. Важно да имаат кров над глава. Сепак, таа треба да си реши самата што сака, или што мора да направи за нејзината фамилија. Тоа што ти ја гледаш од страна и мислиш како би и било подобро нема да го смени нејзиното. Да си 20 години со некој, не верувам дека е од вчера тепана, па да и текне денес дека така не се живее. Ако таа смета дека може да држи некаква нормала, каква и да е, со замижување на швалерки, со гатања и гледареци и трпење ќотек и по ниеден основ не сака да се оддели, тука ти со ништо не можеш да и помогнеш. Можеш само да си го добиеш преку нос од пријателката дека го пикаш во друг живот па и без тебе да остане како потпора кога и треба некој барем маките да си ги искаже.
ај и јас да си кажам... Исто сме во брак (без деца) и досега е навистина убаво, заедно го поминуваме времето и се си правиме заедно, но сепак он многу често излегува без мене (кога мене не ми се излегува). Ме прашува, а мене не ми е ќефнато и ќе му речам оди де...и добро, ќе оди со другари, ќе се видат, лаф муабет ќе свртат и се слушаме нон-стоп и знам каде е, еве никогаш не сум посомневала или да сум го фатела воо лага. И кога излегува со нив, секогаш ми вика дојди, а јас Ама ако е сега вака, исто ли ќе биде кога ќе имаме деца / ако имаме? Проблем ли е, решлив ли е? Ќе ми значат вашите совети
Прашањево: што ќе биде, кога би било ( шта би било, кад би било). А да си уживкаш и да се потрудиш кога ќе те повика да излезеш? Барем сега кога немате деца оти после и да сакаш нема да можеш, треба дадилки да бараш. Дали ќе биде вака и кога ќе имате бебе? Тоа никој не знае, не знаеме што ни носи секундата, а не пак да размислуваме подолгорочно за вакви работи. Не се оптеретувај со непотребни мисли.
Фала ти!! Не се обидувам да најдам игла во сено, знам дека со деца се ќе се смени... се надевам на подобро. Ама ги читам феминкиве со вистински проблеми исто почнало со излегување навечер до касно
Не бе душо тие што излегуваат за да шараат, не би ги ни прашале сопругите дали ќе излезат со нив. Тој излегува со една цел, ако може да го брцне некаде.
Нормално. Овој нејзиниот си ја вика да излезе со него, што значи не шара. А утре ако имаат деца можеби па и нему нема да му се излегува. Можеби повеке време ке сака да е со децата. Не се сите мажи исти. Некои се грижливи родители и верни сопрузи.
Проблем е. Зошто? Не за тоа што би било еден ден, туку затоа што е сега. На тебе ти пречи неговото излегување. Ти не сакаш да излезеш кога тој те вика, тоа оди де ми падна во око. Дали го очекуваш да знае дека не треба да оди, ти сакаш со тебе да седи. Не си го фатила во лага, знаеш каде е, не се сомневаш, оти го слушаш на телефон. Како ќе реагираш ако една вечер кога излегол не ти се јави да го чуеш каде е и со кој е? Со самото тоа што постот ти е во оваа тема, одговори искрено на себе си. Тој страв дека проблеми си прочитала кај други феминки дека почнале со доцни излегувања на мажите со другари не го препишувај на секој маж. Маж не мора да излегува до касно за да го тоа направи, и денски може.
Не не прашувај нас дали е проблем, прашај се дали тебе ти е проблем. Прво мислев дека се работи за денско излегување, гледам си пишала до касно навечер. Ако е често и тебе ти смета разговарај. Не се само љубовниците проблем во еден брак. Ако нема љубовница, во ред е да излегува често без тебе до касно во ноќта? Не очекувај детето да ви ги среди проблемите, поставете ги границите порано.