prasaj gi vo laboratorijata kaj sto si go pravela testot ke ti kazat zatoa sto referentnite vrednosti variraat od laboratorija do laboratorija... obicno na tie testovi pisuva dali si pozitiven ili negativen
Не пишува ништо доле во забелешка Дека вредностите ми се во граница, само ме збуни бројката што ми е од резултатите
Многу е значајно после колку време од односот го правиш тестот и кој тест е користен. Значи, секој тест се прави во одредено време. Инфектолозите кои работат со ХИВ тоа најдобро го знаат. Може да направиш ELISA, доколку е позитивен се прави WesternBlott и со 2 такви позитивни се потврдува ХИВ позитивитет.
Јас заради операција испитував хив и хепатит. Кај хепатит б и ц има референтни вредности -под колку е негативно, над колку е позитивно, кај хив нема. Пишува само негативно. Кај мене стои Vidas Hiv1+2.
Дечки ве молам за мислење, имав заштитен однос и се но прочитав на интернет дека хив може да се пренесе и преку бакнување доколку имате некоја рана во устата и двајцата итн, е сега јас имав афта на јазикот но не беше крвава беше нормална афта и исто така имам проблем со непцата имам почесто крварење додека мијам заби но ние имавме однос после неколку часа 3-4. Е сега партнерот колку што знам немаше никаква активна рана или крварење но сепак пак се прашувам што доколку имал, кажете ми дали сум во опаснот од зараза заради самата афта и моите чуствувителни непца што малку крвареа неколку часа пред односот? Тој имаше направено хив тест во ноември и бил негативен, ние имавме однос во февруари, и сега самата помисла дека правел хив тест тоа значи дека имал многу партнери и ме плаши дека можеби нешто постои. Ве молам за мислење.
Треба да имаш ептен голема рана у уста, многу крв, он исто (плус да е позитивен) за да се заразиш. Башка плунката игра голема улога околу преносот, помага во спречување на инфекцијата до одреден степен. Значи крварење на непца и афта, не е исто што и отворена рана. Тоа што правел хив тест е супер, еден куп се хефтаат наоколу и никад не се проверуваат. Не мора да значи и дека проверка на хив статус е показател дека едно лице мења многу партнери. Можда е хипохондра (ова од лично искуство). За да бидеш целосно сигурна и да се смириш, оди во ,,Заедно посилни", направи си тест, анонимно е и бесплатно. Плус и ќе разговараш со стручно лице кое убаво ќе ти објасни за сѐ околу преносот, ќе ти ги разбие сите митови, стравови и глупости кои ги читаш на нет. Вработените се многу фини, нема потреба да се плашиш и устручаваш. И помалку читање од интернет.
Тоа е затоа што постојат различни тестови, не се делат само на лабораторија и оние брзи за 30 минути (за кои мислам дека треба 90 дена), и од тие преку лабораторија има различни. Доколку сакаш да направиш, слободно оди во Заедно Посилни во склоп на инфективна, пред земањето крв имаш кратка анкета со психолог и таа ќе ти објасни се. Како што пишале погоре, многу се фини и комуникативни. Лично, направив тест еден месец после незаштитен однос кој беше негативен, но се сложивме дека треба да отидам на ретестирање за два месеца чисто да бидам сигурен. Мислам рече дека нивните тестови даваат одреден процент на точен резултат после 4-6 недели секако со препорачано ретестирање после 3 месеци за сигурност, но не сум сигурен. Отиди си за најсигурно, брзо е и бесплатно, а резултатите се за 2 дена (дури ми даде и број да се јавам наредниот ден во случај да се готови).