кога девојката оди на заболекар а тој работи со заразени инстрименти без да знае може да пренесе инфекција па дури и сида-затоа постои процесот на стерилизација на истите од земање на крв со заразена игла без да знаеш можеш исто ако девојката/жената толку се плаши нека си направи беслатен тест па да види на што е младински центар САКАМ ДА ЗНАМ Водно-3 176-950 работат од 12-17 часот Шуто Оризари-2 651-955 од 12-17 часот се закажува
Moжеби се занесов малце, ама проблем си имам со лимфниве жлезди на препони па гуглам постојано, барам лек... ама полошо изгледа направив, прочитав дека тоа е еден од симптомите за ХИВ! Сега страв у коски имам. Незаштитен однос имав лани во јануари, ама во април давав крв и никој ништо не ми рече кога ми ја проверуваа крвта пред да дадам, ниту пак ми се јави отпосле (нели се јавуваат ако имаш проблем некаков). Сега сум наумила ке одам да се проверувам, па да ми кажете каде се прави бесплатно тестирање ако знаете, ве молам. Фала ви
Мислам дека ако си дарувала крв имало и проверка за ХИВ. Кога една моја другарка даруваше крв после една недела и се јавија да и кажат дека има Хеп Б, и да оди на инфективно на проверка. Така да мислам дека немаш простор за паника, но во секој случај ако сакаш оди на институтот за микро на клиника и можеш анонимно да си провериш ХИВ. Тоа е институтот за микро на клиника, односно кога одиш по уличката кон ресторанот Галија, после задниот влез има едни скалички, се качуваш и одма десно е институтот надоле по скалички. Никогаш нема гужва како на микро-лабораторија и можеш слободно да си провериш. И дај луѓе КОРИСТЕТЕ КОНДОМИ!!!!!
Devojki ve molam za sovet ne znam kako da se spravam me ubivaat mislive, znaci kako prvo golem hipohondrik sum, sum pravela testovi za nekolku teski bolesti poradi moi somnezi no ispadnale negativni a sega pak mi se javuvaat golemi somnezi ama okolu HIV so mojot bivs decko so koj sto raskinav pred edna nedela nekolku pati imavme samo oralen sex a on e poaktiven i se somnevam t.e sigurna sum deka i so drugi zenski mozebi imal (so kojznae kakvi kurvetini ) a pred edna nedela raskinavme a nedela pred da raskineme mu rekov deka se plasam od HIV i deka sakam da se proveri i taka ostana, ne razgovaravme poveke na taa tema i posle edna nedela on zestoko predizvika da raskineme bez nrkoja jaka pricina i sega se plasam deka mozebi doznal deka ima HIV i se plasi da mi kaze pa zatoa mi raskina na toj nacin leleee kolku se plasam nemozam da vi opisam, ne mi e tolku za mene kolku sto ne sakam da zarazam vo idnina na primer nekoj sto ke go sakam vistinski moze li vo bilo koja laboratorija da se ispita hiv?((((
Како може да се добие хив ? освен со пренесување со заразено лице како може да се добие не ми е јасно значи мора да имаш контакт (секс) со заразено лице од хив за да добиеш?? Доколку имаш секс (орален) со лице кое има некоја инфекција (мислам кандида ) освен таа инфекција со ке се пренесе може некако хив да ссе добие ?? Глупо е знам ама паничам
ХИВ вирусот се добива преку трансфузија (обично во посиромашните земји)и при допир со крв и сперма. Исто така може да се пренеси и преку бакнеж и доколку постојат ранички во устата, но ова е многу ретко. И преку орален секс може да се добие доколку некое од лицето кое го пружа или дава е инфицирано. Како што те сфатив прашуваш дали некој доколку има кандида може да добие ХИВ? Кандидата е габично заболување, додека ХИВ е вирус и тие немаат никаква допирна точка меѓу себе. Истотата доколку некој има кандида и ХИВ се пренесуваат заедно, доколку мислеше на тоа. За хив вирусот е потребно да помине определено време за да биде откриен, не се открива веднаш по инфицирањето. На гоогле можеш да најдеш многу информации за сидата.
Читав ама изгледа не сум сфатила инаку дечко ми не е заразен со хив...само кандида имаме па мислев таа оти не се леччила да премине во хив глупости
Расте бројот на заболени од хив. Тоа го прочитав сега на вести. Значи трогната сум,онака некој страв без прричина ме фати..
^ Баш прееска во Дневникот на Сител кажаа дека оваа година, значи во рок од скоро 3 месеци има 11 заболени од сида. Фрапантни и загрижувачки податоци се ова.
Девојки сакам да ве прашам дали може да сидата да се пренесе само при допирање со раце по половите органи како на пример дечкото прстите да и ги стави во вагината на девојката и обратно девојката кога го фаќа дечкото за пенисот кога е влажен?
Може доколку има постојат некои рани на раката, иако шансите се мали. Сидата се пренесува преку крв и незаштитен сексуален однос,
ХИВ вирусот не се пренесува на овој начин. Досега никаде не е пријавен случај на ваков пренос на ХИВ. Сексуално, сидата може да се пренесе само преку незаштитен ВАГИНАЛЕН и АНАЛЕН секс. Дури и оралниот секс не е ризик. Воопшто немаш никаков ризик ниту потреба од тестирање од овој случај.
Луѓе незнам како да не живеам во страв. Мислам дека сум заразена и се испитав два пати во две приватни лаборатории и тестот беше негативен. Тоа беше во 2012 и сега ми е страв да одам пак да се тестирам. Дали црвенилото на некои места на телото и бубулици може да бидат симптоми на зараза. Ве молам за одговор.
Осип (rash) е еден од симптомите на ХИВ, како и на милион други болести, затоа симптомите никогаш не се користат за дијагноза на ХИВ. Како изолиран симптом може да се појави меѓутоа премногу ретко. Најчесто има и други симптоми како покачена температура, болка во грлото, потечени лимфни јазли итн. Но, овие симптоми се појавуваат најчесто 2 до 4 недели по инфицирањето со ХИВ вирусот и се повлекуваат 2 до 4 недели од нивното појавување. После тоа настанува период во кој нема нема никакви симптоми во следните неколку години. Имајќи предвид дека поминаа 2 години од ризичната активност, сметам дека ваквите симптоми немаат никаква врска со ХИВ. Најдобро обрати се кај кожен специјалист за да ја утврди пришината за осипот. Што се однесува на тоа дали си ХИВ позитивна, мислам дека нема потреба воопшто да се плашиш, ХИВ вирусот е кревок вирус кој е мн тешко да се пренесе. Исто така, тој е многу редок во Македонија и е главно распространет кај МSM популацијата и нивните сексуални партнери. За да можам подобро да ја проценам состојбата, треба да ми дадеш информации за тоа после колку време од последната ризична активност го направи првиот тест, а кога вториот и каков е типот на тест (доколку знаеш и доколку ти кажале). Дали имаш друга ризична активност од тогаш за која се плашиш и од кој тип е истата?
Вториот тест беше по два месеца по првиот. Незнам ама многу се плашам од било какво правење на тестови, било тоа за хив или за нешто друго. Пак ќе одам да се проверам и многу сум хипоходнрик. Се мислам дека нешто такво ќе ми се случи.
Уживај. Од толку стрес други болештини ќе си закачиш и имунитетот ќе ти падне. Два негативни теста се нешто. Земи воздух, опушти се. Осипот може да биде последица од многу нешта, па меѓу другото може и како последица од стрес да се јави.
А дали воопшто имаше ризична активност после која се тестираше? Како и да е, ХИВ тестовите се едни од најпрецизните тестови воопшто направени. Два месеци перид помеѓу тестови гарантира дека си ХИВ негативна за периодот пред тестовите. Мора да веруваш на тест резултатите. Лично мислам дека ХИВ не е твојот проблем туку анксиозноста, како што и сама сметаш. Стресот и стравот се најголеми непријатели, посебно кога се хронични. Не сакам да набројувам какви се симптоми можат да предизвикаат, но ги опфаќаат сите симтоми за ХИВ. Зборувај на оваа тема со твојот матичен, кажи му дека си хипохондрик и барај некако да ти помогне. Добро е да се тестираш бидејќи многу специјалисти препорачуваат рутинско тестирање секоја година. Тестирај се за сите сексуално преносливи болести со еден тест, не само за ХИВ. Има мн. други покрај ХИВ-от кои се мн полесни за да се добијат. Јас сум сигурен дека немаш ништо, но мислам дека само негативен резултат ќе те разубеди.