Моментално без кредит А да те прашам дали е така ко шо пишува на интернет дека ти зимаат крв од прст и за 15 минути ти е готов тестот ?
Да, од 10 до 15 минути е, од брзите тестови имаат, 3та генерација мислам. Оди кога ке имаш време, не мора да оставиш никакви информации. Доколку не си од Скопје, има комбе и врви низ сите градови во Македонија.
јас пред дена година некаде имав незаштитен однос, веке не одам со тогашниот дечко и сум немала од тогаш никаков, ама баш никаков контакт со машко. е сега ме фати грип и ме држи подолго време па гуглајки наидов дека тоа е еден од симптомите на хивот. крвна слика правев обична и се ми беше во ред, е сега незнам не ми е јасно кај треба да се обратам за тестови, мислам дека би требало да направам? редовна менструација имав од секогаш и се уште имам, немам никакви промени никакви инфекции ништо друго, само омалаксаност кашлам главоболки..вообичаетното за настинка,, викам да проверам,макар и за секој случај само да биде, колку да ми биде мирна душата шо се вика.
Бесплатни тестови имаш во Хера, има погоре некој пишано телефонски број, можеш да се јавиш да прашаш. И јас имам на ум да одам, ама никако да соберам храброст.
оф незнам што да правам.. не сум од скопје а и мислам дека не сум во некја голема можност скоро време да одам.. е сега незнам кај нас во мојот град пишува во градската болница ваљда ке му дојде или така нешто... и незнам КОЈ ги прави тие тестови затоа што не сакам тоа да дојде до моите дома...
Анонимни се тестирањата не грижи се за тоа, само отиди таму каде што си видела дека вршат тестирања за хив.. Секако никој нема да дознае. Секое добро
дали може некој што се тестира да ми објасни стварно се плашам некој д ане дознае.. кој ти ја зима крвта и тоа како иде,.може баш таа ке ме познава стварно некој нешто некоја информација повеке..
Нормално ти земаат крв, дали од вена, дали од прст, како и при рутинска контрола на крвта, само што тестирањето на крвта е поинаку. И да те познава тој или таа што ти зема крв имаат морална обврска да не кажуваат на никој. Чест на храброста твоја. Не грижи се, се ќе биде во ред.
не верувам баш во тоа..да дека има морална обврска,...ама во секој случај луге како луге.. незнам стварно не знам што да правам најискреноо.. мисливе ке ме утепаат само..ништо друго
И јас мислам цело време на тоа и знам како се чувствуваш. Јас уште утре би отишла да се тестирам, не се плашам некој да не дознае туку се плашам од резултатот и поради тоа си одложувам, а психички попуштам со нервиве затоа што ме убива помислата на тоа. Не знам што би те советувала затоа што и јас поминувам низ таква агонија, хипохондрик сум и се плашам од секакви болести, за хив па да не збориме. Ако имаш храброст оди уште утре, устата на луѓето не можеш да им ја затвориш.
па сега се мислам за што може да измислам дека ми треба тој тест за хив..ама како што викаш ти мислам дека повеке се плашам од резултатот.. да отидам скопје некаде каде шо никој не ме знае мислам дека ке имам храброст да го направам тоа
Таму нема да те прашаат зашто се тестираш. А ако имаш можност да дојдеш во скопје уште поубаво за тебе. Многу често, на оние коишто аплицираат за работа во странство им бараат да се тестираат за хив.
mislam deka ne ovie ovde ke im zdosadime ako sakas mozeme da si pisyvame vo poraki samo jas i ti..sakam da razgovaram so nekogo mislam deka dobro ke mi dojde so tebe,deka go imas istiot strav a i anonimni sme..paa ako sakas pisi mi...
Сите приватни лабаратории прават ХИВ тестови, без упат од матичен, без ништо, цената зависи од лабараторија, јас го платив 900 денара коа ми требаше за виза вадење
Грип 1 година по незаштитен однос нема врска со ХИВ. Тестирај се за да ти помини стравот, а да си знаеш дека немаш симптоми.