1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали моногамијата е нормална појава?

Дискусија во 'Врски' започната од Aquamarine93, 30 јули 2017.

  1. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Во развиените западни земји, во последно време се дебатира отворено на една доста контроверзна тема: “Моногамија“.
    Некои критичари, излегуваат со отворен став дека еволутивно, човекот никогаш немал предиспозиции да биди моногамен. Од друга страна, научниците тврдат дека тајната на склоност кон моногамија кај една индивидуа се крие во генетскиот код. Луѓето кои се склони кон неверство, обично имаат и тенденција за развивање на зависност. Алкохол, цигари, you name it.

    Од друга страна, во Македонија неверството во врска/брак полека станува нормална појава.
    Поради силна стигма и табу, речиси и да не се зборува на оваа тема, но затоа се практицира многу често.

    Што мислите, дали еволуцијата наложила луѓето да бидат моногамни или треба да ги следат природните инстинкти?


     
  2. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    sakas da kazes deka ne e normalno 1 maz da saka samo 1 zena i ona nego deka ne e mozno oni da bidat zaedno bez da se izneverat ??
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.052
    Допаѓања:
    76.051
    Пол:
    Женски
    Грешка, ги помешав поимите. Изгледа стварно е време да си легнам. (waiting)
     
    Последна измена: 12 август 2017
    На Vitaly, Dadusicka и biGirl им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Моногамно = монотоно
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Се е до избор и на кој што му одговара.:party:
    Секако, лончето треба да си бара капаче, особи кои не можат да остварат моногамна врска треба да си бркаат други такви особи а не да лажат, сеат хаос и упропастуваат туѓи врски и бракови.
    Особи кои сакаат моногамна врска треба да си бараат исти такви, ако едната страна имала 22 партнери до сега нема да остане на 23, тоа е...и после разочарања, пиење, драми.
    Може тука да се мота наоколу илузијата за менување на партнерот но тоа е само илузија и ништо повеќе.

    Ок после доаѓа време кога особи несклони на моногамија демек ќе се скрасуваат па ајде брак ова она и тогаш тек почнуваат ситуцаии кои понекогаш завршуваат во црна хроника. Не можел некој или некоја 36 години пример да се ангажира во моногамна врска али сега нагло ќе ја биде работата. Не оди тоа така.

    Не е до моралот него до чиста ситуација која не остава опашки и срања понатаму. Не треба којзнае што, само најминимално познавање на самите себе и барем 90% од проблемите би се решиле во светот:D. Нема ништо лошо во свингерај но со лица кои се исти такви, а не дома светец/светица а по нет закажува распаљотка некаде. Барем сега е полесно за таквите особи да се најдат со социјалните мрежи.
    Чудно е што раја има некои нестварни, фантастични, филмски очекувања од сексот сам по себе.

    Јас како изразито емотивна и романтична особа сум за моногамија, настрана што е најпрагматична ствар.:party:
     
    На Dentina, Outlook, ♣ Alba Viduam ♣ и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Моногамијата е избор кој произлегува пред сè од природата на нечиј карактер. И не мислам дека е нешто што отстапува од нормалното. Која е поентата на врската или бракот ако немаш намера да останеш верен во нив?
    Јас не се поимам себе си како полиаморична личност, ниту пак имам потреба да барам уште некој/некои надвор од врската која ја негувам. Аналогно на тоа, таквите „врски“ не би можела да ги наречам врски затоа што ми се нелогични. Едноставно тргнувајќи од себе не гледам реална потреба за повеќе партнери, кога веќе би имала до себе личност од која можам да добијам сè. :)
    И не мора да значи дека моногамните врски се монотони и досадни - не може да ти биде досадно доколку до себе имаш личност која ветува и негуваш врска во која постојат разбирање и компромиси. Неисполнетоста во врската не се должи на моногамноста, тука веќе влијание имаат сосема фактори.
     
    На Outlook, cresa-jagoda, Beauty.Mar и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.890
    Се' што ни е всадено во глава од мали, за нас е нормално. Да не учеле дека еден маж треба да има повеќе жени и обратно, тоа ќе ни било нормално. Инстинктите се веќе друга работа и ако ги следиме не верувам дека ќе сме моногамни.
    Лично мислам дека здрава средина, здраво општество, здрава младина и таканатаму здраво, може да се создаде ако се сконцентрираме на една работа, еден брак, едно семејство, една врска, една страст...и таму го даваме максимумот. Колку повеќе се расфрламе со енергија и време кои ни се ограничени, толку помалку квалитет создаваме.
     
    На senjorita-v, TheGoldenPeach, Matotheja и 8 други им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Нормално ти се чини на почеток од заљубеноста, првите месеци, можеби и помалку, после некое време нешто друго ти го одвлекува вниманието :?: и сфаќаш дека живееш во заблуда. Исто, кога си во тинејџерските години моногамија ти се чини единственото нормално.
    Инаку, многу е погрешно се што не е моногамно расположение да се оценува како разврат, промискуитет, неморал или неверство.
     
    Последна измена: 12 август 2017
    На senjorita-v, La profesora, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Сметам дека одамна ги поминав тинејџерските години и лигавењето по дечковци. :)
    Не си дозволувам да ме „заведат“ емоциите и заљубеноста до толку за да се почувствувам заслепена од нечија појава, а и знам што барам од парнерот, па некако како минува времето сè помалку имам нерви да влегувам во врски кои знам дека не би ми го понудиле тоа што ми треба.
    Не можам да сакам двајца, тројца, петмина истовремено, ниту пак би имала желба да одржувам контакти или врски сеедно, од таков тип. Едноставно не се пронаоѓам себе си во таква врска.
    Никаде не спомнав морално или неморално однесување, само кажав дека не ми е јасна потребата од барање друга личност кога веќе имаш некој покрај себе, затоа што не знам да функционирам така и тоа го припишувам како една лична особина и ништо повеќе.
    Ако дојде момент во кој би почувствувала дека врската станува деструктивна за мене, би ја прекинала, не би барала некој на страна.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Извини што ќе ти реплицирам на тебе, мада ова што ќе го кажам е повеќе општо но само ќе се надоврзам.
    Врска се прекинува ако ни здосади, ако увидиме дека и партнерот почнал да се менува на начин кој нас не ни одговара, ако едноставно посакаме нешто ново но...дали ако се работи за брак и се случи нешто од ова што набројав ќе го прекинеме? Ок, ајде еден, па ајде и два...ама повеќе веќе нема да е нормално нели!?
    Може јас грешам, може не сум во право. Би простила неверство во кое нема вмешано чуства, баш за да ја задржам хармонијата во бракот наместо се од почеток (и пак никој не би можелда ми вети дека ке е скроз посветен и верен)...
    Моногамијата е во ред за тие што ја посакуваат.
     
    На Dadusicka и Petar80 им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Познавајќи се, не би можела да преминам преку тоа дури и кога би се работело за брак, дискутиравме мислам неодамна и за ова некаде низ темиве. Неверство е неверство, без разлика дали имало или немало чувства. Не знам, јас навистина не би можела да живеам со тоа и не гледам иднина понатаму за таа врска.
     
    На hermosa, ♣ Alba Viduam ♣ и DAngel им се допаѓа ова.
  12. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Црна Ружа, па ти си бил романтичар. :u:
    :rofl:
     
    На Црна Ружа, buba4e89, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Супер раздлабочена тема.
    Особено кога ќе видам коментари од типот "па имаш 20+години треба да си зрел/а."
    Не, не не треба да се брои бројката на возрасната граница ако не знаеш да седиш на еден стол.
    Јас во Мкд не сум видела некој да е моногамен. Не треба да се прави разлика на статистика меѓу моногамични мажи и жени бидејќи резултатот е скоро ист.
    Јас би рекла се е како си воспитан и како си "завлечен" од една страна.
    Јас мислам дека не можат да се сакаат 2јца истовремено,човекот може да е привремено заслепен од нечии карактеристики и неможејќи да најде излез од таа навика станува моногамичен.
    Како деца велевме со 3јца се мувам и не знам кој го сакам затоа што со 3јцата ни се допаднал бакнежот ама тоа е минливо од кога ќе престанеме да се гледаме со сите истовремено.
    Љубовта е сосема друго и кога цврсто сакаш некој тој е само 1.
    А кога си во минлива навика меѓу 2 круга тогаш е моногамично.
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Од она што јас го имам согледано, на просечен Македонец му треба само прилика и шлицот сам паѓа. Не дека генерализирам, ама кај 80% вака е. Лигавење пред девојката колку ја сака, на фб и инста по неколку сајд чикс. Тешко е да имаш доверба во некого. Македонскиве жени си сфатија со кого имаат работа, па гледам и похрабрите бараат нешто настрана.
    И еве океј, знам дека не е кај сите така, има нормални врски, ама се помалку се за жал. :(
     
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.537
    Допаѓања:
    155.432
    Пол:
    Женски
    Кога сакам некој го сакам целосно и не чувстувам потреба да бидам со уште некој исто времено или да се замислам себеси подоцна. Дури и оние неколку со кои имам излезено се бројат на една рака и со еден интимен партнер, кој се надвам дека ќе биди тој, не зошто верувам во некоја моногамија или мислам дека е исправно да е еден туку зошто мене така ми одговара, на мојата личност, а и го сакам и неќам да размислувам за алтернатива нели. :lol: За да можам да бидам со некој, мора целосно да му верувам и да се чувствувам како јас покрај него.
    Сметам дека моногамијата е нормална колку и полигамијата - на секој онака како што му одговара. На некој брзо му здосадуваат работи и сакаат промена и нешто различно, повозбудливо, а некои сакаат нешто сигурно, за кое можат да се држат. Секој со желбите. (fingers) Сепак, покрај желбите, сметам дека и ете, домашното воспитување игра каква- таква улога во ова, во смисла да неможиме да се релаксираме, да живеевме во некој страв дека ете, можи нешто да ни се случи,а се работи за сосем нормална појава. Сметам дека сексуалната едукација мора да биди задолжителна во училиште, да се објасни на детето што е секс, што е моногамија, што полигамија и ред други поими де, како да се заштитат и ставот во општеството околу сексот, мислам дека и не треба да е толкава табу тема, особено тоа со „колку партнери“ си имал, да се намалат осудувањата (односно да се стреми кон тоа зошто нели сам човек неможи да направи промена врз голема група луѓе, но можи да иницира промена, постепено) покрај тоа и да се прифатат сексуални преференци, фантазии и бројки онакви какви што се.
    Со мал дел од мислењето можеби и забегав од темата, ама не ме карајте, ми дојде така да си кажам. :wasntme:
     
    На senjorita-v, Aquamarine93 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Зошто сите најморалните на форумот сте толку огорчени од машкиот род? Кој ве заебал толку? #УштеЕдноПрашањеКоеМеМачи

    Он топик:
    Ако партнерот ме исполнува емоционално, интелектуално и сексуално не би имала потреба да имам уште некој. Уште помалку би ризикувала да уништам таква хармонична врска. Доколку не ме исполнува - нема поента да бидам со него, секако ништо добро нема да излезе од таа врска. Нема потреба да се одолговлекува неизбежниот крај, или уште полошо, да бидеш несреќна цел живот затоа што си останала во врска/брак кој не те исполнува. Од тој поглед гледано, полигамијата ми нема никаква смисла. Хармонична врска/брак не може да вклучува повеќе од двајца.
     
    На Dust, Someonespecial, +++ и 3 други им се допаѓа ова.
  17. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Да ти пишат ако не име, адреса, нешто во пм?
    Некоја потресна приказна за која си гледала само на филмови? :o

    Иначе он топик:
    Нормалноста на било која појава е релативна. Ако за мене моногамија е нормална појава и ми одговара, на некој друг така му одговара полигамијата. Различен ментален склоп и тоа е тоа.
    А тоа што почна се поголем замав да зема полигамијата зад маска на моногамија во општеството е сасвим друга тематика.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Има други теми за неверства и за неизживеани македончиња кои после 30+ се однесуваат како пуштени од ланци.
    Ова е поинакво прашање. Човекот не е моногамно суштество. Може да живее така, бидејќи го ограничуваат околностите, ама сериозно, човек не може во мислите да има само една личност, целиот живот. Не секој е подготвен да си го признае тоа.
     
    Последна измена: 13 август 2017
    На hermosa, Bridget и crimson им се допаѓа ова.
  19. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Моногамијата претставува состојба на имање на само еден сексуаленпартнер во определен или долгорочен временски период.

    Постојат неколку видови на моногамија:

    • Социјална моногамија: кога две лица живеат заедно, имаат само меѓусебен секс, и соработуваат во обезбедувањето на основните ресурси за живеење;
    • Сексуална моногамија: кога две лице, за време додека се заедно, имаат сексуален однос само со партнерот, т.е. не практикуваат секс надвор од врската;
    • Генетска моногамија: кога двајца партнери имаат потомство само од еден партнер;
    • Брачна моногамија: се однесува на брак само помеѓу два брачни партнери.

    Зoштo пoлигaмијaтa oдмa се пoврзувa сo неверствo? Еден чoвек мoже дa имa пoвеќе пaртнери нaеднaш и без дa глуми мoнoгaмијa и дa лaже.

    Биoлшки гледaнo, немa никaквa смислa две единки дa се пaрaт сo сaмите себеси цел живoт, бидејќи тaкa имa пoмaлце вaријaции вo гените нa пoтoмците. Зaтoa нaд 95% oд сите живи oргaнизми се пaрaт сo еден пaртнер сaмo еднa сезoнa, пoтoa гo менувaaт.
    Кaј чoвекoт, мoнoгaмијaтa е дел oд мнoгу oпштествени и верски прaвилa и се прoмoвирa кaкo нoрмaлнa. Нaјверoјaтнo спaѓaме вo тoј мaл прoцент oд живoтните пoрaди нaшaтa евoлуцијa. Имaлo периoди кoгa сме живееле вo oрди и не се вoделo сметкa кoј сo кoј се пaри, нo сo рaзвивaњетo нa земјoделиетo и стoчaрствoтo се пoјaвилo и чувствoтo зa привaтнa сoпственoст, луѓетo пoчнaле дa се групирaaт бидејќи немaлo никaквa лoгикa мaж дa хрaни и чувa дете штo не е сигурнo декa е негoвo. Сo тек нa време тoa стaнaлo нoрмa, a вo пoвеќетo култури пoлигaмијaтa билa луксуз нa висoките клaси.

    Јaс сум рoмaнтичaр, сметaм декa пoкрaј рaзумoт, емoциите истo тaкa нè делaт oд живoтните, не стaпувaме вo врскa сo други луѓе сaмo зa дa се пaриме, туку зa дa се сaкaме и дa се дoпoлнувaме. Немaм ништo прoтив луѓе кoи штo не мoжaт дa се пoсветaт нa еднa личнoст oд билo кoјa причинa. Сaмo неверствoтo гo сметaм зa немoрaлнo, a тoa дaли некoј ќе биде вo врскa или ќе испaѓa сo пoвеќе луѓе зaвиси дo пoединецoт.
     
    На La profesora, Someonespecial, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Човекот е моногамен затоа што општеството така одлучило, ама по природа и во суштина, не е таков. И малку е терминот збунувачки, ако се водиме буквално, моногамија треба да подразбира брак со една личност, а овде се дискутираат врски и се останато поврзано со љубовта...
    Битното прашање не гласи дали човекот може да живее во брак со една личност, туку, дали човекот може да сака и да посакува една и единствена личност; одговорот е дека може, но во одреден временски период, кој не трае долго. Месеци се во прашање, година и нешто плус можеби. Цел живот? Не.
     
    На senjorita-v и La profesora им се допаѓа ова.