Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали моногамијата е нормална појава?

Дискусија во 'Врски' започната од Aquamarine93, 30 јули 2017.

  1. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Јас рефератот за тие алгоритмите го прочитав, убаво објаснето не дека не.
    Вториот не го прочитав, еве признавам.
    Мене едно ме замисли сега, се вака убаво сте пишале и објасниле на рационално ниво, а што во врска со емоционалното?
    Кога некои личности имаат нагон еве не за полигамија, попрецизен термин е полиаморија што во врска со тоа?
    Ете на таква личност ниту социјални мрежи и не знам ти што не влијаело, бидејќи конкретно пишувам за личности од минат век, кога мреживе ги немало. Личности кои поради неприфатеноста на оваа појава морале да се кријат, а јавна тајна било дека изневеруваат.
    Ма што зборувам и сега има такви.

    Поентата ми е дека полиаморијата не значи дека секогаш е културолошки условена, креирана само под влијание на социјалните мрежи или поради војни, дисбаланс во бројчана популација жени вс мажи, иако не ги негирам и ефектите на последниве две појави врз неа и полигамијата.
     
    На WildMk, Bezimenka90 и Аргентина * им се допаѓа ова.
  2. Shia

    Shia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    480
    Пол:
    Женски
    :|
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    То не можи да го знај никој, оти и 'емоционалното' е физичко-хемиско-биолошки процес, за кој сеуште немаме доволно истражено за да знаеме како функционира тој систем.

    Овај сега ни дрдори за ДОС и Оперативен систем на Пентиум 3ка, а мозоците ни се на ниво на квантни компјутери.

    т.е. блебети без веза
     
    На senjorita-v и Pax им се допаѓа ова.
  4. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Остај ти, има нека тајна веза.:D
    Ете за ова пишував има тој некоја надразба или емоционален импулс поради кој баш во оваа тема најде долго и нашироко да објаснува што се пишал и да ни проектира свои или таму нечии прочитани претпоставки за 20 год. како ќе било.

    Еве јас гледам тука кај што сум, микс од народи и култури, се има и никој не се замара дали комшијата до тебе бил полиамораичен или не.
    Си уживаат луѓето во живото и така треба.

    Зарем како човештво се сведовме што да мислиме и правиме според тоа што ни е наметнато по соц. мрежи?
    Ако така да гасиме нетот и сите мирни и раат, ова се што почнува си префиксот поли магично ќе престане да постои.
    А вистината е дека постоело и ќе постои само нема толку да е забележливо и споделувано без соц. мрежи.
    Ете на тоа се сведува сето.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.783
    Допаѓања:
    19.611
    Пол:
    Машки
    Јас сум способен да ги изменаџирам моите емоции и фантазии (пример сакам црнкиња, а знам никогаш не би ја имал), ако запознаам адекватна личност, значи пак по мои мерки и желби, знам да се контролирам. Некој би ркеол дека сте испуштени од ланец, или ете сте се погодиле лонец со капаче.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Леле ... ова ми е најтешко...
    Се' мора да се суди овде.

    Сите страдаме на овој, или на оној начин.
    Место да си помагаме, ние сопки си ставаме едни на други.
     
    На Pax му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    И јас сум во тој кош...да јадам премногу гурабии беспотребно, не велам не.:D
    Тоа е сосем нормално, во природата на човекот е, ама сфатив дека ми го ограничува личниот раст и развој, па и раат.
    Не велам престанав да осудувам, ама се трудам да намалам, прво да избројам па прокоментирам, прво да соџвакам па порафинирано да плукнам т.е. да се искажам.:lol:

    Јас лично не сум за ваква ствар (се што почнува со префикс поли) иако имам одврзани раце за буквално се под услов да не раскажувам детали.
    Ама ете немам некој внатрешен импулс да ме води кон ваков животен стил што не значи дека нема други што го практикуваат.
    Сепак тоа си е нивна интимна работа и ако тоа ги усреќува, супер.
    На крајот од денот сите ги памтат и посакуваат во поголема мерка да им се случуваат и повторуваат нештата што ги усреќуваат.

    Е толку е едноставно и на тоа се сведува се, а личната среќа не (треба да) зависи од мислењето и влијанието на околина, соц. мрежи или што год и да е таму, туку од нас самите.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Сосема се согласувам (y)
     
    На Pax му/ѝ се допаѓа ова.
  9. na_kafe_u_centar

    na_kafe_u_centar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Страшно ми е мило шо сепак ете некој шо ќе го чита форумов ја нашол простата логична нишка која се провива низ целава работа.

    Ама ете, наместо они да научат нешо ново, јас научив! Ја видов у живо претставена „Алегоријата на пештерата“, мисловната вежба на Плато (Алегоријата на пештерата). Животот е прекрасен.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  10. na_kafe_u_centar

    na_kafe_u_centar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Кажав шо иам да кажам, со прецизно избрани зборови за секоја мисла, за ако ГИ ПРОЧИТАШ да сфатиш на што точно сум мислел
     
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    40.052
    Пол:
    Машки
    Па никој не го негира постоењето на тие луѓе, ниту пречат некому. Некој и напиша дека сето тоа се сретнува во природата кај сите единки, па така и кај човекот.
    Се работи за минорна бројка со полиаморија, незабележителна во светската популација.

    Проблемот е кога пропагандата тоа го поддржува, го шири, и го прави тренди.
    А дечкото многу убаво опиша како тоа се прави.
    И тука е проблемот затоа што имаме маса на луѓе кои сакаат да се во "тренд", и тоа е искористено за политички и пропагандни цели, кои водат до деструкција.

    И ова е нешто толку очигледно што секој обичен човек може да го забележи, посебно пак во 2022, кога е се апла.
     
    На Pax му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Во право си за последниве дава пасуса, ама мене тоа ми го става во фокус лабилниот карактер на тие личности ако толку се поведливи по тоа што соц. мрежи или кој и да е таму пропагира, а тие слепо го послушуваат и следат.

    Во тој случај со таква маса на луѓе не е до се што почнува со префикс поли проблемот, до се друго може да е, а се рекламира како тренд.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.234
    Допаѓања:
    40.052
    Пол:
    Машки
    Па, ова е увидено уште одамна.
    Во 60-те се рекламираа цигарите како кул. На радио, тв, на филмови, сите филмски идоли беа со цигара во рака.

    Резултат: поголемиот дел од светската популација пушеше и беше навлечена на оваа нездрава навика.

    Властите ја знаеа штетноста на цигарите, но ете, тогаш на конгломератите им одговараше тоа.
    Со сите мерки превземени, анти реклами, цени, дојдовме денес до многу помал процент на луѓе кои пушат.

    Ова е само еден пример колку лесно може да се насочи народот кон нешто.
    "Алегоријата за пештерата" убав опис дава на "проблемот".
     
    На Pax и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.144
    Допаѓања:
    180.990
    Дали во природата се појавува секс ради секс или сексот е првенствено за размножување?
    Не е реторичко прашањево, озбилно прашувам.
    ...
    Ова со се што се појавува во природата е нормално, веќе станува напорна дефиниција.Башка што е неточна. Нормално, во човечко општество, се дефинира само во рамки на тоа општество, не може да се повикуваме на делфините и пингвините кога аргументот ни одговара, ама се после тоа не важи.
     
    На senjorita-v и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    39.505
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што мислиш дека си ја открил Америка. Секој што има барем просечна интелигенција сфаќа како функционираат социјалните мрежи, алгоритмите и сето тоа што објаснуваше, не е тоа некоја тајна. Исто така проблемот е што мисли дека можеш нешто да смениш. Немаме слободна волја, свесни сме(океј, не баш сите), но исто како и секој наш предок бидејќи во ни еден период од историјата луѓето не биле ослободени од некаков тип на пропаганда(што може да биде и позитивна и негативна). Што можеш да направиш, освен да го прифатиш тој факт како реалност и да го си го живееш животот? Ништо.
     
    Последна измена: 15 октомври 2022
    На Bezimenka90, WildMk, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Неоспорно е се ова што си го пишал, ама кога станува збор за сексуални импулси или потреби за задоволување на некои емоционални побуди, нешто што е многу подлабоко и посуштинско од пушењето или која било друга општествено поттикната или втемелена навика, мислам дека нема до толку влијание околината, соц. мрежи или што и да е.
    Мислам нема влијание во нивното осеќање и постоење во внатрешниот свет на личноста, е сега дали ќе ги експонира надвор од него и реализира не оспорувам дека врз тоа може да има силно влијание се што набројав погоре. Иако не мора да има влијание, а сметам и дека не треба до толку да има.
    Личната среќа, би додала и задоволство, пишав од кој (треба да) произлегува.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.144
    Допаѓања:
    180.990
    Нема ништо подлабоко и посуштинско од пушењето, многу емоционална побуда е тоа:smoke::emo:

    Како луѓе, во последниов половина век, сме подложени на општествено моделирање. Постарите генерации жени беа моделирани со петпарачки љубовни романчиња и затоа го чекаме ,,вистинскиот,, да не спаси, помладите ваљда во спротивна насока, кој ќе го знае. Којзнае што е автентично, освен дека како луѓе сме сештојади и биолошки не сме дефинирани како моногамни, барем не како лебедите -еден партнер за цел живот.Ама, ако веќе влегуваме во таа сфера, исто така не ми е познато дека некој животински вид практикува секс со повеќе од една единка во еден временски период, фор фан. И така, ќе одам сега да читам за кучињата и мачињата.(tumbleweed)
     
  18. Pax

    Pax Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2022
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Женски
    Поима немам, не знам, не сум пушачка, ама за тоа знам како за секоја (лоша) навика има и одвикнување, ако се сака.:D

    За она со мачки, кучки што ќе ти е да читаш, да не бараш партнер од нивна врста?:tmi: :D

    Другово така си е, сите сме под некои влијанија на нештата. Само личното правото на слобода на избор ни дава одврзани раце да одлучиме што и до каде ќе ни влијае така што на тоа се сведува се, до наш личен избор.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Еве тргни од тебе.
    Ти имаш секс само за размножување?
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Се' е 'нормално', кога знаеме дека 'ненормално' е навреда.

    Не се 'ненормални' некои, само се поинакви од вас.

    Не сте 'ненормални', само сте поинакви од мене.