Зголемениот број на разводи се должи на тоа шо жените веќе не сакат да трпат било какви клошари, изневерувачи, силувачи, тепачи, пијаници. Видоа дека поубаво е сам да останеш отколку да бидеш во брак со таков. А мажите шо изневеруваат, тие не се разведуваат. Напротив, си ја чуват жената дома и плус нешто настрана. Оти знаат оти таа нема кај да оди и убаво му е шо го трпи таков.
Многу личи на Вајлд стварно, ама машко станала Вајлд.. Вака ко што сум ја читала и мене ме асоцира, плус и изглеа од Бт е членов нов по дијалектот и Вајлд беше од таму? А за темава, не можам да се сложам со членов/членкава. Дали моногамијата нормална појава е? Логично дека да, обратно да е би било ненормално и точка. Ама секој со свои сфаќања, не можеме никој да убедиме, нека си филозофираат де, тоа им е работа.
Луѓето нон стоп си бараат изговори за своите дела. Се зависи од карактерот на личноста, не од полот. Проблемот е што голем дел си ги кријат намерите од партнерот и порано или подоцна доаѓаат проблемите. Бидете искрени, дали сакате моногамна врска или сакате да се е*ете со кој и кај стигнете, и не го трошете времето на другиот. Јас искрено преферирам моногамија, не сакам да делам со други, ми се гади од самата помисла.
Кое мозоче го смислило насловот. Полово преносливи болести харале низ историјата, геније прашува дали моногамијата е нормална. Јок, ти си "нормална".
не е нормална појава... во денот гледаме многу атрактивни личности... доколку ги нема стегите од општеството... хехе
Зависи како гледате. Биолошки, моногамијата не е нормална појава, но луѓето одбираат да бидат моногамни поради некои поголеми и повисоки цели во животот, наспроти инстант задоволување на сексуална потреба со некој нов, различен. Тоа е и она кое нè дели од животните.
Ете убаво ти кажаа, машта ради свашта. Ах тие општествени стеги, уште да постоеа повеќе храбри, искрени и гласни инфлуенсери да ги разглибаат малце, и ете ти утопија. Прашање, колку полови органи има еден човечки организам, и дали тоа е релевантно и (у) кажува на нешто во случајов?
Значи стегите од општеството биле само проблем?! Сама си рече, во фантазијата. Реалноста друго вика сепак. Јаоооо. Со ова све си кажа..
тоа е мојата природа.. а и не за џабе си расипав неколку врски баш ради тоа.. се е океј али јас шарав....ете за мене моногамија не . Во моментов 3,4 луѓе ми се свиѓаат и сите би ги легнала и око да не ми трепне. Не со намера да повредам некој..
Како со гордост си кажуваш дека си ги расипала. Браво. Твој живот сепак. Ти си знаеш. Со среќа во шарањето. Ахам. Ама од кај си сигурна дека нема да повредиш некого? Или баш сите се ист тип ко тебе? Ако така ги погаѓаш исти, со исти интереси, тогаш океј е.