1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали моногамијата е нормална појава?

Дискусија во 'Врски' започната од Aquamarine93, 30 јули 2017.

  1. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    @Црна Ружа уживаш да паламудиш. :D

    Се смета (по некоја ебозовна логика) дека тие што имале повеќе партнери пред бракот се издувале, сега се спремни да бидат мирни, верни и да мешаат на 1 дрвце само. :D Што да не, има такви случаи. Има па случаи каде што мирната жена станува немирна, а ништо не навестувало на тоа дека ќе биде таква. Крај не можеш да фатиш. Во животот имаш многу лотарија која судбината ја игра за тебе, не секогаш по твоја желба. Во такви ситуации имаш опција да го искешираш добитниот тикет или да го фрлиш. Многу пати тоа кеширање значи заебување. :D

    Луѓето може да се сменат... само ако сакаат. Не е ист паметот на 20 и на 40 години. People change. Дај им шанса. Не гледај толку црно. Токму оттука ружата ти поцрнела. ;) :D
     
    На hermosa и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  2. Miss Eli

    Miss Eli Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Тоа и баш не мора да значи. Едноставно некои луѓе имаат многу голем сексуалнен нагон, што им е потребно повеќе од еден партнер да си ја задоволат потребата. :wasntme:
     
    На Црна Ружа, Tamatam и Mr.Awesome им се допаѓа ова.
  3. Mr.Awesome

    Mr.Awesome Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    1.653
    Пол:
    Машки
    Едноставно... некои луѓе многу се по сексот, а? Е се. :D
    Тој нагон може да се канализира врз еден партнер, ама ако партнерот нема исто толкав нагон, апетитот нема да биде задоволен и ете ти проблем. Алтернативни решенија без варање: драпање, брцање доле со 1 збор мастурбација. Или наоѓање партнер под ист сексуален напон хахаха. Има за се` решение. Не мора да е моногамно решение. :D
     
  4. Miss Eli

    Miss Eli Активен член

    Се зачлени на:
    10 август 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Кој не е таков неможе да разбере. Ова го пишувам од што имам пријатели кои генерално живеат моногамно ( значи имаат една животна паррнерка, љубовта на нивниот живот), но сексуално имаат потреба и со други, без разлика и што самите кажуваат дека сексот со сопругата им е најдобар. Тоа е некоја потреба, незнам како деога пример. Затоа сексуалната потреба со други партнери не би ја спојувала ао љубовта.
     
    На hermosa, Tamatam, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Кога еднаш ќе ѝ дојде крај на љубовта, слабите кукаат, енергичните веднаш наоѓаат друга љубов, а паметните веќе одамна имаат резерва.
    Човекот секогаш треба да биде заљубен, тоа е причината поради која не смее да се ожени.
    Верноста постои. Тоа најдобро се гледа по оние жени кои се верни, изгледаат толку искрено и несреќно.


    Голем човек, Оскар Вајлд. Ама ги знаев овие работи и пред да ги прочитам од него :D
     
    На senjorita-v, Dentina, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не сум темна него црна ружа, тоа е друго :devil:

    Ок има муабети пред кооперација за разни ствари ама тоа не значи дека се точни.
    Има луѓе кои се ангажирале да видат што е како е пошто разводите, самохраните родители, семејно насиље и судски и остали трошоци прават сериозен терет во извесни општества. Па ангажирале научници да видат што и како. И нормално и кептн Обвијус, оние кои имале многу партнери си продолжиле по старо и во брак.

    Сосема е легитимно и ок да си имаат колку сакаат парнери, гомнаријата лежи во дебилното очекување дека од утре ќе биде различно, па нема да биде фејл брак пошто ето се издувале, се изнаебале.
    Од друга страна оние кои имале помал број партнери се демек темпирана бомба, одвај чекаат да направат пиздарија.
    Тоа како што реков се митови и муабети од пред кооперација.

    https://ifstudies.org/blog/counteri...-between-premarital-sex-and-marital-stability
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Али и многу богат човек Оскар со врски во најтесните кругови на британската елита кој можел да си дозволи многу ствари Вајлд, му држел задникот што би рекле по народот, по некоја вајлдовска аналогија треба да пробаш и со жена и групњаци и неколку видови не баш невини дроги...:devil:

    јас Едгар Алан По повеќе би го цитирал, иако и тој забегувал нажалост...
     
  8. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Темава е како створена за вечна дискусија во која и едните и другите ќе бидат во право, како она со кокошката и јајцето. Точно е дека човек не е роден како моногамно суштество туку тоа му е наметнато. Точно дека човекот без разлика на полот дека не може да биде среќен само со еден паррнер, но исто така точно е дека човекот е доста прилагодлив и знае да се прилагоди на дадената ситуација. Многу општествени норми не ни се допагаат ама мора да ги почитуваме, без нив би настанал хаос. Замислете каков хаос би настанал доколку постојано менуваме партнери. Партнерството не е само однос, партнерството е многу повеќе од тоа. Партнерството е да имаш некој на кој му веруваш, да имаш некој со кој споделуваш тајни....
    Животот не е само секс, на човек реално гледано му е потребно многу повеќе убав збор него ли секс.
     
    На Joi, Mr.Awesome, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Убав збор-добар секс, добитна комбинација :D
     
    На theowndemon и Mr.Awesome им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Големите страсти се привилегија на луѓето кои немаат што да прават.
    Ете го пак Вајлд.

    Види сега, колку луѓе, толку табиети. Не сум на светов со цел да копирам туѓ животен стил. За да го одбраниш твојот романтичен идеал, навлегуваш во стереотипи.
     
  11. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Ништo штo нaпишa не е грешнo, мoнoгaмијaтa кaј чoвекoт стaнaлa пoпулaрнa сo текoт нa негoвaтa евoлуцијa бидејќи е пoпрaктичнa. Амa секoе живoтнo имa инстинкт дa oстaви здрaвo пoтoмствo и тoa се пoстигнувa тaкa штo се пaри сo пoвеќе единки, тaкa aкo имa некoи негaтивни гени немa дa се измешaaт мнoгу сo негoвите. И птиците се вo пaр oдреден периoд, бидејќи се пoтребни двa рoдители зa дa ги квaчaт јaјцaтa и дa ги хрaнaт пилињaтa (сличнo кaкo кaј луѓетo), пa нaвечер, женкaтa летa и се пaри сo други мaжјaци зa дa имa рaзлични пилињa.
    Кaј лoвците-сoбирaчи мoжелo oд се дa се умре, oд нaстинкa, oд глaд, oд пoрaѓaј, oд биткa сo живoтнo и пoрaди тoa не внимaвaле мнoгу кoлку децa ќе нaпрaвaт, бидејќи леснo се губеле членoви нa oрдaтa.

    Не гo изнaпишaв oвa бидејќи мислaм декa луѓетo истo се oднесувaaт кaкo лaвoвите или кaкo некoи мoрски глисти, туки чистo зa спoредбa и oд кaде дoaѓa нaшaтa нaклoнoст кoн мoнoгaмијaтa.

    Истo тaкa немaм дoвoлнo искуствo сo вистински луѓе и врски пa гo пишувaм тoa штo гo знaм бидејќи ми е интереснa темaтa :$
     
  12. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Кои стереотипи, Вајлд го примал во задник, пушел пениси, се дрогирал и истовремено имал и деца и сопруга.
    Малку сум разочаран од изјавата на Вајлд, малку е бесмислена но и онака тој не е баш некој стандард.
    Напротив - страста е прекрасна работа, не се осмелувам да напишам дека не си доживеала такво нешто никогаш па затоа се согласуваш со Вајлд, не верувам дека мислиш дека страста е лоша ствар.

    Апсолутно, никој не мора да копира ништо.

    Но проблемот на кој сакам да обрнам внимание (ова не важи за тебе лично, значи општо правиме муабет) се оние особи кои сакаат да имаат дома партнер, сопруг/а, да имаат пристаниште - но истовремено да изневеруваат, да кажуваат како тоа моногамијата е вештачка, како тие се над општествените норми и не знам што.
    А има уште една интересна категорија која не ја зема својата верност за сериозно, но ако партнер/ката ги изневери е тек тогаш имаме паники, кризи, хистерии, повредено его...

    Затоа е битно секој да си знае на што е и да не прави хаос меѓу другите.
     
    На fallenangel, Mishela, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не се фокусирај на Вајлд. Уште во првото мислење на темава спомна свингери, божем кој не верува во моногамност, е по тие спортови.

    Има смисла и тоа како. Не пишува дека страста е лоша работа. Преокупирање со обврски е една од причините страста побрзо да избледне.

    Овде сакаше да кажеш дека би се помирил со тоа партнерката да гаи илузии за друг партнер, доколку останат само илузии?

    Јас на пример иам двојни стандарди, едно важи за мене, друго за останатите засегнати.
     
  14. playful girl

    playful girl Активен член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Во горниот дел на вашиот пост се согласувам со вас што се однесува за лугето, додека за птиците споредбата не ви беше баш на место.
    Велите дека птиците одат навечер да се парат со други? 90% од птиците ноќе не гледаат да се движат. Друго, добар дел од птиците имаат еден партнер за цел живот. Така да можеби моногамијата да има одредена вина за тоа што се повеќе болести се јавуваат кај лугето заради недоволното мешање на гените, но тоа е данокот на еволуцијата па ако сакате и себичноста на лугето да се биде само нивмо.
     
  15. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    95% oд птиците живеaт вo пaр вo сезoните зa пaрење, aмa кoгa се испитувaле нивните пилињa, oткриенo е декa 3/4 oд пилињaтa имaaт друг тaткo. Знaчи мaјкaтa се пaрелa и сo други.
    Ги спoмнaв птиците бидејќи и тие, кaкo некoи луѓе се сoцијaлнo мoнoгaмни, нo не и сексуaлнo.
     
  16. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не, сериозно, ти делува изјавата на Вајлд валидно? Ептен е бесмислена некако :devil:

    Па нема ништо погрешно во именувањето на свингерајот, не инсинуирам дека сите кои не се за моногамија се такви, ги употребив како пример, тоа е само една од ситуациите во кои се впуштаат особи кои не сакаат моногамија, нема ништо лошо во тоа, проблемот пак ќе кажам е што таквите особи треба да си прават работа со нивни истомисленици и готова ствар, сите среќни, нема проблеми, разводи, самохрани родители, тепачки :party:

    Во секој случај, ако гаи илузии за шо знам, Џејсон Статам, неам гајле :devil:

    Double standards are the playground of the Devil, 14.08.2017, некој лик од Фемина Форум.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не е :) Кога си зафатен, кога навистина работиш нешто во животот, не ти останува вишок време за изразена манифестација на љубовни страсти. Драми и театри се за оние кои не прават ништо... посебно :D тој период од нивниот живот. Ете пример, богат наследник, троши и ужива, се впушта во хедонизам, авантури, запознава жени/мажи. Вреден работник кој храни цела фамилија, нема како и кога да го искусува тоа.
     
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Да види човек – да не верува, друже 8-| :lol:

    Интересна тема...
    Може да се рече можеби дека во поглед на инстинктите и нагоните не е природна. Но, не само општествените норми, туку и развиените чувства и разум кои го делат човекот од другите живи суштества – во голема мера ја направиле предоминантно да се смета за најнормална. Сепак, од друга страна, ниту сите дефиниции за полигамија не се негативна одлика и причина за осуда на една личност.

    Како што сум рекла многу пати, мојата филозофија е дека секој има право да прави што сака со својот начин на живот, сѐ додека не повредува ничии чувства. Па затоа, полигамијата во смисла имање друг(и) партнер(и) додека си во брак или сериозна врска со моногамична личност, т.е. неверство – секогаш ќе ја осудувам.
    Значи секој треба да биде искрен во своите постапки и да најде некој со исти желби и предиспозиции во оваа смисла.
    И да, не за џабе постојат раскинувањето, па и разводот – и статусот сингл, во кој светот е твоја шведска маса што би рекло едно кул и најдраго другарче од форумов. :D
     
    На Црна Ружа, Gosh, +++ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Па добро страста не значи драми и театри, има многу начини на кои се манифестира, главна ствар е колку на човек му значи партнерката или обратно, како ја манифестира страста, љубовта, емотивноста, има многу разлики меѓу раја.
    Хедонизам е веќе сосема друга категорија и друг муабет, може треба нова тема околу тоа :party:

    Не знам што да кажам, ми значи многу емотивниот момент, можеби дури до блага сентименталност, сето тоа доживување, неповторливо нешто е, не може да се купи или симулира или изнајми или украде, автентично е, убаво и возбудливо, да се даде до знаење со дела, збор и гест и да се прими истото, внимание, сето тоа го подобрува квалитетот на животот, на меѓусебниот однос, забрзува ритам во животот, се менува перцепција :)
     
    Последна измена од модератор: 16 август 2017
    На ♣ Alba Viduam ♣, fallenangel и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.125
    Допаѓања:
    43.681
    Пол:
    Женски
    Искрено да.Можеш да сакаш еден а да имаш секс можеш со секој ама не е тоа тоа.