Ако го прочиташе првово мислење во темава, ќе ти беше јасно зошто е отворена темава И зошто некои сметаат дека не е нормална појава
Луѓето нека си одлучат што ги праве среќни мене искрено ми е нормално еден маж и една жена ако веке одлучуваат да изневеруваат нека се разведат и нека одат со колку сакат.
Полигамија не. Можда во некој универзум си е понормална појава, ама според вредностите што владеат во овој свет и моите сфаќања и видувања за истиот - партнер може да биде само еден, сѐ останато ти е заедница, ама секако брак не. Не можам да сфатам жени што можат да делат еден маж или обратно(што е поретка ситуација). Тоа кога збориме за брак, а за врски... постои сѐ живо и open врски. И тоа е сѐ, ама врска не.
За мене е нормална и вообичаена појава, кога имам чувства кон некого. Тогаш не ни помислувам на други
Ако ја земеме моногамијата како феномен, еден маж и една жена за сва времена, незнам баш Лебедите се моногамни колку што знам, имаат еден партнер цел живот, ако угине едниот умира и другиот. Вака многу романтично звучи, во човечко општество не знам колку е изводливо.
Ете во муслиманскиот свет е дозволено. Не е друг универзум за жал. И инцестот кај нив не е нешто лошо, ниту педофилијата е осудена од причина што нивниот пророк Мухамед имал 11 жени меѓу кои најмалата имала само 9 години, ако осудат автоматски нивниот пророк станува педофил. Да не зборуваме за полигамија, тоест полигинија, бидејќи само на мажите им е дозволено повеќе жени да имаат..
Сум си зборела за христијанство, за нашите услови и стандарди. Ова во друг универзум сум мислела дека ќе дојде време да е нормална појава и кај нас.
За мене моногамијата е нормална појава. Заеби религиозни или општо-прифатени правила, тргам од себе и моите чувства. Помислата мојот партнер да е со некоја друга ми создава огромно гадење, болка, тага, разочарување, бес. Истите чувства ми се појавуваат кога и себе си се замислувам со некој друг. Бљак. Фуј. Си ги слушам сопствените чувства и потреби, а тие ми кажуваат дека моногамијата е нормална појава и единствен начин на функционирање со партнерот.
Секако дека е нормална. Јас не би можела да бидам со повеќе од еден партнер. Но можам да сфатам и луѓе што сакаат повеќе од еден партнер, и тоа е можно само постои голема стигма околу тоа и е табу. Не знам еволуцијата како наложила, но верувам дека индивидуално секој си знае дали е моногамен или полигамен. Нека си прави кој како сака и како е среќен.