Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали моногамијата е нормална појава?

Дискусија во 'Врски' започната од Aquamarine93, 30 јули 2017.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Епа не мора да бидиш нешто што не сакаш.

    Најди си некоја што сака да создава фамилија и напрај си со неа.
    Има такви.
    Ама сам треба да си најдиш таква...
    Ние сами си бараме, не ни ги наоѓа некој партнерите...
     
    На Bezimenka90, Mikha4 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Женски
    Sekako deka e, samo edna licnost mozam da sakam vo isto vreme.
     
    На WildMk и Feminka22 им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Wtfff
    На шо си

    и горе за радлер шо си пишал/а дека е мизогонист :rofl::rofl:
     
    На Waverly Raven, WildMk и Radler им се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Тешко дека западното општество гура некој во нешто присилно кога индивидуата има најмногу слобода баш таму. Слободни се да бидат тоа што сакаат и имаат предиспозиции за истото, додека оние општества што ги гураат, како што викаш своето население да бидат мајки, татковци, моногамни, а некои од нив не се со предиспозиции за растење деца и останување со една личност, односно стварање фамилија и брак никогаш не ги интересирало туку биле "гурнати" и добиваш девијантност меѓу сопственото население каде полигамијата е веќе најмал проблем.
     
    На Bezimenka90, Angie1432 и WildMk им се допаѓа ова.
  5. na_kafe_u_centar

    na_kafe_u_centar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Ти ја сфаќам поентата. Ама сеа ми отвори многу интересна тема за дискусија, која ќе ја разглобиме само ако заинтересираноста е двострана, нејќам да те давам.

    Но, пред тоа: Дали навистина веруваш у филмот на слобода и слобода на говор? Дали мислиш дека навистина си „пуштен од ланец“ да правиш што сакаш се додека нели, тоа не прекршува некои одредени закони?

    Точно тоа е дупката низ која влагаат загадените мисли у умовите на денешната младина (роден сум пост 98, многу добро го глеам сево ова околу мене задњиве 10 години). Човековиот ум има страшна потреба некој да му кажува шо да праи. Затоа уше од камено доба до сеа иаме главари (подоцна преименувани у кралеви, па претседатели) па дури и у секојдневни друштва ќе го видиш истото.

    Демократија е само илузија. Не постои. По правило треба народот сам да си го бира претседателот, така? Ете на пример која држава сакаш земи ја за пример. било тоа Македонија, Германија или САД. Без разлика дали бираш меѓу Заев и Мицкоски или Бајден и Трамп, зарем никогаш не те мачи прашањето шо НИКОЈ НИКОГАШ нема да те праша меѓу КОИ двајца да бираш? (еве ти по сликовит пример. Јас сум огромен фан на јаболка пошо се 100% хардкор. Ако ми даеш да бирам меѓу кива и банана, ќе изберам банана. Ама тоа е затоашо немало јаболка на избор. Дали НАВИСТИНА сум имал слобода на избор??)

    И кога спомна и девијатно однесување. Стави се на позиција на некој шо е одговорен за општеството (претседател, крал, шо и да ти лежи на уши). Луѓето кои ќе отидат контра на нормите и вредностите у твоето општество, се тие луѓе кои те плашат, кои се опасни. Е сега, како ќе го решиме тој проблем ако иаме 900 IQ (ко шо имаат лидерите на западните цивилизации, да бидеме реални)?

    Чекор 1: Надрогирај го населението со наративот на „слободен говор“
    Чекор 2: Преку социајлни мрежи и медиуми бутај статии и постови кои ги подржуваат вредностите и моралите кои сакаш населението да ги има
    Чекор ИКС: Некој ќе се изјасни дека „овие норми и идеали не се идеални!“ - ОПАА проблем! мора да го решиме ова брзо
    Чекор 3: Наврати се на продуктот создаден у чекор 1. Потсети го народот дека имаат слобода на говор и секој шо им иде контра, само сака да им ја украде слободата на говор.
    Чекор 4: ????
    Чекор 5: Апсолутна контрола заувек

    Незнам колку имап технички познавања од како социајлните мрежи ВСУШНОСТ функционираат, ама еве кратко за секој случај:

    Секоја социјална мрежа има алгоритам која ги поврзува сите постови у генерални категории, прекосувачки категории, и „контра категории“ (да, зборовите ги истресов од ракав, ама како ќе ги наречеме е небитно. Битно е што означуваат). Кога си го арчиш животот на тикток, јутуб, инстаграм,фејсбук, алгоритмот те прати што лајкнуваш, на што коментираш, со кого се допишуваш и у колкав тираж се допишувате, на кого ги споделуваш постовите шо ги гледаш, колку долго ги гледаш постовите и ред други глупости кои ни самиот не ги примеќаш за себеси. Откога ќе ти ги собере тие информации, почиња да ти пушта постови според горе наведените категории.

    Генерални категории: Сите можни интереси и хобија на човековите битија. Најверојатно имаш 2-5 шо ти го фатиле алгоритмите. Ова е она кое сакаш да го глеаш, и ќе ти го пушта 80% од времето.
    Прекосувачки категории: Постови кои опфаќаат повеќе од еден интерес. Да кажеме имаш интерес за шминка и алгоритмот го има фатено тоа за тебе, 15% од времето ќе тестира постови со шминка и некој друг интерес. Да кажеме тестот за оваа недела ќе ти биде постови со шминка и мачки. Ако почнеш да лајкаш, алгоритмот ти открил нов интерес, и ќе ти пушта постови сега и за мачки. А у колкав тираж ќе ти пушта, зависи од закључокот шо ќе го донесе за твојот размер у интерес меѓу новооткриениеот интерес (мачки) и стариот (шминки)
    Контра Категории: категории кои елгоритмот знае дека се контра од тоа шо те интересира, доносно, ќе создаде чуство на негодност, нервоза у тебе. Да продолжиме со примерот дека главен интерес ти се шминки, 5% од времето, ако не и помалце, ќе ти пушта постови кои се анти луѓе кои се шминкаат или негативните социјални и здравствени ефекти на шминката (ненам дали постои такво нешо, ама не е ни битно, прати ја главната поента на муабетот)
    Бонус категорија: Сопственивите на социјалните мрежи го задржуват правото мануелно да ти бутаат одредени постови у очи (не, не мислам на реклами. Тие се нешо друго). Прост пример. ТикТок сегде ус ветот е ПУН со абсолутно глупи совети, грди танцови, неподнесувачки лош хумор. Ама у Кина(земјата на потекло на ТикТок)? У Кина на тикток, алгоритмот е штелуен да ти пушта видеа од луѓе кои се добри у нешо јако (а не како праат усна синхронизација на Васко Жабата, за кое ти е доволно и пола мозочна клетка да го изведеш), кои се паметни и итн. итн. Ама разликата е драстична зарем не?

    Е сега, кога го знаеш ОВА. Кажи ми каде ја пронајде слободата на размислување у она шо народот го мисли(рачунај дека веќе луѓе со над 50 години пола ден го проаѓаат на тикток и фејсбук, а не па 5- 35 години)?

    Пред некој да ми го извади чудниот аргумент на „Е ја не дозволуем да допре до мене шо друг постира на социјални мрежи, а не треба ни ти!!!!“. Умот не функционира така ЛОЛ. Си приметил некогаш колку си сличен на твоите родители и/или твоите пријатели? тоа е пошо тоа глеаш по цел ден/ си глеал кога си бил на таа млада возраст кога умот впива се околу него.
     
    На Billy Idol и Dayandnight им се допаѓа ова.
  6. Radler

    Radler Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    1.629
    Можам да се кладам дека не го знаеш значењето на зборот што си го пишал.
    Што зимаш рекреативно вака, препорачај ни?
     
  7. na_kafe_u_centar

    na_kafe_u_centar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    М? Сарказам беше срцуш. Мислев дека аниме девојчето беше доволен указател за тоа, ама ете ќе бидам по внимателен у иднина
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Каква врска има ова со моногамноста?

    Од секогаш имало и моногамни и полигамни.

    ... па и цел пост...
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Шо направи, многу си офтопик.
    Јасно е дека не може некој да има апсолутна слобода да прави што сака и не треба.
    Под слобода подразбирам кога една индивидуа или општество се развива а притоа му се овозможени сите алатки во сите фази на развој од одлично образование, избор на спортови, пристап до здравство, квалитетна исхрана до психолози за да може таа индивидуа да одлучи САМА што сака и очекува во својот животен век и да биде среќна, без притоа да штети на околината. Не е во ред некој што е по природа полигамен да биде "гурнат" од општеството да биде моногамен. Не носи ништо добро тоа гурањето што го љубиш толку и мислиш дека сите сакаме да ни се кажува сѐ. Општеството треба да има добро водство но не и тоа водство да микро менаџира нечија интима.
    За слободна волја е друга тема и мислам нема поента овде да разглабаме нашироко но ќе ти кажам, светот не е кроен според твоите критериуми и убедувања, за среќа :D
    , ако некој е различен од тебе, не го прави него лош, или како ти си замислил дека треба да биде.

    П. С. Никој нема 900 IQ, едноставно имале среќа да им биде пружано врвно образование и/или коцките да им се наместат во животот. 8)

    Едит: бутањето на постови и социјални мрежи во нашите животи, како да ти кажам, ние сме производи на нашата генетика и околината. Комбинација на тие две нешта, дали ќе биде фемина, фејсбук или пештерата, нешто ќе те оформи како возрасен човек со слободна мисла. Близнаци исто ги раснеле, различни излегувале на сите животни полиња. Тоа е.
     
    Последна измена: 12 октомври 2022
    На KateKane и WildMk им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Остај ти сеа: Нема такви со 900ај кју
    Има... само ти не знајш.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.265
    Допаѓања:
    12.249
    Пол:
    Машки
    Какви дроги земате пред да се зачлените/вклучите на форум? :^):drunk:
     
    На Feminka22, Bezimenka90, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Тие лошите што нѝ се криви за сѐ... Хаххаха
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. na_kafe_u_centar

    na_kafe_u_centar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки

    „Под слобода подразбирам кога една индивидуа или општество се развива а притоа му се овозможени сите алатки во сите фази на развој од одлично образование, избор на спортови, пристап до здравство, квалитетна исхрана до психолози за да може таа индивидуа да одлучи САМА што сака и очекува во својот животен век и да биде среќна, без притоа да штети на околината. Не е во ред некој што е по природа полигамен да биде "гурнат" од општеството да биде моногамен. Не носи ништо добро тоа гурањето што го љубиш толку и мислиш дека сите сакаме да ни се кажува сѐ. Општеството треба да има добро водство но не и тоа водство да микро менаџира нечија интима.“ -


    Пријател те сфаќам шо сакаш да каеш, и не сум оф топик, само мислам дека беше круцијално да дадам малце загревање пред главната реченица, за да си ја пренесам поентата.

    Сите иаме доста добра претстава шо е слобода. Јас само ти потенцирам дека западното општество е далеку од слобода, како секое друго. И не мислев на апсолутна слобода, многу нормална слобода, како на пример дали да биеш полигамен или моногамен.

    „За слободна волја е друга тема и мислам нема поента овде да разглабаме нашироко но ќе ти кажам, светот не е кроен според твоите критериуми и убедувања, за среќа“ - Апсолутно никаде у дискусијава не изјаснив мое лично мислење.

    Се прашувам дали воопшто прочита што напишав?
     
  14. na_kafe_u_centar

    na_kafe_u_centar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Шо ти е уопште поентата на поракава?
     
  15. na_kafe_u_centar

    na_kafe_u_centar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Аман се фативте за 900IQ, тоа беше најнебитниот дел од целата прича
     
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Прочитав и ми бодат во очи изрази како загадени мисли и загадени умови, го тераш наративот дека некој треба да ги прочисти.
    Може јас грешка те прочитав ама и ти препрочитај се
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.265
    Допаѓања:
    12.249
    Пол:
    Машки
    Прашувам за и ја да земам, да не се замарам, да ми е тешко на душичката.
     
    На Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ааа... тебе ти смета што сега жените можат да одлучат да бидат полигамни? :D

    Епа сеа брат... ние со милениуми живееме покрај полигамни мажи и ние ќотек јадиме за то, време е да се ебаме со тој шо ни се еба, тогаш кога ни се еба.

    Редно е ние да имаме поголеми очекувања од тоа 'да ви изродиме деца' и 'да ви ја продолжиме лозата'
     
    На senjorita-v, Bezimenka90 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Да каже за да знаеме што да не земеме е работава :rofl:
     
    На Waverly Raven и WildMk им се допаѓа ова.
  20. na_kafe_u_centar

    na_kafe_u_centar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Машки
    Ај те молам не ми брцај зборови у уста. Не кажав нишо конкретно за жените ни мажите. У исти кош сме.

    Многу прецизно се изјаснив шо сакам да кажам уше у првата порука на thread-ов, и тоа не е ни оддалеку поврзано со ова ти шо си го истресе од ракав
     
    На Hoss Delgado му/ѝ се допаѓа ова.