Изборот е напраен за тебе, коа ќе одлучат шо идеа да биде посеана. Што глеаш дека праат луѓето околу тебе тоа прајш и ти. Особено коа си у таа фаза на тинејџерство Несфаќам зашто концептов е толку „надвор од земјава“ за сите шо го порчитавте до сеа и се подбивате со мене ЛОЛ.
Никој не е толку моќен, сите различно реагираме на скроз исти работи. А моногамијата/полигамијата не е ствар на избор, туку повеќе е карактер или преференца/ особина на твојата личност. Или СИ, или НЕ СИ!
Ниту се подбивам, ниту не го разбирам концептот. Ако ,,одлучуваат,, која идеја ќе биде посеана, нели е можно и идејата за моногамија да биде посеана? Тебе од кај ти е идејата?
Идејата дека сите идеи ни се посадени и него мора да му е посадена во одреден момент ... хммм Наредниот пост пак ќе му биде посаден, пошто нели немаме слобода и сите идеи нѝ се посадени
Ама вистина е, бе маче. Прво треба да бидиш ко мене, зен, да садиш моркови и да не разменуваш идеи со никого...и така...по година, две, десет, ќе знајш дека првата идеја што ти дошла на памет е твоја, автентична... Абе Биљарка не е заебанција, тоа е своевиден револуционер
„Тебе од кај ти е идејата?“ - за која идеа од кај ми е? Точно, може да биде посеана и идеата за моногамија, и која друга идеа и да сакаш да биде посеана. Ништо не е невозможно. Тоа е и всушност и прашањето шо ме мачи. Некој вади корист од таа полигамија која се рекламира.Но кој и која е користа, можам само да шпекулирам. Ама моеш да бидеш сигурен дека не е за „ослободување“ и „револуција“ или како и да ви го претставуваат. Ако сакаш да чуеш нешо од мојот трезор на размислувања еве ти: 1. Технолошкото унапредување на западното општество ја намалува потребата од физичка работна сила, аутоматски, не ти треба растење на популацијата, можеби ти треба и опаѓање на истата. Наместо да се служат со алатки како Кинеското „закон за едно дете“, создади систем у кој правењето деца е драстично намален. Доколку ова ти звучи на „теорија на заговор“ размисли го следново - Сите развиени држави доживуваат стареење на населението, кое у следната декада две ќе се претвори во опаѓање на популацијата. Никој не превзема ништо да го реши тој проблем, иако имаат повеќе од доволно реквизити за да го изведат истото (не заборавајте, не зборам за кикирика држави како Македонија, зборам за Германија, Јапонија итн.). Зашто? 2. Полигамијата исто така ќе ја растури „класичната“ фамилија од 1 татко, 1 мајка и деца. Кое шо, не глеам како би било у профит на следните генерации. Статистиките покажуваат дека деца израснати со еден родител имаат поголеми шанси да клапнат понатаму у животот. Од друга страна, пред некој да дое да ми плаче „тебе само не ти одговара пошо си машко и вие сте вакви такви онакви блабла“, сакам да ви обрнам внимание и на фактот дека на мажи кои им се прај фамилија со моногамка, и не ги привлака идеата на полигамија, си зимаат жени од централна африка и азија и ги заболе за шо и да се дешава у западот, така шо таа мисла ве молам збришете ја доколку сакате да се убаците на конверзацијата. Исто така, у мои очи, мажите ќе „исќешираат“ дебело многу повеќе од жените у целокупна моногамија. Но тоа е дебата за некој друг пат, само сакав да даам напомена дека мислењата не ми идат од „страв дека нема да брцнам“ или нешо еквивалентно.
Уште од старт си грешка кога тврдиш дека полигамијата е новост, дури и денес може да е помалку застапена отколку пред 2-3000 години, додека за моногамијата факт е дека е наметната преку притисок од црквата. А бе не учите историја, социологија на школо? Барем денес е лесно, ја имате цела историја на светот во раце. Едит: еве ти за почеток https://ifstudies.org/blog/our-unequal-polygamous-past
Полигамијата не е новост, полиаморијата е новост Многу е кул, бар еднаш неделно ни ја рекламираат во дневни весници Ме мрзи да цитирам @na_kafe_u_centar (ников)- какви се тие моногамки? Мислам, да разберам, за што праиме муабет
*напишано по барање на @Mikha4 , поракава на никој начин не е поврзана со поентата која сакав да ја доловам. Оу сакаш да идеме по ТОЈ ПАТ? глеј ја го знам и тој пат многу добро ХАХАХАХАХ ама дали ќе ти се свиѓа, пошо сепак сме на женско ориентиран форум. Немало ПОЛИГАМИЈА, имало ПОЛИГИНИЈА. ПОЛИАНДРИЈАТА била страшно, страшно ретка затоашо рачунај немале контрацептиви, и од 2 пути да имаш однос, сигурно ќе забремениш, и било биолошки нелогично да биде почеста. Е сега, да се вратам на тоа шо е поврзано со она шо го зборев „Уште од старт си грешка кога тврдиш дека полигамијата е новост“ - Апсолутно никаде не го кажав тоа. Човече шо ви е на сите шо пробувате да ми брцате зборови у уста, стануе кринџ веќе жими се ти кажувам. Јас кажам само дека е очигледно дека намерно се рекламира у денешницата, дека немаш РЕАЛЕН избор за дали ќе идеш поли или моно. Тоа е тоа.
Имаш 20 години и влезен си во филм дека си различен од другите и си го сфатил човечкиот ум зашто знаеш како функционира алгоритмот на социјални мрежи. Седи те молам.