Моногамки - жени кои се заинтересирани у моногамен и брак меѓу маж и жена (за моменталниот муабет не рачунаме ЛГБТ пошо не е поврзан со нив) Сто посто сум сигурен дека не постои „моногамки“ као збор, ама нека пројде ко за на форум
Боже свашта, убедена сум дека барем 80% од женската популација на планетава се моногамки според дефиницијата од погоре. Нешто друго ќе да бараат тие во Азија и Африка
Тоа шо го разбирам алгоритмот апсолутно нигде не кажав дека значи дека ради тоа знам и како работи чвековиот ум. Те молам не ми брцајте зборови у уста не е ни смешно веќе. Исто така незнам од кај извлече дека сум у филм дкеа сум различен од другите. Моите лични убедувања не се релевантни у темата.
Пиши 69, за атер Сите да го прочитате линкот од другаров за жените од Азија, да видите шо е проблемот уствари. ... Туку...ако тргнат ова маживе по жени во Азија, кај да си најде другарка ми дечко. Штета, можеше конструктивен муабет да биде...Ај, следниот пат
Сеедно, не си во право. Немам приметено дека се популаризира полигамија, ниту пак дека некој суптилно ја наметнува.
Ако беше популизирана, немаше цел форум да ми се обеси за паленио отворен брак! Пишман се прам шо кажав!
Мхм...добра идеја Милисаве Дан ќе треба и ќерка ми да ја пратам, тоа се секирам сега. Ама ај, имам троа време, белким ќе помине трендов
од целиот муабет се закачи за шоферот на автобус од данска шо фатил жена од азија, линк кој беше искористен за секундарна поента. Wow. Океј е, и ја играв така на времето.
Каква секундарна поента?! Пола текст ти беше, мажите одат на друг континент, оти таму моногамки биле. Која е примарната поента? Интернетот/општеството ви го пере мозокот за да бидете полигамни, па после ко ќе изветрее прашокот, барате моногамни партнери од други планети?
Ова е неточно. Концантрепиви се користеле нашироко уште пред повеќе од 4000 години. Не ме терај да ти гуглам, голем си. Не се твоите убедувања, туку ги проектираш овде твоите стравови. Некои работи не можеме да ги контролираме, точно. Но многу можеме денес отколку пример до пред 100 години, како тоа дали ќе бидам со еден, двајца, тројца, и е избор кој денес во 21 век како жена можам да си го приуштам, тебе ти значи и те навредува, ти се наметнува? Нешто што мене лично ми прави задоволство тебе како возрасна и изградена личност не треба да те навредува. Тоа е таа слобода или револуција која е цивилизациски чекор во историјата на човештвото. Е сега еве и ти ја рекламираш овде твојата идеја, на доста броен форум. Ни кажуваш дека не сме слободни во реализацијата на нашите желби. Да те просветлам пак. Живееме во најслободното доба досега. Барем денес голем дел од светот живее со избор кој ќе му биде партнер и колку ќе ги има, кога и во која поза . Апсолутно е наш избор. Тебе ако ти е страв да се носиш со твоите избори, не ми го рекламирај мене како баба рога. Не треба да те засегаат туѓите лични животи и избори, и да се затвораш во теории на заговор и параноја дека се нешто те демне, ти штети, сам си штетиш со таа енергија. Млад си, излези и дружи се, отвори се кон нови нешта, и најбитно од сѐ најди си девојка. Или дечко ако преферираш. Или два-тројца, што те прави среќен и слободен, тоа!!!
Искрено, зборот "изневери" ми е многу глупав . Никој не може да биде ничива сопственост. Ако зборуваме за проневера маж ми може да ме "изневери" во мисла, во емоција во идеја. Односно да ме разочара. Многу ми е побитна љубовта и почитта (најмногу) , од колку дали со некоја легнал. Незнам како би ми било , ама добивам преголема почит на сите полиња така да можеби и нема да ме повреди тоа. Јас не би била со друг,немам таква потреба. Задоволна сум и во кревет и во секојдневниот живот со него. Конкретно за темава мислам дека тој став е и наметнат, некако ми нема логика дека мора да си сопственост на некој.
Да ти обрнам внимание на уше една работа. Јас никаде не спомнав никаде ништо конкретно за жените. Јас кажав општо за двата пола, за новите генерации и за илузијата која ја имате дека у запдниот свет има „слобода“ само затоашто ти е дозволено „да збориш шо сакаш и да прајш шо сакаш“. Тоа шо удривте на дефанзива ко да сум ги нападнал жените е страшно тажно. Никаде не отидов контра „вас“. Самото тоа шо у профил ми стои дека сум машко, не значи дека сум дојден тука за да пропагирам она кое очигледно вие се плашите дека маж пропагира у своето секојдневие. Сфаќам од каде ви доаѓа тоа, ама chill out, вашата слобода у општеството не ми е точка на грижа у низава на пораки. Ако препрочиташ без предрасуди ќе увидиш дека нешо друго сакав да кажам. Дали можеби ја преовилучувам ефикасноста на плантирањето на идеата за полигамија? Можеби. Можеби и сум го утнал изворот на идеата. Дали моногамијата дефинитивно ќе изумре у следните години у западниот свет поради една или друга причина? Апсолутно. Ете, сите шо сме моментално тука на форумов ќе имаме шанси да видиме како све ќе изгледа за 20 години. Памти ми го зборот. Тоа шо ме правите будала без да кажете било што од содржајност што ќе ги негира моите точки, шо зема ми напиша цел реферат за слободата на жените, шо не ми е ама ич гајле затоашто зборев за нешо сосема друго, шо ми ги одбегнувавте главните точки и се фаќате за возачот на аФтобус у данска и „900Ајкју“, навистина ме загрижува за вас. Тие работи укажуваат на поголеми проблеми од „Ти Се ПлаШиШ дЕкА ЖенИтЕ ВеЌе НеМа Да Ви БиДаТ РобоВи“(нешо шо ниту го спомнав. ниту го спомнувам, ниту ми е точка на интерес. Ама ете приморан сум да ја спомнувам у секоја порака пошо веќе 4 члена по ред се водат по некој стереотип дека „ако е муж, пробуе да не пороби!“ или шо и да мислите, незнам искрено, не ме ни интересира ама тажно е). Топла препорака имаш од мене да поработите на тие проблеми по детално и да ги искорените, за убрзан личен развој. И знам дека ќе напишеш нешо зајдливо у одговор на овој пасус, ама немој не се мачи. Или земи го советот или не. Нема потреба од одговор, не е мој проблем тоа Ама на крајот на денот, најголема мака ќе ми остане кој дел од моите пораки побудија кај вас чуства дека сте нападнати и дека треба да се „браните“. Ниту посегнав по нечија слобода, ниту изразив желба било кој на кој да биде сопственост. Ако сакаш да дадеш одговор на ова, би бил доста среќен
Прво на женски форум си и овде рекламираш сторија со шофери од Шведска како си купувале невести од Африка зашто немало моногамки кај нив веќе, им ја изрекламирале полигамијата на нивните жени и сега овие гревови принудени да си ги купат... шта речи Цело време тврдиш дека идејата за полигамија ни е наметната и не е наш избор, а тоа е само твоја перцепција. Добро и на шоферине од линкот. Неколку пати ти посочив дека пласираш неточни факти и сите аргументи ти се засновани на нив. Тоа најмногу ми пречеше, и пак не си конзистентен и упорно ти си тој кој не е "разбран". Како да ја продолжиме дискусијава?
А зошто не можам да ја означам членква Аквамарин93 да и пишам дека прашањево во ваква форма е скроз тактички погрешно поставено? Еве пак си го препрочитувам насловов на темава дали моногамијата е нормална појава и си велам зошто да е нормална појава или зошто да не е или зошто да е или зошто да не е ненормална појава? Ќе испадне работава 1000 зошто, 1000 затоа. Како која примарна поента, дека треба да се патува по светов, пеш низ цел свет. Добро сега Азија или Африка не ни се на сите преку улица може да го запалиме и камионот како шофериве и во потрага по вистината каде има моногамки, а каде не. Па ако е и некој камион кој ни нуди пат во иднината да видиме и за 20 години како ќе биде на таа тема натаму- наваму и по форумов.