Има еден дечко,што подолго време го свиѓам,и во почетокот воопшто не ми обрнуваше внимание,но во последните 2-3 недели некако по неговото однесување имам чувство како да му се допаѓам . Постојано ми стиска лајкови на фб ,но во живо ништо или пак да ми напише. Видов дека во хороскоп е девица и се вели дека девиците биле многу срамежливи и дека за да направат нешто требе да бидат сигурни 100 % во тоа , па потоа чекор по чекор да го направат тоа .И сега незнам како да му дадам некој знак за да дојде до знаење дека јас го свиѓам него....
во хороскоп многу многу немој да веруваш. и уште едно нешто, во лајкојте. тебе сигурно ен ти лајкуват само то машко ? туку дека то ти го привлекло окото и само негојте лајкој ти значат.. види ко ке си излезена дали можиш да му украдиш еден поглед,насмевка.. ако не ти пишуват ако не дават знаци дека сакат да се запознајт со тебе немој многу да се надеваш и продолжи понатаму. искрено мисла дека доколку машко свиѓат некое девојче немат да стојт со скрстени раце
Или чекај програмата да се исполни до 100% или иди удри го со некој знак (по можност да не е STOP). Шала на страна, ако веќе имаш некое чувство дека можеби и тој те свиѓа, тогаш направи го ти првиот чекор, ама немој да бидеш нападна.
Иди вечер у кафиќ ...и лупни го по гз у поминување и кажи му “леле ама добар гз имаш“ и поврати се назад....и докажиму ... “ абе ја од фејс те знам “... ќе му ги прегориш сите сијалички...следните три години нема друга да погледне ...хахахаххахахахха
знам дека не требе да верувам многу во хороскоп ..а и за лајковите што викаш.Финтата е тоа што тој до пред 2 недели многу поинаков однос имаше ,воопшто не ми обрнуваше внимание и од тогаш почна да ми стиска лајкови и кога ќе помине покрај мене некако чудно се однесува како да се збунува
Добро тогаш можеш не одма директно во стилот "еј ти, ела тука да ти кажам нешто", туку почни на суптилен начин, со погледи и со насмевки, но не претерано. Кај и да е, ќе дојде некоја ситуација кога ќе биде поблизу а тогаш искористи си ја смислата за хумор и започни општ разговор
не мора да значи дека ако е девица дека е срамежлив,не обрнувај внимание на тоа. Инаку не мора да значи дека му се свиѓаш,ако ти лајкнува нешто на фб. Инаку можеш и ти да му ставаш лајкови,и да го боцнеш така ќе му дадеш до знаење дека го симпатизираш. И ако тогаш не ти пише прв,тогаш само си била во заблуда дека му се свиѓаш
Еве и јас сум девица, па немам врска со страмежливоста.Но вистина е тоа кога не сме 100% сигурно во нешто не го прајме потегот. Сега ти неможиш од еден лајк да си го замислиш пристенот и трите деца. Флертувај со типот во живо, правете муабет па по однесувањето ке заклучиш дали го интересираш, ништо не паѓа од небо потрудисе ако го сакаш овај тип.