1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали наивноста е лоша?

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 24 мај 2019.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Слушам една мајка како го кара своето дете, како му вели да не биде толку наивен, глупав!!!:(

    Детево, душиче, молчејќи плачеше со наведната глава, веројатно не го разбира поимот наивен ама зборот глупав сигурно го боцна во неговата чиста душичка...а и во мојата:(

    Сакам да Ве прашам сите вие родители кои имате деца, дали ако вашето дете е наивно би го карале, би го учеле да се промени...Дали наивноста е знак на глупост.

    Во мое време наивноста значеше мирна чиста неискварена душа која на сите луѓе им верува и гледа во нив само добрина ..додека оние " итрите" секогаш сакаа да ја понижат, изиграат, да и направат некоја ујдурма:(

    Дали НАИВНОСТА во денешно време е карактерна мана :?:
     
    На Nate- princeza, A_star, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Наивноста,во денешно време,кога од најмала возраст секој се обидува некого да згази е непожелна особина.Добрината е искористувана,наивните луѓе се сметано за прости и глупави,додека оние манипулаторите,итрите се сметани за паметни,и за жал полесно им е во животот.Наивноста значи да си осуден на страдање во денешниот свет.Сепак на мало дете може да му се објасни на поубав начин,вака со дерење како во случајов погоре,само ќе се повлече во себе и ќе се срами од себе.
     
    На Nate- princeza, ❤ Lollipop90 ❤, Blue.Sky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.801
    Пол:
    Женски
    Во свет кој не е невин, не е глуповост ама греота е некој да е. Зошто ќе биди газен и искористуван, а тој некој ќе ги има само најдобрите намери пред себе кога цело срање ќе му се случва.
    Како и да е, мислам дека би била лош родител ако го карам детето мое за наивност.
     
    На Nate- princeza, Iva9612, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    52.607
    Пол:
    Женски
    Па лоша е на некој начин. Еве јас сум наивна и имам премногу истрпено поради тоа. На крај те остава да се прашуваш што не е во ред со тебе и зошто така луѓето те истретирале а никогаш си немала лоша намера со нив.

    Не би му викала на мое дете, ама ќе го научам да не дозволува да го погазуваат и искористуваат другите луѓе, дека во ред е да се брани кога мисли дека му нанесуваат неправда и сл. Совети што мене никој не ми ги кажа кога требаше и сега тешко ми е да ги применувам за себе.
     
    На Nate- princeza, CrazyGirl15, Lolipop23 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Да, дефинитивно е лошо кога ќе се премине границата од добрина и љубезност до наивност - прво за самата личност, а понекогаш и за други луѓе околу неа ради одлуките што ги прави под влијание на истата.
    Не само денес, туку во секое време потребно е човек да знае да ги преиспитува намерите на луѓето и да застане цврсто за себеси.
    Родителите треба со воспитувањето да помогнат во тоа, но нормално на многу посуптилен начин - со поддршка и почит кон детето и неговиот карактер, а не обвинувачки и со дерење, навреди како „глупав“ и тоа на улица (страшно одвратна слика инстантно добивам за родители при такви сцени).
     
    На Nate- princeza, gjoker4e, Peperutce1115 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.253
    Пол:
    Машки
    Мама ми рече дека со текот на животот ќе сфатиш дека само наивните страдаат.


    Како што ми делуваше и делумно што ја сфатив веројатно е и тенка линијата помеѓу глупавост и навиност.
     
    На elimkd и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. badbunnyluv

    badbunnyluv Нов член

    Се зачлени на:
    24 мај 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство зборувам, секогаш при побарена помош сум трчела, давала се' од себе мислејќи дека доброто со добро се враќа. Дури и тогаш кога не ми беше возвратено, имав надеж дека не се сите идентични со таа личност. Но, кога ќе добиеш клоца од повеќеммина, сфаќаш дека си бил само изигран и да, наивен. Затоа учете ги своите деца да го ценат своето, да целат кон она што го сакат, да газат се' пред себе, бидејќи ако не тие, нив ќе ги згази некого. Сурово, но вистинито.
     
    На Nate- princeza и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. darlingdragon

    darlingdragon Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2019
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Едно големо НЕ за наивноста.Колку повеќе си добар толку повеќе те газат.Таа добрина што му ја правиш на некој 90% ти се враќа назад со лошо.
     
    На Nate- princeza, Dadusicka, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    10.420
    Пол:
    Женски
    Сите сме биле наивни многу пати. Секој некогаш наивно верувал некому, секој наседнал на нешто, и секој барем еднаш си има кажано на себеси "Како можев да бидам толку глуп/наивен". И таквата наивност не е лоша, се додека сме свесни за неа, се разочаруваме, учиме и се менуваме благодарение на неа. Тоа е површна наивност, не те вади од колосек, си го тераш животот со едно поенче плус. Еднаш си испаднал лековерен, втор пат нема, пошто искуство bitches. ]:)

    Е сега, контекстот во кој @baba Rada ја поставила темава, баш е деликатен и комплексен.
    Овде не знам што е полошо, дали детето што е наивно или мајката со ваквиот говор. Пошто истиот момент кога кажуваме некому да не е глуп, му даваме до знаење дека веќе го сматраме за глуп.
    Со ова не се слагам. Не би рекла дека наивност и добрина е исто. Добрина не значи да молчиш. Најгласниот и најбунтовниот човек може да има добра душа. Лично знам луѓе прилично гласни околу тоа што го мислат, имаат некој bitchy attitude, првиот впечаток што го оставаат кај другите ретко е позитивен, ама објективно гледано се добри луѓе.
    Од друга страна висок степен на наивност може да биде показател баш за искварена личност, во малце поинаква смисла од твојава, ќе се изјаснам подоле целосно.
    Ако детето е наивно не гледам во ситуацијава друг кривец освен оној кој му посочува тоа. На тоа дете не му бил оставен простор да биде свое, не било прашано за мислење. Под мислење не подразбирам што мисли за глобалното затоплување, туку да каже на пример кои патики му се допаѓаат повеќе кога му купуваат облека, или дали му се допаѓа новата играчка (не до степен да му се угодува, и тоа е екстрем). Не разговарале со тоа дете, како се осеќа во училиште, со кого се дружи, што мисли за другарите и соучениците, општо за луѓето. Родителот со комуникација го расте духовно. Ако комуникација изостанува, ете некој ментален инвалидитет. Ако секогаш било како ќе каже мама/тато во него се изгубила индивидуата што сама суди и проценува. Дури и да не му се допаѓа нешто во неговата околина тоа ќе молчи, затоа што никој не му дал до знаење дека има право да ја искаже својата мисла. Подоцна тоа "Нека биде како ќе каже мама/тато" ќе стане "Нека биде како ќе каже (било кој друг)", дури и по цена детето да страда емотивно. Уствари ако страда е ок, пошто и тоа е некој левел на свесност дека е газен и искористуван од другите, па ќе му пукне филмот и можда ќе се поправи, можда и не. Ако не страда емотивно т.е. не му пречи да биде лузер значи дека не го сфаќа тоа на таков трагичен начин и верува дека така треба да биде. Ова е највисок левел на игнорантност. Да му посочиш дека е наивен, ќе го најде најбаналното оправдување и ќе се утеши со него само за да не ти поверува дека си во право.

    И да, оваа екстремна наивност, за разлика од површната наивност што ја спомнав претходно е лоша особина. Една од најлошите. Нешто спротивно на себичноста. Јес да никому лошо не правиш, освен на себеси. Немаш чувство на себе вредност, не се цениш самиот себе, а од нас самите почнува се. Сликата за светот ја склопуваме проектирајќи ја нашата личност врз него. А човек што себеси не се цени себе, не може ни друг да цени, а ни другите него. Конекцијата со светот е отежната поради тоа. Тоа е тој екстремен случај на наивност, кога човек на својот сопствен живот му е бескорисен.
     
    На butterfly_91, samovilkamala, Herrera и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.147
    Допаѓања:
    76.561
    Пол:
    Женски
    Добрина и љубезност се карактеристики пожелни за луѓето и односите кои ги градат со другите, но кога тоа преминува во наивност, веќе е проблем. Тенка е границата меѓу овие карактеристики. Големо срце меѓутоа со цврст став и доследност до себеси, почит кон себеси, тоа е добитна комбинација. Да не преминува во дозвола за мотање на малиот прст.
    Што се однесува до примерот од воведот, стварно е да се натажи човек, дете да биде нарекувано глупаво. Допрва ќе учи како да се однесува во различни ситуации, со
    константно вреѓање и омаловажување може проблеми на психа да му направат. Со добро одбрани зборови се објаснуваат некои работи. Јас така би пробала да одржам лекција.
     
    На Blue.Sky и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Па доколку се работи за дете и нормално што е наивно, оние од мали нозе покварени змијулчиња стануваат проблемот во општеството. А таа не може мало дете да обвинува за неговите „грешки“, ако не сакала детето да и биде наивно, требало да се потруди преку воспитание да не биде такво.
     
    На tina2018 и baba Rada им се допаѓа ова.
  12. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    13.758
    Пол:
    Машки
    Треба да се воспитува детето да не биде наивно да, но до тој степен да таа негова не наивност не премине во дрскост и безобразлук!
    Знам за случај каде мајката ги воспитуваше децата да не бидат наивни и да бидат свои ама за на крај истите тие испаднаа да бидат безобразни и без почит скоро кон секого пак дури и со наставниците на училиште, и во случаеви кога ќе ја повикаа неа како родител да и соопштат за ваквата ситуација таа не го прифаќаше тоа и се расправаше со нив како намерно и ги напаѓале децата нејзини а и другите не биле безгрешни и слични небулози,така да треба навистина треба доста да се внимава при воспитувањето.
     
    На tinka-mace, Peperutce1115, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    116.448
    Пол:
    Женски
    Наивноста е слепа верба во луѓето.И лошите личности наседнуваат на нечии игри и им веруваат на погрешни личности.Поради,ова,поимот не може да се карактеризира.
    Викањето е погрешно.Правилно е само да се советува детето да не верува на секого.
     
    На baba Rada и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Од секогаш наивноста била карактерна маана.
     
    На Alisa22, naturallmess, Dadusicka и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Во денешно време и родителите не се замараат со нивните деца. Дали е наивен дали е даунов синдром, дали е без рака без нога дали е глув итн итн, битно за себе си кулираат а не гледа за нивни деца да ги воспитуваа, да ги учи да ги сакаа со многу љубов а не да ги караа и да ги опцуја еј така мајка ти те воспитувала оф боже мој. Децата од мали све учат и се слушаа пример у пи*ку матер и детето на 7-8 и тој збор ќе го научи и ќе зборува така пред наставници и пред роднини и пред сите, тоа е нај не убав начин. Гледај те да ги сакате макар и да е глуп макар и да згреши значи се бара култура или сакај ги и учи ги децата или ич не роди деца!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofice

    Sofice Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2018
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Наивна сум и си патам поради тоа.Иако сум свесна за тоа и сакам да ја искоренам сепак тешко оди и мислам дека тоа е вродена особина.Токму кога мислам дека станувам цврста се појавува некој и тоа од најблиското опкружување да ме сруши.Најмалку што сакам е моите деца да ја наследат оваа особина.
    Ако се земе во предвид дека децат се огледало на родителите и најмногу учат од постаките отколку од постојаниот говор без исход,тогаш што да очекувам.
    Најмногу ми е криво што секогаш наседнувам на истите луге и покрај тоа што веке сум поставила граници, или пак можеби тие ги научиле моите слабости па знаат како.Во секој случај ова е проблем на секојдневието.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. neo

    neo Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    163
    Предпочитам да сум близок со добри (да не ги наречам наивни), од другите да сум на дистанца. Можеби сум идеалист, не знам, но мислам дека овие првите имаат подобар живот, оние злобни, манипулатори заглавуваат со соодветни на себе, во еден свој свет на измами и лаги. Имам комшии и од едните и другите. На едните глас не им се слуша, другиве се во постојан конфликт, со расправии на висок тон. Не сакам ни да ги сретнам кога ќе излезам од дома.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    Конкретно за оваа тема имав некое време теорија која до некаде се испостави дека е точна .... наивност како човечка особина постои се додека душата е млада и чиста , се додека ги нема осознаено прљавштините на реалниот свет и гнасотиите што ги шират луѓето ( добри , лоши , просечни ) , претпоставувам со годините се оформува свесноста кај одредена личност ,а со тоа исчезнува тоа што било налик наивност , далеку од тоа дека може да се спореди со глупавост , баш во спротивно мислам дека паметни интелегентни луѓе во дадена ситуација може да бидат поистоветувани со наивност ..... грешка е да се дефинира дека ако си наивен подеднакво си глупав , едноставно можеби лоша проценка на ситуација или некоја личност може да те доведе до грешка и сепак да изгледа сето та наивно , а не глупаво...... што во моментов од ова општество во кое живееме тешко дека ќе најдеш некој кој е наивен.....
     
    На Peperutce1115, Dashing:) и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Да.. Голем проблем е да си наивен затоа што кога со наивен сите на глава ќе ти се качат ! Сум била наивна и сум патела поради тоа,ама среќа го увидов проблемот па успеав да ги сменам работите на некој начин иако сега ме прават злобна нека.
     
    На gjoker4e и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Ако ја изглумеш па и не би рекла ;););)
     
    На Dashing:) и baba Rada им се допаѓа ова.