1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали наивноста е лоша?

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 24 мај 2019.

  1. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Секој бил наивен во животот,но со тек на време се учиш и си попретпазлива,не им веруваш толку слепо на луѓето како порано.
     
    На WildMk, LollySky, realGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Види ја ти нејзе, добра идеја:rofl::rofl:
     
    На hellocity и naturallmess им се допаѓа ова.
  3. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Добро е да изглумиш дека си наивен се согласувам со тоа. Ќе им кажеш две-три работи за тебе да мислат дека им веруваш и после ги гледаш како се мачат да те користат. А нив кога не им одговара нешто се прават луди.Некогаш и јас слепо верував во некои ама со помош на духовните книги се освестив што сум си правела и секако низ искуство. Наивните мислат дека ако ти кажуваш на некој се и дека другиот им кажува се. Не е така. Само тие се издаваат. Може затоа се мисли во тој контекст глупави. А дека сум била глупава не воопшто само не се замарав. Ги гледав сите како мене. А, тие те гледаат како себе. Сфатив дека никој неможе целосно да го познаваш колку и да мислиш дека го знаеш на крај сепак вистината боли. Сега ги разбирам затворените луѓе кои зборуваат само за бош муабети. Наивноста не е карактерна особина и може да се промени. Кој еднаш се изгорел нема да му текне да биде наивен :!:
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Духовните книги те научија да глумиш наивност :drunk:
     
  5. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Книгите ми ги отворија очите. Некогаш и јас слепо верував во некои ама со помош на духовните книги се освестив што сум си правела и секако низ искуство.-ова го пишав.
    Гледајќи ги другите како зборуваат,како манипулираат и пробуваат да ме одврадат од моите желби, како се обидуваат да ме искористат. Си се прашав на кој толку многу сум му верувала? Стигнав до степен блиска другарка да ми каже дека јас сум затворена и ништо не сум и кажувала. Некаде го имав пишано истово и дека јас сум спротивното од тоа. Тогаш сфатив што значи другите да те гледаат какви се тие самите. Не била за џабе изреката ,,кој збори сам за себе си збори". Ги гледав како оговараат други личнсти што не ги ни познаваат. Тоа што им е во нив они го зборуваат. Така почнав да ги проценувам луѓето. Претходно незнаев и ги мислев сите дека се добри како мене. Иако понекогаш не се осеќав убаво покрај некој сепак немав предрасуди. Ама сфатив дека се е напразно. Никогаш неможеш некој целосно да го познаваш.Тоа е факт.

    Еден дечко за мене мислеше дека сакам да се направам паметна и дека сум селјанка ама не сфати дека тој самиот пропрадна во моите очи. Секако дека му кажав на начин на кој тој што ми кажуваше мене. Вратив со иста намера. Он не знаеше нешто што јас го знаев а мислеше дека е селјачко.А дали беше селјачко нештото? НЕ. Тоа беше само српски збор.Ние си користиме србизми кој што сака нека каже. Мислеше дека имам маска на лицето. Јас и кога ми беше најлошо испаднав најхрабра на сите да им кажам дека имам анкциозност. Поддршка дали добив? Нормално дека не. Оттогаш се сменив. Ме оставија сама. Уште ме мислат дека имам маска не ми се веруваше. Да имав немаше да кажам дека имам психички проблем па така да ме знаат. Во ред е кој како си сака. Сфаќаш дека неможеш ништо да направиш. Ако се одлучил некој лошо да види во тебе направи колку сакаш добро дело он пак ќе најде нешто што не одговара.

    Понекогаш и вие направете на некој тест за Бјанка Мизел да видете како се претвраат во личности што знаат се. А човек учи додека е жив. ;)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Денес е лошо да си наивен ќе те искористат и фрлат другите.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Тое е проблемот, инаку наивноста е доблест, единствено нешто бело од сите нијанси што ги поседува карактерот на еден човек....Наивноста не е глупост, само безобразните луѓе ја гледаат како таква, тие лошите и користољубивите.

    Зарем има нешто поубаво од детска наивност која безрезверно чисто љуби???:)
     
    На missmama, sonuvana, Bratot и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Поради ова ми збореа дека го гледам светот розев и дека сум детенце. Сум простувала каде што не се простува. Премногу сум очекувала од другите дека ќе бидат исто добри како мене. На крај јас бев таа што плаче.Другарка ми вели ќе сфатиш зашто те оставам сама кога ти е најлошо и уште очекува фала да и кажам.Неможам сега да ја разберам.Знам дека она сама се бореше со се. Како што ми е преку глава веќе се карав и со тие што се цел живот покрај мене. Еве јас не ги разбирам.Може јас не сум толку силна. Може уште е некаде детето во мене. Иако си со отворени очи знаеш доста работи со нешто неможеш да се бориш. Детето во мене е тажно :( Зарем човек кога ќе порасне станува злобен?:?:
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  9. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    Наивниот и глупавиот се на исто рамниште, вика татко ми.И навистина самата се уверив во тоа.
    Во денешно време, сакајќи на секој да му помогнеш при тоа да не ја гледаш лошата особина и да го гледаш само доброто во луѓето , според мене е лошо.
    Ама поставувам прашање, зошто кога некој е наивен и добар некој друг го искористува?
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Не душо, не е така..тој што ја искористува нивната наивност како што ти велиш, само му продава мудрост..наивниот ако на некој му даде пари и тој истиот не му ги врати, не се секирај, не останал наивниот без пари, туку купил со нив искуство, мудрост...наивност и глупост се две различни гледишта....мислиш дека наивен човек неможе да ја склопи рубиковта коцка за 5 секудни или да реши некоја тешка математичка задача?
     
    На Tanjamm, sonuvana и Dashing:) им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не е наивноста најлоша од особините, туку нејзината злоупотреба, на која сведочиме секој ден.
    Најмногу мислам дека се врзува со животното ( не)искуство и емотивната (не)зрелост.
    Често се вели наивен како дете или пак неиживеан.
    Значи наивноста е луксуз кој само едно дете може да си го дозволи, за возрасниот свет е огромна маана.
    Бидете ли наивни - живи ќе ве изедат.
     
    На Tanjamm, WildMk, BayernKa и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со ова. Мене ми иде многу математика и ја разбирам тоа не е доказ дека јас сум глупа, а ако се смета наивноста за глупост е тогаш тоа е заради тоа што им решавав задачи на другите. Не бев себична, немав свое јас, кој како сака може да го крсти тоа. Тоа е добрата душа на човекот. Им помагаш на другите мислејќи дека така повеќе ќе те ценат.Во тој контекст се мисли дека наивноста е глупост. Ама кога сфаќаш дека едното со друго нема везе и секој си гледа за себе во животот тогаш и најнаивниот човек може да се смени. Сфаќаш дека треба да се свртиш кон себе и своите цели, а не да им бидеш security на другите и ти на крај да добиеш шут;)
    Кој се изгорел како што кажав нема веќе да биде наивен 8)
    Ако некој се смета за наивен, а сака да се одвикне од тоа сра*е нека ми пише лп ќе му бидам личен тренер 8)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Бра

    Браво душо:bow::hug:
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    Дискутабилно.
    Во однос на деца, не би воспитувала така на директен начин и груб бидејќи детето го гради карактерот по нашите постапки и не би го труела со такво однесување. Ако некоја мајка се разочарала од нешто не треба одма тоа да му се наметнува на детето и да го демотивира уште од мали години.
    А општо за наивноста сметам дека во денешно време е злоупотребена. Не гледам причина да се сметаш за глуп/а ако правиш добро дело. Биди фер спрема луѓето, но ако дојде до злоупотреба тогаш постави ги границите и ако не си го увидел тоа, поука и искуство плус.
     
    На Herrera, sonuvana и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    наивноста е лоша многу во овој свет полн со лошотија,лицемерие така да секој сака да те види наивен и да те користи и ја оправдувам мајката што го кара детето да не биде наивно иако мало дете не знае да разбери што е тоа и јас како мала бев наивна и родителите ми викаа немој да бидеш таква не зависиш од никој но тоа го сфатив јас кога самата почнав да се соочувам со проблеми поради мојата наивност,кога другарките ме третираа како грдо пајче,како последна шанса и еден ден решив да се сменам ,а имав 17 години,од тогаш па се до денес веднаш сфаќам какви се луѓето и како ме гледаат.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    Наивен е оној кој мисли дека добрите луѓе се наивни просто.:)
     
    На missmama и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. missmama

    missmama Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2019
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Наивноста не е глупавост. Тоа се емотини луѓе, емпатични луѓе, кои свесно туѓите интереси ги стваат пред своите, кога се има потреба од тоа. Секој еден човек има добрина во себе и доблест да го прпознае тоа кај "наивниот' и има позитивен фидбек. Во спротивно, самиот изгубил. Според мене наивниот човек е добар човек, со чиста душа, емотивно стабилен со тоа што удоволувајќи му на другиот секогаш има алтернатива за себе. Тоа за мене е јака личност.
     
    На Disconnected, neo, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    И сите ќе го искористуваат.
    Лошо е што е така, но така е.
     
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Од мое лично искуство , да . Наивноста е лоша , лично мене ми донесе милион проблеми . Секако , децата не можат да разликуваат дали некој ја искористува нивната наивност или не , а со самото тоа не можеме и да ги караме . Со текот на времето ќе си научат сами што и како треба .
     
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    35.753
    Наивност е неможност за читање на social cues донекаде и непрепознавање на манипуланти. Во детство очекувана. Иако има и препредни деца. Штетна е кога несвесни влегуваме во односи кои емотивно или материјално ќе не повредат. Но се се учи. И наивните стануваат ненаивни, лузните остануваат.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.