Јас па никогаш не сум уживала да ги користам добрите луѓе или да ги викам овци за стрижење. Она што го правиме на другите еден ден ќе ни се врати како бумеранг, верувам во тоа и се покажало. Лошо е да си наивен, но да се измеваш со наивен човек или да го искористуваш, тогаш си вантрешно разјаден и ти нема спас, значи немаш свое јас, па мораш некого да користиш и тоа да ти е најголемо достигнување во животот.
Тоа да, но и другиот нема да куртули, ќе се најде некој што и него ќе го зезне во животот. Се се враќа, се се плаќа во животот. Имав школска од средно, секогаш ги користеше луѓето што можат да ја частат пијачки. Сега е мажена, рмба како коњ и својата плата ја дава на свекорот, скрвата, мажот, и ден денес нема да плати едно кафе со своите пари. Тие што ги користеше да и плаќаат пијачки, и денес си имаат, а таа беше и остана сита и јадна душа, за жалење.
Како што рекле старите премногу добрина се граничи со наивност па и глупавост. Не секој добар човек е наивен, но во денешно време да си наивен/добар многу не е на арно.
Никој не е намерно наивен, многу често поаѓаш од тоа каков си ти и ако си чесен и добар мислиш дека и другите се такви. Но, сепак треба да бидеш внимателен и претпазлив.
Да, лоша е. Носи само лоши последици и разочарување. Или евентуално ти дозволува да живееш во некој розов свет на фантазии, а будењето од тој сон е многу болно.
Човек никогаш не треба да биде наивен, туку скептичен. Наивноста води кон проблеми, скептичноста (те) спасува од проблеми.
Лошо е за себе да си наивен. Но понекогаш отстрана може да делува толку невино и слатко кога некој останал неискварен.... едноставно неодоливо. Само понекогаш, не кај секој, се разбира. Почесто те нервира како некој си дозволува да го мотаат.