Грешките по некоја дефиниција се ненамерни случувања, а неверството е испланирана и свесна постапка со познати последици.
Дефинитивно личен избор. Кога сме веќе кај оваа тема, најклише изговор ми е пијанството. Алкохолот не ти го менува мислењето или чувствата, туку ти дава самодоверба и мотивација да го направиш она за кое не си имал храброст да го направиш кога си трезен.
Личен избор.Никој не вара ,,по грешка”.Со предумисла е, не паѓам на фори од типот на пијан/пијана бев.Ако знаеш дека правиш глупости од кога ќе се начукаш а си taken, ќе пиеш умерено, а не како камила па после циле-миле.
Се зависи како човек си ги прифаќа сопствените грешки...јас на пр. и кога знам дека сум згрешила, не се потресувам многу, баш ми е гајле...премногу се сакам себеси за да се измачувам со глупости...само една лекција и поука може да извадам и продолжувам со полна пареа напред кон животот. Се е личен избор кој зависи од временската прогноза за тој ден, од хормоните идр.
Па избор секако. Никој не изневерува по грешка. Секој што изневерува знае што прави, свесно се впушта во тоа.
Што знам јас би имал голема грижа на совест и би се запрашал дали воопшто ја сакам партнерката ако во меѓувреме имам афера со некоја друга. Што не ме исполнува кај партнерката, а го пронаоѓам кај некоја друга? Дали можеби комуникација или разбирање? (ова не ми е толку битно, ама еве да речеме физички изглед?)