Дали неверството може позитивно да влијае на врската?

Дискусија во 'Врски' започната од arwen, 16 март 2011.

  1. arwen

    arwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Ме интересираат ставови од оние кои поминале низ тоа, а не коментари од типот ја никад не би варала и не сакам да ме вараат.
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Aбе за позитивно,штознам :?: зависи каков ти е партенрот,мислам на другарка ми,колку повеке ја изневеруваше дечко,толку позатрескана беше и сеуште е |( некои колку,се тепале,карале се изневерувале,па гледаш уште се во брак,со деца,и ке си речеш Kако останале заедно? и сеуште како заљубени се,како ништо да не било :D :^) Mислам позитивно би влијалело,ако се плашиш да го изгубиш партнерот,заљубена си до даска,и слепа си-добро во случај повекепати да те изневерува?Bо мој случај кога еднаш ке ме изневери,готово е,нема ај да се смириме,пак уште позитивно да влијае :devil: Jас таква сум пример,сега секој човек е различен,но ете јас така постапувам-не се вракам и не простувам,такви 2 врски имав :^)
     
  3. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Нема да го тупам со цел реферат, туку само кратко и јасно со една реченца..... - Колку и да изгледа дека
    "ја зацврснува" врската, гледано на долг пат и целокупната слика - не завршува убаво. Кога тогаш ќе пукне тапанот зашто тоа изневерување другиот партнер ќе му го извади преку носот !!!! Ако се лажете дека ја зацврснува, верувајте дека тоа е моментално...Крајниот исход е сосема различен !!!!
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    да моментално,или прекриено пред лугето колку се сложуваат и сакаат,но до каде ке оди тоа?или девојката е затрескана-па да не го остави,или обратно :^)
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    |( |( |(

    Секако дека може. |(

    Ма дајте ви се молам, ова може да му одговара само на некој чиј партнер изневерил, и упорно го убедува после тоа дека згрешил и ке надомести, а вториов само си верува.
    Јеа рајт. |(

    Нема да делам коментари од типот - јас не би изневерила, или верувам во него дека не би ме изневерил, зашто не живееме во утопија и се може да се случи, па после да се мачеме да си ги повлекуваме зборовите.

    Ако ме изневери некој, а јас дознам на било кој начин - нема да е ништо исто, а камоли да се зацврснела врската. Тој ке се труди да направи да заборавам се и ке ме третира како бебињата што ги гледаат, ништо да не ми фали. Од друга страна, јас нонстоп ке му сугерирам каде згрешил, па ке прашувам како му било со другата, па што и правел и му правела, итн. Истото и од моја страна го очекувам.

    Не е заљубеноста во прашање овде, туку суштината на карактерот на особата која се претпоставува дека простила. Да е некоја сугестибилна особа, би сметала дека тоа и фалело во врската, за партнерот да и посвети внимание. А зад тоа нож да ми ти се крие. Ах...
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Јас сум за тоа дека може, но само под услов неверството да било физичко, а не и емоционално.
    Но, за да врската потоа биде подобра, неопходно е да се разговара надолго и широко за причините кои довеле до неверство.Ако се решат, јас сум сигурна дека не мора да значи дека ќе се повтори и може се да биде подобро.
    За ова многу често сум среќавала и статии од познати психолози што работеле со парови.
    Ама, битна е желбата и љубовта.
    Убаво би било да се искаже некоја што била изневерена и што, ако ништо друго, се потрудила да ја спаси врската, па да ни го изнесе исходот.Во спротивно темава ќе се претвори во дали би простиле неверство
     
  7. arwen

    arwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    :!: Значи не го разбра прашањето... Еве ќе ти појаснам... Со дечко ми сум во врска веќе 5 години и го сакам. Многу. Ама врската ни стана монотона. Го изневерив со дечко сосема спротивен од него. Очекував дека е крај на мојата врска, така што продолжив да се гледам со дечково... но со тек на време почнав се повеќе да се возбудувам коклу дечко ми, само поради тоа што ја разбив онаа монотонија... Сега го сакам повеќе од кога било, имаме одличен секс повторно, и во моментов не ни помислувам на изневерување. Дечко ми никогаш не дозна за овој вториот... Епа ме интересираше дали некој би можел да сподели слично искуство... Значи прашањето не гласи: ДАЛИ БИ ОПРОСТИЛЕ НЕВЕРСТВО, туку гласи: ДАЛИ НЕВЕРСТВОТО МОЖЕ ПОЗИТИВНО ДА ВЛИЈАЕ НА ВРСКАТА... :geek:
     
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ти никаде не го нагласи твојот личен проблем. И ако ваква е приказната, не знам зошто прашуваш кога ти си знаеш дека позитивно ти влијаело неверството.
    Ако ти е добро - терај си, ако не дознал - нека не ни дознава никогаш, нека ти потрае позитивноста на неверството. ;)
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Дефинитивно може.
    Сите сме луѓе и може да направиме грешка. И некои сфаќаат што имале од кога ќе почнат да го губат. Па секој заслужува втора шанса. Многу пати ние самите од коа ќе направиме некоја беља ќе сфатиме дека не требало така, сега ни е криво и никогаш не би повториле

    После неверството ако оној изневерениот е спремен стварно да прости и да заборави тогаш може врската да биде уште поцврста бидејќи партнерот сега многу повеќе ќе го цени тоа што го има. Е ако неможе да опрости стварно, туку онака на збор па после нон стоп да му префрла за тоа....ова не го бива, џабе се малтертираат. Или пак оној кој изневерил ако не сфатил дека ставрно направил грешка, туку она извини било онака, не длабоко и искрено...тогаш и овој случај не го бива.

    Моја блиска братучедка идеше со еден тип, ама онака неозбилен, се фатија на 17год и на тие години небива кој знае колку озбилна врска. Типот ја изневери после 2год врска, раскинаа, ја молеше долго време да се смират, велеше дека му е жал....оваа не му веруваше дека овој го биеше глас женскар. И после пола година-година дена реши да му даде уште една шанса, без многу надеж....ама испаднаа стварни неговите ветувања. Денеска се во брак, си имаат детенце и никогаш не и направил нешто да ја повреди. На некој начин неверството го опамети него....ако не згрешеше, може уште долго време да тераше неозбилно и да ја нервира за глупости. Ама после овој случај не смееше да мрда :D

    Е сега, мислам дека мнооооогу се ретки случаевите каде може позитивно да влијае, ама сепак може. Сепак некој секогаш е повреден

    Јас лично не би сакала вакво позитивно влијание :)
     
  10. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    ^ Значи ти си го варала дечкото со којшто викаш дека имаш 5 год. врска и дека го сакаш многу. Ај да те прашам нешто , бидејќи стварно не ми е јасно Па зар немаш ни тронка грижа на совест? и Не ти е страв да не дознае случајно, бидејќи кога тогаш се се дознава?
    Искрено мене би ми било срам да го погледнам во очи.
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Може да влијае позитивно само на тој што изневерува. Ај сега да си се е*авам со друг и да му речам на дечко ми: "Ама сонце, види како позитивно влијае на нашата врска, ми се отворија видиците."
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Не, а и не се исплати :D . После изгубена доверба да се вложува пак многу труд, нерви за да биде како што било - тешко. А инаку може позитивно да влијае, ако сакате да раскинете а немате друг изговор па овој мислам дека ќе заврши работа ;)
     
  13. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
  14. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Јас поминав низ ова... со дечко ми сме веќе 4 години во врска... кога бев на одмор го изневерив со друг, и му раскинав за да бидам со другиов, тогаш идевме само 4 месеци... се покајав за тоа.. и видов дека сеуште ме сакаше и му се вратив... по неколку месеци тој беше на гости во друг град, и кога се врати дознав дека ме варал, и тој сам ми призна... а ни сам незнае зошто (ама јас си мислам се смувал за да ми врати, затоа што е таков инат)... имавме мн караници, паузи, раскинувања и ние незнаевме со правиме... се смиривме, си ветивме и двајцата дека никогаш повеќе нема да се случи истото, свативме дека неможеме еден без друг....Јас искрено сега не се каат за тоа што сум го направила бидејки тогаш не сум го ни сакала толку, дете сум била, мислев се што лета се јаде... но он уште се кае за тоа... и ден денес ми кажува дека некогаш неможе ни да заспие од што има грижа на совет, и некогаш кога ке му текне срам му е и да ме погледне..... но се се среди.. минато... деца бевме...
    Од како си ветивме дека нема да се вараме мн ни се зацврси врската и тоа стварно многу.. свативме дека се сакаме.. дека неможеме еден без друг... на почетокот не му верував, мислев дека пак ке ме извара.. но не, со 10 женски да го оставам нема со ниедна да биде... порано и други му се свиѓале и гледал по женски, а сега и сам ми кажува дека нема желба да биде со друга, јас му требам, јас го правам среќен... ај толку...

    Стварно се сакаме најмногу од тој момент, и не ни е повеќе монотоно, секогаш ни текнува нешто интересно да правиме, да пробаме.... :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На cindy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Според мене не може да влијае позитивно ама ич. Па како ќе треба да се правиш ненормална дека ништо не се десило? Секогаш кога ќе легнеш со него ќе се сетиш дека тој тоа тој доживувал и со друга.
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Хах, да да, позитивно :clap:
    Ќе иде ќе плесне некоја дун*а желна за туѓ маж, па ќе ми дојде дома на мене. И после чуди се ти од каде ти е таа бактерија.
    Позитивно е (брисот). |(
     
    На Elena69221, kallias и peperutkaa им се допаѓа ова.
  17. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Можеби ако дечкото ја изневери девојката подоцна ќе се покае и ќе сфати што изгубил (ете ја позитивната жичка), ама врската и да се обнови - повеќе нема да биде иста.

    За среќа не го зборувам ова од лично искуство, но и бев рамо на плачење на мојата најдобра другарка која после 2 годишна врска дозна дека дечко и (кој премногу го сакаше) ја изневерил. Го преболи тоа, му прости, продолжија со врската, тој сфати дека премногу ја сака, но таа веќе е оладена. И самата ми има кажувано дека некако како да нема поента во продолжување на врската. Од негова страна сега таа добива многу љубов и внимание, ама другарка ми веќе не е иста во однос на врската. Ако ја сакал, зошто би ја изневерил?
     
    На LyckliG му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    позитивно?
    што може да биде тука позитивно? дека му се смачи на дечко ти или девојка ти од тебе па сакаше малку замена? дека некој друг му е попривлечен? што може да биде позитивно тука јас не гледам.
    секое неверство е знак дека љубовта не е вистинска. јас ги изневерив сите мои бивши :$ не сум горда на тоа то тоа беше затоа што немаше вистинска љубов. а сега срценцето мое си го сакам најмногу и не погледнувам во друг а не па да помислам да го изневерам ГО САКАМ НАЈМНОГУ :inlove:
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Апсолутно-не!
    Сето тоа зголемување на интересот за партнерот,поинтензивен секс и др.наброени појави се краткорочни резултат на вина кај изневерувачот,а љубомора кај изневерениот,ако се дознае неверството остава трајни последици.Бидејќи се нарушува довербата еден во друг и ништо нема да ја врати и поправи,никакво каење и не знам какви докази на љубов не ќе придонесе пак да нема сомневање.
    Колку и да пробуваме да се правиме дека сме простиле,човечки е да ја помниме нанесената неправда и никогаш не ќе се заборави нештото.
    И само да напоменам јас не осудувам човек кој изневерил и се кае-ја прифатил вината,но кога некој бара оправдување ми се лоши искрено.Не постои оправдување од типот „бев запоставена,монотоно ми беше,дете бев не разбирав итн„ треба проблемот да се реши во врската,настрана не се решава ништо.
    Меѓутоа,да се изврши изневерување и да не се перцепира како погрешен чекор,за мене е незрело однесување,бидејќи тоа е погрешен и многу повредлив чин!Најфер е да се прекине со тој што сме во врска,ако се сака нешто со некој друг,па потоа да се обидеш пак да го освоиш ако веќе сфатиш дека тој е тој.А бидејќи скоро ништо не останало скриено,не знам како ќе се сносиш со последиците.Јас би признала,не ти сугерирам,ама подобро да поминам низ тоа сега,отколку после 5 год.да ме остави-ама секој си постапува според својата волја.
     
    На LyckliG му/ѝ се допаѓа ова.
  20. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Неверствотот како негативна работа во никој случај не може да има позитивни последици како такво.... Меѓутоа ако тој што изневерил се покае искрено,може да се надмине тоа и да се има повторно убава врска,нормално тоа зависи и од партнерите и од трудот... Неможе никоја врска да биде совршена,во животот се случуваат и такви работи,па луѓе продолжиле сепак со убав живот.
    За мене далеку пострашни проблеми од неверство во една врска би биле кога дечко ми би почнал да се дрогира,да пие многу,да се коцка итн. Поздрав