Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали неверството може позитивно да влијае на врската?

Дискусија во 'Врски' започната од arwen, 16 март 2011.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам - како може позитивно да влијае?
    Ако другата страна дознала и простила, сепак не може да остане неповредена, ќе остане понижувањето дури и ако не се спомне никогаш повеќе. Можеби ќе ја вратат врската во нормала, ама што позитивно би добиле од неверство не можам да разберам.
    Ако другата страна не знае - тука имаме врска со тајни, нечисти сметки и не знам како оној што изневерува може да спие пак со својот партнер без грижа на совест.
    Можеби сега ти е убаво кога ти се вратила страста кон партнерот, но кога тогаш ќе има последици од неверството. Не може туку така да го направиш, па да го избришеш.
    Тоа е како метење и туркање на прашината под тепихот - скриена е, но тука е и ја дишеш :!:
     
    На SexyPrincess му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.165
    Дискутабилна тема за која не можам да кажам за или против.
    Зависи од врската,односто и пред се луѓето и нивните лични карактеристики,најмногу флексибилноста.А исто така и од причините за изневерувањето.Дали се чисто физички или тука веќе е вклучено и нешто друго.
    Од агол на изневерениот во прв момент секој и секој пат ќе рече,ау против,не може да биде позитивно.
    Има позитивни примери и од двата типа.
    Секој може да биде изневерен и никој не е незаменлив и посебен,тоа треба да биде јасно.
    Во вистинската љубов нема изневерување.Не верувам.Човекот е сексуално суштество кое нема предиспозиции да биде моногамен,но фала богу од друга страна има памет и се тоа што овај нали тој памет му дава предности.Но сепак,она што го носи моментот и тој набој од икс фактори и услови е многу посилно,отколку секоја разумна мисла и секој атом на љубов.Најчесто се случува ова кога се работи за физичка привлечност и нема врска со непривлечноста на партнерката,туку лични причини,а потоа следи каење и некое бонус сознание.Може да биде и позитивно и негативно.Можеби ќе сфати дека ете лош им е сексот и сепак не било тоа што него го исполнува,а може ќе сфати дека покрај себе има нешто вонсериско.Сексот е важен во секоја врска,колку и да се правиме луди и велиме дека е анимално ако се мисли само така.Па на крајот,подобро е што изневерил и сфатил,отколку да бил во заблуда и она што не ни е јасно,а не тишти,она кое со текот на годините ги оддалечува партнерите,се сфати веќе кога е премногу доцна.Еден е животот и кус е што е најлошото,секој има право да биде среќен.
    Реков,се зависи од партнерите.Ако се слободоумни,флексибилни и несомничави,ако биле отворени еден кон друг и претходно,веројатно ќе ја зацврсти врската многу.Ама ако се ригидни,премногу традиционални,сомничави,имаат изградени нереални морални вредности (што е најтрагично кај ваквите сум забележала дека тие морални вредности важат само кога тие се во прашање,а обратно ако тие се причина за нешто,па знаеш како,може и да се прогледа,не е така како што изгледа,друга е ситуацијата итн итн),па и во дадена мера изигруваат карактер отколку што навистина се,па дури и длабоко во себе чувствуваат дека можат да простат,дека ја сакаат личноста,дека разбираат,тие со сила би оделе со глава во ѕид и никогаш не би простиле,тогаш таа врска секако дека ќе се распадне и нема да продолжи понатака или ќе се сретнат после икс време кога ќе се смират нештата,па ќе продолжат повторно со доза на несигурност,што исто така врската ќе ја прави лабилна.А најсмешни ми се оние што простуваат,го пуштаат назад партнерот,а после се низ нос му вадат,а овој пак свесен дека згрешил,дека е виновен,од друга страна знае дека премногу ја сака,па трпи,трпи,трпи...а овие изневерените,не можат да стекнат доверба.Не можам да ги обвинам,ама зошто во прво време рекле дека простиле?!
    А кога е вкличено и емоционално неверство и физичко и трае...тоа веќе воопшто не ми се допаѓа,иако повеќе ги оправдрувам.Чесни се во поглед на себе,знаат дека не можат повеќе со личноста со која до тогаш биле,но не се чесни во поглед на партнерот затоа што немаат храброст да прекинат.Зошто побогу си сеуште со таа личност,ако по сите параметри гледаш дека не е за тебе?!
    Малце отидов офф.
    Во принцип,ни ваму,ни таму сум.Се може да се случи.Сами сме дојдени на планетава,сами ќе бидеме цел живот и покрај родителите,роднините,пријателите и партнерот.Се зависи од тоа како ги примаш нештата и колкави очекувања имаш и дали се тие реални.Флексибилноста и средината се злато.Најмногу треба да очекуваш од себе.Јас мислам дека личност која е задоволна од себе и има здрава доза на самодоверба би простила и би разбрала,ако е физичко неверството и ќе дозволи врската да биде поцврста,односно ќе вложи,можеби помалку од партнерот кој изеверил,ама сепак мислам дека само така би успеале.Ако јас верувам во себе и она што го оставам зад себе,зошто би се чувствувала понижена од такво нешто?!Не ми треба сигурноста на партнерот,ниту неговата потврда,со него сум затоа што го сакам,а не због себични причини,зошто прави да се чувствувам сигурно,сакано и не знам какво.
     
    На Elena69221, Trnche, LyckliG и 9 други им се допаѓа ова.
  3. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Од моја гледна точка НЕ! Особено бидејќи сум ситничар по природа и не би можела да замислам да живеам со помислата дека дечко ми бил со друга.... :!: па јас би се изела и од самата помисла дека ја допрел како што ме допира мене и ред други работи,така да во мој случај не би влијаело позитивно!
     
  4. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Врската, освен врз љубов, се базира и врз верност. Затоа, не гледам како НЕверството би можело да влијае позитивно, апсурдна е и самата помисла на тоа, особено ако се има предвид дека тоа ја разнишува и довербата, еден од најтешко-одржливите елементи во секоја врска. :/
    Едноставно, доколку се одлучиш на неверство, со тоа повлекувач цел „синџир“ на последици, од кои сите се, благо кажано, не баш позитивни. :)
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.165
    Верност?!
    Што е верност Најтвокер?!
    Ниеден од партнерите не е домашен миленик.Верност е многу себична причина за да бидеш со некого и да градиш врска.
    Верност е многу силен и широк поим.Ако си верен некому,не си верен на себе.Како?!Епа така,можеш да скршиш свој принцип за да бидеш верен некому,за да не го повредиш.Верност бараш од некого затоа што ти не си верен на себе,односно таа верност во форма на потврда,да ти вредиш и нема никој како тебе е продукт на лична несигурност,која се трудш да ја сокриеш преку зборовите на партнерот кој ти вели дека си незаменлив.
    Верноста е преценета.
    Во врската нема глуматање на личност,нема лаги и интриги.Оние кои се љубители на такви драматични изрази и муабети,верност,најмногу бараат,но и најмногу грешат,впрочем кога нив почнува да им се случува,тие се изненадени и знаејќи дека е контра на она кое претходно го зборувале,се вадат,ама знаеш ова е нешто друго,ретко кој признава пораз од сопствените очекувања.
    Многу врски се градат од погрешни причини,затоа и пукаат при првата неверност која била беззначајна авантура од една вечер.
    Верността како таква подгорува љубопитство,презир,ограниченост кои ја прават климава врската,колку што може да ја направи и невертвото.
     
    На s1a1n1d1r1a1, LyckliG и Nightwalker им се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Се согласувам дека изневерувањето е нешто што секому има шанси да му се случи-знам дека ќе бидам нападната за ова т.е.очекувам,да напоменам еве нека е хипотетички изнесено за скептичните,за мене НИКОГАШ е преголем збор околу кој не градам претпоставки и не го бојам со илузии.
    Само не се согласувам околу делот со простувањето и заборавот,конкретно Лилит.Еве,не мора да е изневерување лага нека е во прашање,останува во некој дел од мојата меморија и ми ја поткопува довербата,разбирам човечки е да се згреши,ама не значи дека ако не сум заборавила не е валидно простувањето.Едноставно имам резерва во себе за во иднина кон таа личност и тоа е посилно од мене,па ако пак успее да ја оправда својата доверба-молам,ама за тоа е потребно време-јас сум дала доверба-што за мене е нешто презначајно,па ако личноста ја сруши како кула од карти,е па ќе треба да се уверам кога и дали ќе ја врати.Не верувам дека некој е целосно имун на изиграна доверба,ете се сеќавам во „Страв од летање„ на Ерика Јонг како главната хероина долго ја имаше сликата на сексот меѓу сопругот и другата во својата глава-значи луѓе сме,колку и да се трудиме да сме современи,со отворени и широки погледи,треба да се исфилтрира бесот,љубомората и сите пропратни емоции.Не верувам дека некој ќе успее да премине преку ова,како да поминува преку мост од река.
    Искрено,јас стојам на ставот дека треба да се раскине со конкретниот партнер ако имаме планови за нешто со друг,па потоа фино си се враќаш и бориш за да го придобиеш првиот назад.Ова е најфер кон себеси и другите инволвирани.И секој кој изневерил во врска треба да се кае,погрешно е и готово,разбирам се случило,но да нема каење-тогаш дури осудувам.
    И искрено не разбирам како авантура за една вечер ќе натера некого да се осети подобро?Точно е дека сексот е битен двигател на врските,па и на изневерувањето.Не дека сакам врвен морален судија да изигрувам,туку тоа е отприлика 15 мин.празнење и дали е вредно за подигање рејтинг,его или било што?!Мислам дека не е.За да сексот стане задоволство треба време на практикување во кое партнерите ќе научат што сакаат еден за друг до совршенство!И не вреди да се ризикува врска за авантура од една ноќ.Емотивното изневерување,каде се вклучени и емоции е друга,покомплексна приказна.Не велам дека не ќе опстои врска после изневерување во никој случај,но треба да помине време да се средат сите мисли и чувства,не се согласувам околу делот дека се лесно ќе се прифати бидејќи сме толку разбрани и цивилизирани и одиме понатаму.Би сакала да е така,но сепак реално далеку е од тоа,кога ќе се случи и не опече.
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.165
    Теодора,ок,реалноста е таа,не сме сите толку големи луѓе за да лесно надминуваме и прифаќаме нешта,но некои работи не можеш да ги знаеш додека не се случат.Неверството и те како може да биде пресврт кој ќе ти понуди подобар живот.На крајот,како утеха за изневерениот,па ете,подобро што те изневери,никогаш не те сакал,ниту те почитувал може да се искористи како изговор.
    И тоа со фер делот,раскини,па биди со друг.Исто така не функционира во реалноста и е премногу идеалистично.Тоа спаѓа во категорија емоционално плус физичко неверство.
    Дали е вредно 15 мин.со некого од некои причини?!Никогаш не можеш да знаеш кои внатрешни пориви ја водат личноста,колку и да изгледа во ред од надвор.Јас познавам човек кој е во премногу долга врска,ја сака девојката и следен чекор им е свршувачка,па потоа природно свадба.Арно ама нему таа му е едниствена девојка со која легнал и сака да проба со друга,чисто физички,а потоа со оваа да си направи се што му е планирано.Фер,зошто да не?!Не е фер за неа,ама па не е фер ни за него...треба да си доволно голем за да не ја изгубиш сигурноста,но жените се такви,природно несигурни и сега ми вика,јас сакам и да и кажам,ама ја знам каква е.Не сакам да го поминам животот со друга,премногу ја сакам и знам дека е таа,таа.
    Дали вреди?!Според мене да!Дали би простила во овој случај?!Исто така да.Штетата која покасно може да настане е многу поголема.

    А околу простувањето...едно е да држиш резерва,а друго е да го памтиш и да го вадиш низ нос,а да си рекол дека си простил.Тоа е веќе безкруполозно,па никој не е толку грешен за да ти изгираваш бог и постојано да го потсетуваш дека е грешник и да го газиш.Пет пати полош си од тој што ти згрешил така.
    И да,не сме големи луѓе,ама страшно е да се помириме со фактот и да не се трудиме да еволуираме со нашите сфаќања.Мене ми е непомриливо некој кога ќе каже так(о)ва сум! , а од друга страна морализира на секој чекор не сфаќајки ја суштината на моралот и зошто тој постои.Тоа е веќе покомплициран живот,отколку да се трудиш себе да се изградиш ко личност и да си го олесниш животот и себе и на останатите,а вообичаените работи (о,да,ова е вообичаена работа,сите ние мислиме дека имаме верни партнери,но какви се не ситуации од какви луѓе знам,а на прв поглед ќе речеш,ма нееее,овој со друга жена,срце е,нема шанси) да се тресат низ морално решето. Ако изневерил не го прави лоша личност,ниту непринципиелна,тоа само значи дека е жив побогу и дека диши.
     
    На Trnche, LyckliG, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Прво генерално, сигурно секој нацелно се согласува дека неверството само по себе е негативна појава која подразбира изигрување на нечија доверба, но ние луѓето најчесто го поврзуваме со сексуалноста..
    најачести мотиви за да дојде до неверство се љубопитноста,суетата,потребата за докажување... Емоционалното неверство е многу полошо од физичкото. Физичкото нема врска со чувства, а во емоционалното се замешани токму тие.
    Чувствата се тие кој можат да те натераат да ти се одмили личноста со која веке си во врска.Чувствата се тие кои можат да направат да се смени односот помеѓу двајцата партнери, тие можат да го сменат начинот на размислување и тие можат да бидат причина за крај.
    Лесно се осека кога некој е емоционално изневерен, иако не можеш да бидеш сигурен дека тоа не било и физичко, но ладнокрвноста е показател за тоа.
    Нема шанси да се однесува едниот од партнерите исто како и пред тоа да се случи.
    И да најчесто емоционално знаат да изневерат женските, а машките кога веке изневеруваат емоционално се трудат тоа да стане и физички...
    пред некоиму да аправш што и да било прво стави се на негово место!
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Ова е повеќе индивидуално. Зависи кој како гледа на верноста. Ако некој очекува верност, строго се држи до некои свои принципи и е против изневерувањето, самиот чин никако не би имал позитивно влијание. Ова поготово кај мене си важи :) Еднаш изневерената доверба тешко се стекнува пак, мене лично сумњата би ме убила, па не би била за продолжување на ваква врска. Подобро би ми било да си ги скратам маките и да ставам крај.
     
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Види, и јас/ти/тој/таа... можеме да имаме став за тоа што е верност, кога е пречекорена границата, или нешто трето... Но факт е дека постојат, да ги наречам „универзални“ правила околу тоа што е и како е во една врска. И не само во врска, туку во секое поле каде до израз доаѓаат нашите морални вредности. Е, токму тука мислам дека не може да дојде до израз индивидуалното размислување на секој од нас, зашто така би настанало каша-попара. Наместо тоа, постои „компромис“, според кој верноста е: *дефиниција за верност, општоприфатена од човештвото.*
    Велиш дека верноста повлекува последици кои ја прават климава врската. А кажи ми, што во една врска повлекува САМО позитивни последици, м? :)
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас пред да се омажам одев со маж ми 7 години и најискрено кажано, неверството ми помогна да сфатам дека навистина го сакам, дека ми дошло до него и никој друг. Си ја расчистив конфузијата во главата едноставно. Сега позитивно е тоа што он не дозна, а мислам дека и од негова страна се случувало нешто слично, бидејки по кратката пауза од 2 месеци ( не бевме раскинати), се вративме на нормален тек на врската како препородени.
     
    На arwen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Лилит,не сметам ни јас дека изневерувачот е непринципиелна или лоша личност,далеку од тоа и сама потенцирав како никој не знае дали ќе се најде некогаш во таква позиција.Или па во обратна како изневерен.
    Конкретно за случајот со другарот кој имал само една единствена девојка претходно и јас не рачунам дека ќе е ете да речам грев ако изневери-дури и оправдано до некаде.Ама,јас еве се поставувам себеси во ван најт онли фак ситуација-хипотетички само-не би ми било задоволство,не верувам дека би узивала во чинот,а зошто да давам некому ако не ми е возвратено задоволството,потоа би била празна емотивно,физички незадоволена и плус ќе ме прегризе на крупни залаци совеста,па познавајќи се себеси ќе му признаам на партнерот и како ќе ја оправдам својата постапка пред него,кога не наоѓам оправдување ни пред себе?!
    А за делот со простување и заборавање-пак ќе зборувам конкретно за мене-нема да му го сервирам тоа во фаца секој ден,најпрво затоа што сум прегорделива за таква реакција,зборувам за тоа дека внатрешно во себе ќе сум скептична,ќе го анализирам не знам колку пати повеќе секое однесување (јас и онака сум опседната со анализи,во ваков случај не сакам ни да замислам),значи јас внатрешно треба да го изџвакам тој залак и хаосот на моите емоции,а надворешно ќе гледам да сум максимално толерантна,сепак ова само ако ми признал сам има примена,бидејќи не е ни најмалку во ред искреноста да му ја потценам,ако разберам од други или на друг полош начин-на дело-секако е друга ситуација и влече друга реакција.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.165
    Во секој случај последиците од неверството полесно се подносливи,отколку онаа нечујна тортура кога чувствуваш дека нешто не е во ред,а не знаеш што е тоа.Само што тука знаеш што е и или ќе дозволиш да помине низ тебе,а ти преку тоа потоа и да ја изградиш врската,тогаш веќе можеш да бараш и верност и силна врска итн итн,но реков,условот е само ако е физичко неверство,но не и емоционално.Ова му доаѓа као,сурова вистина или убава лага и сите се прават силни пред суровата вистина,а у ствари се вреѓаат кога им ја кажуваш.Така е и со неверството,особено па уште кога му тлее подолго време,па мал флерт и алкохол ја водат ситуацијата и бам се случува.Сфаќа дека тоа што му тлеело не било за него и тој едноставно ја сака неа и нема каде,а во спротивно,може врската да се развива и еден ден,станат страшно отуѓени партнери со стаж и без храброст.
    Универзални што?!Не постои такво нешто,како што не постојат две исти личности на планетава,а тоа универзално ми мава по ганглии зошто ме води кон едноумие.И само затоа што универзалните мерила како што велиш ти постојат,јас треба да се водам по нив,затоа што остатокот од светот сака така?!А кој ги создал тие правила?!Неверството не е откако постои МТВ и Америка.Не зборуваме за симболики,но и да зборуваме,пак ме убива,зошто очигледно,не можеме да еволуираме затоа што сме заробени во *правила,универзални закони,општоприфатени нешта* и се водиме по нив,а се апсолутно ограничувачки,нереални,сфатени здраво за готово,а се тука заради некои причини.Зад правила се кријат слаби луѓе,барем јас така мислам,а не дека не мислат поинаку,мислат,ама се плашат да играат против правилата,секогаш е полесно да бидеш на страната на која полесно те прифаќаат и сите те сакаат.Удобно сместени во гласното *да* на остатокот од светот,пропаднати во просечноста која ниту по тема љубов,ниту по било која тема,не води кон напредок.
    Реков,сами сме дојдени,сами ќе си заминеме,колку и да сме у друштво ние сепак сме сами,затоа не барам од никој да ми се колне на вечна верност,поданост и поддршка.
    Поболно ја прифаќам злобата на луѓето и воопшто изгубената љубов меѓу сите нас,отколку неверство од физичка природа.
    Премногу е краток животот за да се ограничувам себе или некој друг.
     
    На LyckliG, 1209, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Во мојот живот неверството никогаш не влијаело позитивното на врската, сум била изневерена и сум изневерила и тоа повлекло крај на врските...
    Кога бев изневерена, и тоа неколку пати од еден ист дечко, упорно му простував и го примав назад, неговото изневерување беше физичко, промена и секс со друга, чисто да проба...простено, не му трубев цело време дека изгубената доверба треба да ја врати иако ми било многу тешко да му верувам, да бидам интимна со него, но некако секогаш почнувавме од почеток и секогаш завршуваше со - тебе те сакам, ништо не ми значеше...на крај ми пукна филмот и му реков (извинете однапред) f*ck off...
    Кога изневерував било и емоционално и физички, еден дечко го изневерив со бившиот - не знаев кој повеќе ми значи, имав двајца дечковци во исто време-едниот знаеше за другиот, друг дечко изневерив затоа што така ми беше кеиф, бев во некоја фаза на самодокажување дека можам да го имам секој што ќе посакам, едноставно не ми беше грижа за туѓите чувства...но тоа е сосема друга приказна, нема врска со темава...го споменав затоа што девојката сакаше конкретни примери...Како и да е, исходот секогаш бил ист, крај на врската...тоа е моето искуство со изневерувањето.
    Сега сум во брак скоро 6 год., ниту еднаш не сум ни помислила да го изневерам сопругот, не сум била ниту сум потпаднала на искушение и немам потреба сега за сега да бидам со некој друг...Не викам никогаш нема да се случи тоа, затоа што не знам што ќе биде во иднина, никој не може однапред да ја предвиди иднината...А дали ме изневерил не знам и не можам да знам, не сум го фатила, не сум се посомневала, едноставно само му верувам...а тој најдобро си знае. Можам само да се надевам дека љубовта меѓу нас нема да се намали и дека ќе живееме happily ever after... :) :inlove:
     
  15. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Ај и јас да пишам еден така подолг пост во врска со дискусијава.

    Постојат различни луѓе, различни сваќања, различни интереси но сите ние сме исти во едно нешто....А тоа е дека се владееме на база на емоции и на чувства...Кој што сака нека рече дека не е така, али тоа е вистината. И сме изложени секојдневно на тоа, функционираме на овој начин и сме еволуирале до тој степен што е дел од секојдневието. Ако јас сум решил да бидам во моногамна врска со некоја личност, тоа значи дека е моногамна врска....Лилит спомна дека никој не е незаменлив....ТОЧНО !!! Значи ако таа личност ме изневерила, таа личност не е незаменлива...Зашто да сум со некоја што ме изневерува? Љубов? Што е љубов? Што е вистинска љубов? (ако постои такво нешто). Каква е таа љубов кога некој изневерува? Значи ИЗНЕВЕРУВА ОД САКАЊЕ?...НЕ - Изневерува ако нешто му фали у таа врска, макар и да е разбивање на монотонија и зголемување на адреналин...Значи нема потреба да сум со личност која што не е задоволна од мене...Она мене ме има заменето, макар и да е за еден пат, така дасекој е заменлив...Има уште 2 милијарди други девојки така да не е дојдено нож на грло за да бидеш со личност која што те изневерува. Напротив со она тврдење дека ако простиш си задоволен со себе и имаш здрава доза на самодоверба - Токму напротив...Значи ти како личност не се цениш самата себе и немаш доволно самодоверба да речеш крај, зашто дали се плашиш дека нема да најдеш друга личност, или едноставно си навикната на таа личност, има милијарда причини зошто би го напраилва тоа...Но самодоверба не е една од нив....Страв од непознатото, НАВИКА НА ТАА ЛИЧНОСТ ДА Е ПОКРАЈ ТЕБЕ, па каков би ти бил животот без неа, па толку многу сте поминале заедно и ред други мисли што во тој момент се бара само изговор за да се остане заедно и на еден начин е негирање на реалноста - (што е случај кај многу парови), страв личноста да не остане сама итн итн итн...Има многу фактори кои што влијаат потсвесно во овие случаеви. Како и да е, никој неможе да ми каже дека не се осеќа мизерно, изиграно, дури и гневно, кога ќе дознае дека партнерот изневерил....Што, ќе дознаам дека изневерил партнерот и ќе идам ќе то тапкам по рамото и ќе речам браво срце, си испразни? Браво, ај сега да се вратиме на старото, зашто ова ќе ни помогне во врската....Мижи Митре толумби паѓаат !!!! Егото е повредено кој што сака нека каже....И кога и да е, макар и после 5 години, таа врска ќе пукне...Зашто ќе дојде ред тие партнери ќе се земат....И што ќе се случи? Навикнати се да изневеруваат така? Да простуваат, епа тука веќе се јавуваат милијарда проблеми, сомнежи и не доверба.....Ние сме човечки суштества и се владееме на чувства и емоции...И кога се вели дека е само физички, значи технички пак има некое чувство....Но за разлика од другите животни - ние имаме доста развиен МОЗОК со кој што можеме СВЕСНО да ги КОНТРОЛИРАМЕ НАШИТЕ АКЦИИ....Затоа изневерувањето не е нешто што ќе речеш едноставно се случи....Не, не се има случено едноставно !!!!! Ако не сакаш нешто нема да го направиш.....


    Краен исход - Кога тогаш тапанот ќе пукне !!! дали после една или 5 години, ќе пукне...Неверството нема среќен крај !!!
     
    На LyckliG, nena2010, lolyta777 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    самиот збор неверство кажува све
    кажува (крај несреќа солзи предавство)
    кое неверство може да биде позитивно?
    нема смисла ...
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Многу, многу дискутабилно прашање и тема воедно.

    Неверство. Постои од кога постои човекот. Затоа што сепак сме само животинчиња на крајот од ланецот. Е имаме мозок и институции и религии и Мојсеј и не знам кој, кои не учат цел живот дека неверството е лошо.
    Само по себе не е лошо како такво, но лошо е во однос на човекот кој е изневерен. И тука нема дилема. Бидете слободоумни, отворени, опуштени, стегнати, во брак или во врска, секогаш моментот кога ќе дознаете дека тој со кој сте моментално во некаква врска бил и со некоја друга - не ви е пријатен. Минимално.

    А дали може позитивно да влијае, па ај да речам дека може. Познавам парови, каде после многу години врска стапила на сцена монотонијата, потребата да се посакувани, да се почуствуваат онака како на почетокот кога средбите пукаат од хормони, пеперутки и друго животинско царство, и - изневериле. Лапање, мување, секс - не е битно, битно изневериле, и сфатиле дека прават глупост. Останале во врската и види богати одеднаш им се решило се она што им фалело дотогаш.
    Може да помогне и на обратен начин - да сфатат двајцата дека вештачки ја одржуваат нивната агонија наречена врска, и дека тоа треба да се прекине.

    Но воглавно, ако зборуваме за тоа дали неверството е позитивно или негативно, јас би рекла позитивно за оној кој изневерува па и за оној другиот, се додека не се дознае. И тука настапува тешкото на сцена.
    Ќе се надоврзам, неверството е секако знак дека нешто ви фали во врската, и како што кажа Мистери, ако мене нешто ми фали, си одам и чао пријатно. Нема да правам некого будала додека јас си барам на страна дали она што ми фали ќе ми се погоди со Петко, Станко, Митре, Ване. Себично би било од моја страна, премногу. Па и уште ќе ја држам во шах другава особа - демек ако не ми тргне со Петко, Станко, Митре или Ване...сепак е тука Никола кој верно ме чека дома, па сега јбг, барем некого имам. Абе ај.
    И тврдам дека оние што изневеруваат онака на правилна основа, се коркачи во душа, луѓе со ниска самодоверба кои имаат постојано потреба да си го пумпаат нивното ништожно и накршено его. А има разлика измеѓу швалериште, кој менува девојки нон стоп зошто така му одговара, и притоа со нитуедна од нив не е во сериозна врска и тип кој си има дома жена која ја сака, но го пика онака рекреативно кај стигне. Впрочем, не ни мора да го пика - и онака неверството почнува веќе во главата. Туѓиот кревет е само цреша на врвот.
    Во ова второто нема позитива, врската пука кога - тогаш. Или бујрум во Либија, таму е полигамијата дозволена па нека си чува дома жени колку што му душа сака. А богами ни тоа не е лесно - од финансиска гледна точка :)
     
    На nena2010, Sephora, Mistery и 3 други им се допаѓа ова.
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Па и во 10те Божји заповеди ако се сеќавате една од заповедите е ~никогаш не го изневерувај саканиот~!!!!!!!!!!
    Така да мислам дека се е јасно околу ова прашање!!! :swear:
    Дефинитивно NE !
     
  19. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Многу зависи од парот, од динамиката на нивната врска и од самите луѓе. Најопшто гледано, без да навлегувам во поединечни ситуации, карактери, моменти - лошо влијае. Најмногу заради изразената суета и т.н. гордост и "самопочитување", но всушност во основа на тоа лежи нестабилна и недоволно сигурна во себе личност за која неверството е крај на светот и проблем кој незнае да го реши.
    Ако се работи за еден стабилен пар, а притоа и двајцата се здрави изградени личности, свесни за сопствените маани и доблести, на чисто со сами себе, а неверството се десило еднаш - чисто од физички причини и притоа изневерувачот сфатил дека она што го добил не го носи во една пожелна ситуација и дека би изгубил нешто што го исполнувало и правело среќен, па си ја подвитка опашката, сфати дека грешел и не си дозволува повеќе такви излети, тогаш во ред, е. Слабост, радозналост, грешка, се случило и крај. Изневерениот немора ни да дознае.
    Но, ако во врската се разнишани односите, монотонија завладеала меѓу партнерите и едниот во неверството гледа излез од таа ситуација, тогаш е проблем. Тогаш тоа укажува на проблем во врската кој не се решава, туку се дефокусира и се посветува на нешто надвор од таа врска, а притоа не го почитува партнерот за да отворено го седне да се решат проблемите, тогаш тоа неверство не носи ништо добро за врската, себично е.
    Ако врската е тазе, не се дефинирани сеуште односите меѓу партнереите, уште се учат и навикнуваат еден на друг, тогаш тоа неверство е повќе пследица на ненаученост на партнерите да се биде во моногамна врска, немање навика на еден партнер и на верност. Тука дали носи добро? хмм незнам. Може изневерувачот да сфати дека повеќе му одговара таа една личност, а може и напротив да открие нешто друго, ново.
    Сепак фер е штом се сучи изневерување, изнеберувачот да расчисти сам со себе зошто го направил тоа, ладно да размисли и да донесе фер одлука кон партнерот, а не да го држи за резерва на удобна, стабилна позната територија.
     
  20. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Обично велат дека жените изневеруваат со причина, а мажите поради себедокажување.
    Еве ја мојата приказна со неверството (ако може да се нарече неверство)
    Со дечко ми бевме заедно 7 години и како и во секоја врска имавме убави и помалку убави моменти. Но, последната година работите се изменија, односно тој се измени, почна да ме запоставува, воопшто не добивав ни внимание, ни нежност, од сексот немаше ни "С", нему поважно му беше да биде секаде и со секого освен со мене, дури и имаше денови кога цел ден нема да ме побара ако јас не му се јавам него. Постојано се обидував да разговарам со него за тоа што се случува, а тој никогаш немаше конкретен одговор зошто се однесува така со мене. Па сакаше пауза, па сакаше простор само за себе, па сакаше време да одлучи што сака и јас сето тоа го поднесував (чекав 2-3 недели да се јави после паузата, кога сакаше простор пак чекав 2-3 недели и тн.) надевајќи се дека ќе му поминат тие "бубачки" во главата. Се измачував себе си, но кога видов дека тоа не води никаде и дека се останува исто, ми дојде се` преку глава и реков: Доста е! Вака веќе не оди! Крај!
    Две три недели не можев да си дојдам на себе (иако веќе требаше да се навикнам на тоа после сите тие паузи), и конечно успеаја другарките да ме извадат од дома. Почнав да излегувам и запознав еден тип, кој почна да ме бара, да ми се јавува и да се гледаме. Не беше ништо конкретно и сериозно со него, немаше ни секс, едноставно се видовме 5-6 пати во еден месец. Можеби бидејќи бев ранлива во тој момент, па ми годеше неговото внимание.
    Во меѓувреме дечко ми почна да ми се јавува, да ме бара да се видиме и да разговараме. Навистина бев збунета и не знаев што да правам, дали да бидам со дечкото или со новиот тип, и сепак решив да му дадам уште една шанса на дечко ми. Но кога се смиривме му кажав дека се гледав со друг, да ми биде мирна совеста и да не дознае отпосле па да си направам проблеми. Еден месец не можевме да си дојдеме на себе, за дечко ми тоа што го направив беше неверство, но сепак беше доволно силен да признае дека негова е вината и дека тој со своето однесување ме турна во прегратките на друг.
    Сега со дечко ми ми е навистина поубаво одсекогаш, како и двајцата да станавме позрели после тоа, како да сфативме што сакаме и што имаме и дека не сакаме да го изгубиме тоа што со години сме го граделе.
    Ако моево се смета во неверство тогаш, според мене, неверството може позитивно да влијае на врската.
     
    На Tannaa13 и arwen им се допаѓа ова.