Da ,pa ete shtom ima nekoj sluchaj kade pozitivno vlijaelo na primer sluchajot so tebe,znachi mozhe! i jas imam chitano mnogu statii od psiholozi na ovaa tema koi go potvrduvaat istoto
Во никој случај.Неверство како неверство може лесно да ја разниша врската која и онака ќе биде пред распаѓање после откриено неверство,што не мора да значи нели,секоја врска си е приказна за себе,но како и да е,може само негативно да влијае врз двајцата партнери,никако позитивно.
Според мене, не може. Тоа само може да биде причина за изгубена доверба, караници и конфликти, па дури и крај на врската. Тоа според мене претставува предавство, а како може предавството да влијае позитивно на врската? Ако на партнерите им е убаво во врската, тогаш нема потреба од неверства.
Не може. Сум била изневерена, сум дознала и верувајте таа болка и тоа понижување што го осетив никогаш немад а го заборавам. Се осетив помала од маково зрно. Овде читам дека а некој им помогнало, но, во сите случаи другата страна не знае. Е сега што ќе биде ако некогаш дознае тогаш ќе може се утврди дали помогнало или не. Во наведените случаи, а не влегувам во секоја посебно, ми изгледа како голема себичност од страна на изневерувачите. Велите дека ви било монотоно, па долга врска и све , а да седневте да разговарате. Не ви беше понижувачки да одите со друг? Не ве гризеше совест?? Јас до сега не сум изневерила, не дека сум немала прилика ама мозокот ми прпоработил и крај. Осетам ли дека во всрак умот ми оди кај друг, одма размилувам зашто, што е проблемот. Бившиот ми кој ме изневери, така се умилкуваше и се обидуваше да ја изглади работата отпосле ама џабе. не беше ист во мои очи. Не можев да го гледам. Еден саат секс уништи врска од 2 години. Секоја му чест.
Неможе да се има позитивно влијание! Значи ко прво тоа создава ниска вредност кај тој што е изневерен.Потоа се создава недоверба у врската,постојани караници,па враќањ е филмови од типот „ Ти ме извара со таа ти не ме сакаш“ и ред други зборови.Според мене после неверство неможе врската да опстане.
Па, читајќи го примерот, изгледа добар начин за изневерувачот да си ја разбие монотонијата во врската и надвор од неа и внатре во неа работава и среќа нема да го дознае тоа изневеренава личност и ќе си живее во шарена лажга дека неговата врска е топ, како еднаш многу одамна на почетокот. Само прашањево ми е за овие што осетиле монотонија и си ја разбиле со неколку партии с*кс со некој друг, а што ќе се деси ако повторно за некое време осетите монотонија, пак иста карта ли играте или? Ако тргнам со некој друг тогаш не знам, нема враќање назад, прво затоа што не можам да скријам нешто.. ме јаде дур не излезе од устава. А, штом излезе, алал нека му е на таа будала што би ми го простол, пошто дури ни јас не би си го простила да сум на негово место. Второ, за да тргнам со некој друг, сум начисто дека она претходно е крај, финито, енде... Е, сега никогаш не вели никогаш. Ама страв ми е ако тргнам по ваквите стапки да не ми се заарни многу многу па секоја монотонија да си ја разбивам, разбивајќи се некаде другаде. Нејќум, не фала. Ја би еден на еден дур е фино, кога нема да биде искреност би преферирала и да си се поздравиме за навек. Адиос, па-па... ќе биде грдо ама кога и да е ќе се деси и тој фамозен крај, на кој речиси никој не помислува
Зависи најмногу од двајцата партнери и околностите. Доколку навистина постои љубов, трпение и нема желба за одмаздољубивост (на секоја најмала можна караница да се споменува дотичното неверство), лично јас верувам дека може да влијае позитивно на една врска. Ама потребно е многу работа и труд и време да се залечат раните, а некои луѓе ниту можат, ниту сакаат да го дозволат тоа. Креваат раце веднаш, гордоста е посилна и никогаш нема да дознаат дали можело да има друг развој на настаните.
Кај мене никако не би можело повитивно да влијае,само може да го одалеци засекогас од менеи нема д ами биде потребен повеќе
Не во врска во која сум јас...Еднаш кога ќе се скрши вазната, лепи ја до утре, нема да ја има истата убавина. Кај мене еднаш изгуби ја довербата и амин.
според мене не може не би можела во лице да го гледам а камоли пак да бидам со него како ништо да не се случило
На тој што изневерил влијае позитивно (во одреден број случаи)! На другиот, кој е изневерен во никој случај не влијае позитивно неверството! Кога едниот ќе изневери, еве пример машкото, тогаш тој, секако ако чувствува нешто за својата женска со која е во врска и која ја изневерил, тогаш тој чувствува грижа на совест (и ова е истотака индивидуално!). Па вака-така, излегло се‘ на виделина девојката научила дека е изневерена и сега доаѓа тој моментот кога треба да одлучи дали ќе продолжи со него?! Размислува и чувствата се посилни од се‘, па таа решава да продолжи со него, под услов ако тоа се повтори дека ќе ја прекинат врската! Тој го сменува однесувањето, предобар е со неа! ...ама џабе, неа ја болат старите рани! Простила, но не заборавила! Секоја караница, за било што, увек се надоврзува на неговото неверство, на дотичната “расипувачка на врски“, што видел во неа и сл. Истотака во најголем број случаи, доаѓа до раскин на врските! После тоа дечкото моли-коли и на крај девојката попушта па решава да му се смири... Истите последици како и претходниот случај, само во овој случај машкото добро знае како е да не ја слушне својата љубов, како екога цел ден нема да ја види, како е да не ја гушне (за разлика од претходниот случај, кога немаше раскин на врската, само расправија и од старт втора шанса). Исклучок на моите два примери се оние типови на женски, кои : премногу се заљубени во својот дечко, неможат да живеат без него или па во обратен случај-не се заинтересирани за својот партнер, дечкото има многу пари-па по секоја цена тие треба да бидат со него, тој им бил прв итн итн. Сума сумарум, неверството според мене, повеќе влијае негативно отколку позитивно на една врска!
Е ова е да се замислиш. Имав другарка. Дечко и ја изневери на година време од врската мислам. И таа му прости. И еве ги,три години се веќе заедно. Можеби не било до самото неверство,но можеби би пропуштила огромна љубов ако прекратела тогаш. Можеби и може до некаде да влијае. Можеби едниот ќе свати што би изгубил... Можно е,можно. Се е можно...
Па и не баш. Досега фала богу не ми се случило, но не гледам ништо позитивно во тоа. Ако не си си се грижел за врската и го почитуваш партнерот пред да го направиш тоа, сигурно нема после да се освестиш
Тој што изневерил (ако е малку совесен) ке му биде мака и после тоа уште толку повеке ке ја засака другата особа. Арно ама може да се случи изневерениот да не може да го поднесе неверството па врската да се распадне. Досега ми се нема случено неверство да ми зацврсти врска а сум изневерувала порано многу.
pa mislam deka ne moze da vlijaeee... sekogas ke go ima onoj spomen i nekogas poradi toa moze pokasno da izbie problem na pr. moze edno prasanje kako ja baknuvase? kako mene li?... i Onda pocnuva raspravijataaaaaa zatoa mislam deka ipak ne ne moze da vlijae iiiiiiiii NEMOJ NIKOGAS DA MU KAES DEKA SI GO IZNEVERILA KE SE POKAES 100 PATI [mod-kirilica:2pehbcej][/mod-kirilica:2pehbcej]
Јас мислам дека неможе позитивно да влијае, колку толку.. јас не признавам неверства! т.е не ги простувам!
Па незнам дали воопшто постои некој кој би одговорил потврдно на ова прашање, а да е во трезна состојба. Дефинитивно НЕ ! Не гледам ни една светла страна како тој чин би влијаел на една врска. После тоа и да простиш не е исто. Секогаш ќе има нешто што ќе те навраќа назад во тоа време и довербата тотално се разрушува и многу тешко да се стекне повторно. Сметам доколку станува збор за 2 зрели особи, од кои едниот не испаднал баш најзрел со оваа постапка , доколку претходно се биле со сериозна врска каде ги нема оние заебанции откачи-закачи и слично неверството нема шанси да влијае позитивно, туку тоа би го означил крајот на оваа врска!