Никако не може неверството да влијаје позитивно на врската.Кога еднаш си бил издаден и понижен и да простиш сепак никогаш нема да заборавиш и секогаш ќе има караница во врската за истата работа.Затоа бо најголем дел од врските после неверство следува крај
Како може неверство да влијае позитивно на врската??? Мислам стварно не ми е јасно прашањево , не знам
досега не сум сретнала случај каде што неверството влијаело позитивно на врската напротив 80%каде што се случува неверство врските се распаднале ако не е спремен некој да биде предаден со цело срце и душа тогаш чао или барем нека биди отворен од самиот почеток каква врска сака или подобро да речам забава
Јас со дечко ми пред да фатиме се мувавме многу 6 месеци. Се имавме договорено дека нема да се муваме со други... но тој го прекрши правилото и се смува со една ороспија и јас се смував со едно дете. Тој две недели ме молеше да му се вратам, излегов без намера да му се смирам ама ме бакна, а јас на неговите бакнежи не можам да одолеам. Му реков нема да му простам иако бевме заедно 7миот месец се фативме и одевме се додека по 3 не си замина во странство според ова можам да кажам дека да зошто повеќе ќе си обрнувате внимание и ќе се барат еден со друг... се ќе биде поинаку
Ме мрзеше да пишувам ама кога ја прелистав темава, се изреволтирав. Па која е таа глупост дека после изневерувањето се разбива монотонијата во врската, во смисла сега сексот ни е одличен исто како и порано.. ма немој? А што тоа го направи сексот добар одново? Тоа што си се дупел со некој трет кој нема врска со партнерот? Или си се потрудил да внесеш свежина во врската без вмешување на трето лице? Ај нека ми кажи тој што изневерил како ке му било да беше обратно? Ке му речеше ли на партнерот: Браво срце, ама ни ја живна врската сега! Глупост жива.. Единствената причина поради која што мислите дека нешто се подобрило е чувството на вина длабоко во вас и стравот да го изгубите партнерот кој патем сте го направиле будала и кој сеуште незнае каква личност има до себе. Нели ви е жал да му го направите тоа на некој кој ве сака и ви верува? Одговорот зборува многу за вас како за личност. Имам дечко кој многу ме сака и светот би го превртел за мене. Не е лепотан ама ја има најчистата душа на свет, а има поминато многу и пак не се сменил. Му се восхитувам. Другарките ми се чудат аман бе Хана 1000 пати си поубава од него итн итн.. Не ме интересира тоа. Горда сум на него. Многу попривлечни "мажишта" ми се имаат пуштано откако се фатив со него, бившиот исто ме замараше по нз колку пати на ден.. Шанси илјада и една да се испукам со кој сакам и кога сакам. Ама НЕ, никогаш не би можела да му го направам тоа на некој кој толку ме цени, почитува и ме сака и чува.. има се што некоја девојка би посакала. Немам душа и несакам. Ако сакам да се плескам со кој стигнам, статус сингл и ај у пичку матер.
Чуму потребата за (тајно) неверство па и истото да влијае позитивно на врската.? Доколку тој претходно не ве ебел добро после неверството магично ли ќе се поправи. Или доколку не се однесувал кон вас како рамноправен партнер после то ќе почне да биде таков. Ма дај, заблуди. Сиот тој негов напор да ви угоди ќе трае само одреден период и после пак по старо. Ако вашиот партнер во вас го гледа својот животен партнер незнам што добро би донело лажењето како поим пред се. Сите грешиме но дали ваквите животински побуди во нас треба да ги криеме од нашиот партнер? Вистински зрела врска не е "храброто" простување на ваков кукавички чин кој го извел партнерот. Вистински зрела врска е онаа во која двете страни можат да си кажат кога и како имаат потреба/фантазија од/по некој друг. Кога слободно си ги кажуваат тие анимални страсти. И кога заедно решаваат за следниот чекор. И кога заедно се борат да ги поправат напукнатините кои недостасуваат во нивната врска. http://www.youtube.com/watch?v=QJ1kS6AYwhs Малку пред оваа сцена има многу добар пример како живеат слободоумните партнери. Што и каде може да не донесе тоа слободоумие. Задскривање дека знаеме дека тој се ебел со друга. Тој задскрива дека се ебел со друга. Зашто задскривање, зашто не искреност. Муда за искреност се потребни за потполност во врската, а не задоволување на себичните страсти. Со сето тоа задскривање ние мислиме дека си се задоволуваме себе си. Но така всушност највеќе се лажеме.
Позитивно не знам во која смисла и како би можело да влијае позитивно. После неверство веќе ништо не може да биде како порано.
Неверствата се случуваат најчесто поради некој недостаток во врската, било каков да е тој.Доколку врската е како што треба, варањата се поретки. Така да во ниеден случај не може неверството позитивно да влијае на една врска. Зар тука пости љубов, доколку едниот партнер посегне по нешто друго????
Се уште не сум слушнала некој/а да рече: Леле од кога ме изневери тој/таа, како ни тргна врскава... Па како може неверството да влијае позитивно на една врска??? Секогаш, тој што е изневерен се чувствува понижено, измамено, разочарано а да не зборувам за изгубената доверба после тоа, која тешко дека после неверството било кога ќе се врати... секогаш ќе постои сомнеж дека може да се случи повторно, и при секоја, макар и најмала караница во врската ќе има префрлање и обвинување од оној кој бил изневерен... Не, според мене, во никој случај неверството не може да влијае позитивно на една врска. Не важи тука правилото “Секое лошо за добро е...“
Ај сеа сериозно да напишам нешто... Сите пишувате „како може неверство да влијае позитивно“. Еве како... Пред неколку години имав другар со кој веќе не праам муабет од сосема други причини кои не се поврзани со муабетов, кој многу мерак имаше на други девојки. Цело време излегуваше без девојка му, седеше по дискотеки со „другарки“, неколку пати и изневеруваше. За сето тоа време неговата девојка која многу го сакаше, не знаеше што да направи, па иако и` беше јасно што тој прави додека не е со неа, никако не можеше да му го сврти вниманието и да му објасни колку го сака и да мора да престане со тие глупости. Затоа, го изневери и таа него и му кажа, како што ти тогаш и тогаш го направи тоа и тоа, јас вчера таму и таму го направив тоа. Што сакаш сега прави, јас уште те сакам, ама ако ме откачиш, јас имам каде да одам. Типот беше лут, како секој Балканец на кој му ја „отворил“ некој девојката како паштета, викаше, вриштеше, бараше кој е тој за да го убие и бла бла други слични муабети, ама на крајот, кога сфати дека девојката ќе си замине без око да и` трепне, се врати кај нејзе и престана да ја изневерува зашто беше очигледно и пред тоа дека само се прави јак „фраер“, во стил ја сум Плејбој, сите ме сакаат, а уствари беше јаден и требаше да биде среќен дека некоја се заљубила во него. Од тогаш, врската им процвета, почнаа сè да прават заедно, да изгледаат како вистински пар, а таа вистински стана среќна. Така, неверството, позитивно влијаепе на нивната врска.
Шо е со изразов жите се!!!! Ја отворил како пештера, а тој поштен ко поштар, само за рака ги држел другите девојки. Второ, тој се иживљавал со неа, а сеа тука таа испаѓа непоштена.(Која и да е, не стрикно таа девојка, туку според изразов). Им процветала врската, да, зошто сега двајцата можат да си шаркаат на страна, пошо нели играат мило за драго. Ако сакате нешто да е само ваше, што тоа честопати го прават мажите, а и жените во последно време, тогаш морате и вие да се лишите од тие луксузни задоволства. Никој, аба баш никој никого не тера со сила да е во врска доколку сака слобода. Не мора да пати некоја невина особа ради туѓиот некарактер. Затоа и секој има право на избор. А за тоа, си постои термин - слободна врска, врска во која и двете страни знаат на што се.
Не може да очекуваме една негативна работа да ни донесе нешто екстремно позитивно. Според мене нема такво нешто. Штознам, мислам дека ова е уште една одлика на тинејџерите. Не сакам да верувам, а воедно и да прифатам дека возрасни може вака да се однесуваат. Би било крајно мизерно и незрело. Кој мисли дека неверството ќе му ја спаси врската се лаже. Така што не пробувајте зошто после нема "пу пу не важи". А Captain-Omni мене лично искрено твојава приказна за другар ти не ми е верлива. Не дека ти ја измисли, не сакам тоа да кажам, туку дека не е баш таква сјајна и бајна работата како што ти имаш претстава од страна. Може само да поверувам до некаде доколку некој даде свој личен пример (дали и тогаш), а вака ситуации од трети лица не. Затоа што никој не може со сигурност да знае како му е на некого во врската. Сум била сведок на најмалку 10 врски за кои јас како трето лице сум мислела дека се совршени, а излегло нешто сосем друго. Тебе може вака супер ти изгледаат ама ти не си до нив кога се сами. Плус, ти самиот си го опишал другар ти како "балканац", а таквите тешко дека ќе се помират со фактот дека некој друг го правел со девојка му тоа што тој го прави. Всушност кога убаво ќе подразмислам, не само на балканциве туку и на секоја психички нормална, здрава личност не би и било сеедно неверството, небитно дали се работи за машкото или за девојката.
Според мене, неверството може да има негативно влијание врз врската, а не позитивно. Партнерите и после неверството можат да бидат заедно, но кај партнерот кој е изневерен секогаш ќе постои сомнеж и страв од повторно изневерување. Партнерот кој изневерил, после тоа може да биде и најверната личност на светов, но изневерениот никогаш нема да има потполна доверба во него. После неверство врската никогаш не може да биде иста. Колку и да глумат паровите после дека се среќни и дека се сакаат, неверството нема никогаш да го заборават и тоа секогаш ќе биде пречка за потполна среќа и исполнетост во врската.
Не ја сфаќаш поентата на приказната, Саншајн. Поентата е дека неверството, како многу моќно средство за манипулација, не мора да служи само за повредување на другите, туку по некогаш, како во примеров кој не еднаш сум го раскажувал, може да служи и за поправање на нештата. Очигледно. :geek: п.с. Не ја отворил као пештера, него као паштета. Комплетно си во право за болдираното, никогаш не можеш да знаеш од страна, и во моментов не знам дали се уште заедно, ама за тогаш знам дека пред тоа тој беше напален на секоја девојка со шминка и минич, а таа ми плачеше да го смирам и да го убедам да и` биде верен. После тоа секое излегување им беше заедно, а таа почна да биде постојано насмеана. За последниот твој пасус, колку си сигурна во тоа дека било кој околу тебе е психички здрава личност?
Според мене едно неверство не може да има позитивно влијание туку секогаш има негативно влијание прво влијае врз довербата која претходно сте ја имале во партнерот потоа влијае врз самодовербата на личноста која е изневерена . Ако неверството може да влијае позитивно се прашувам зошто не би влијаело позитивно и во брак туку луѓето се разведуваат!Еве ви го одговорот ..Тој што изневерува не ве почитува доволно ниту пак ја вреднува вашата љубов спрема него,се што сте вложиле во врската . Една девојка ,жена во брак не простува неверство затоа што доволно се почитува себе си , е самостојна е, независна финансиски и во секој друг поглед и не дозволува да биде понижена од некој си со тоа што тој неможел да си го држи во панталони.(а он комотно нека измислува како нешто фалело во врската тоа е само оправдување некакво затоа што има и врски каде што нефали ништо ама типот си е таков па уште кога ке се најде таква што простува и замижува супер ќе му биде ) Блазе си им на оние што ги трпат и простуваат изневерувањата ама да е тоа од љубов искрено не верувам или сте материјално зависни од партнерот ви годи тоа што ве опсипува со подароци,ве носи на патувања,се плашите од тоа да бидете сами или вие нему му го правите истото а пред другите глумите среќно заљубени .Нормална реакција на неверство е да се побуните против тоа и да ставите крај . Позитивно влијание неверстото неможе да има па вие и на сите потоа да им кажувате како сте среќно заљубени е глупо посебно ако таа со која ве изневериле е во ваша близина . По претпоставка таа е малку послободна девојка на која не и смета тоа што тој е во врска ниту би и пречело и понатаму да се гледаат без обврски ,таа секогаш ќе ви се потсмева кога ќе ве види како глумите совршен пар и тоа е нешто крајно навредливо ,на типот нема да му се потсмева но на таа до него сигурно ! (што значи тој сеуште ќе има врска со вас но и понатаму ќе изневерува само што сега ве има вас ко официјална девојка која слепо му верува ,верува дека тој наводно се променил само затоа што е повнимателен кон неа со купување на подароци и сл или некаде претходно во друга тема прочитав епа баш ми е гајле и за бивши и за сите тој мене ме запознал со неговите родители и пријатели ,да те запознал ама тие те гледаат со сожалување и како глупа кога дечко ти ти набива рогови. Ако не се почитувате себе си тој што ве изневерил нема да ве почитува никогаш затоа што простувајќи му му давате дозвола тој и понатаму да ви го прави истото само малку попретпазливо и затсриено.
Ова ми доаѓа како да гасиш пожар со тоа што наместо вода ќе додаваш бензин. Може после неверство некој се каел, сфатил што ќе изгубел, па повеќе ја ценел врската и самиот дечко/девојка, ама не е тоа тоа... Било кое неверство во животот боли. И не секое може да биде опростено и заборавено. Кој сака да му се забоди нож во грб ? Кој сака да го понижиш ? Кој сака да му набиеш рогови ? Кој сака да види дека не е ценат и почитуван ?
Кај мене барем ова не пали. Ако некој ме изневери нема да дочека да му вратам па за да го увиди позитивното од неговото изневерување
И мене не ми е јасно,како би можело неверство да влијае позитивно врз врската? Тоа останува како белег, за цел живот, мислам дека не би можела,ако изневерам, да го погледнам тој до мене во очи, ниту пак ако ме изневерат, да бидам со истиот како порано...
Неможе неверство позитивно да влијае на врска. Не ми е гајле за некои приказни за поедини случаи, секогаш ќе постои некој вид презир, префрлувања, тоа никогаш нема да се заборави дури и да се прости и да се премине преку тоа. Сметам дека има други начини да се задржи љубовта и вниманието, а ова е еден од најниските начини.