Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали неверството може позитивно да влијае на врската?

Дискусија во 'Врски' започната од arwen, 16 март 2011.

  1. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Знаете на што ми влијаеше позитивно неверството од страна на бившиот после 4 години врска???

    Ми влијаеше на врската што ја имам сама со себе, а на врската со него само едно големо ЧАО и кажав.
    Ми влијаеше позитивно на тоа дека треба и мора повеќе да се ценам себеси, а не него, на тоа да сфатам дека бракови после 20 години се растураат, а не па 4 годишна врска, па и не е така страшно како што мислев дека е. Ми влијаеше на тоа да бидам позитивно "себична", односно да си ги ставам на прво место моите чувства, а не како што гледав изминатите 4 години - ниту на мене, ниту на него да не ни бидат повредени чувствата.
    Упорно ми одѕвонува во глава тоа дека кога тој можел да си мисли само на својот кејф кога отишол со таа особа, така сега и јас можам да си мислам на својот кејф само и да не ми биде гајле каде е и што прави.
    Ми влијаеше позитивно со тоа што ми помогна реално да ги согледам работите, иако ќе речете не си мала, си требала до сега веќе да бидеш свесна како функционира светот. Епа не бев, верував во искрена љубов и бев спремна на СЕ за да опстои таа љубов. Ама очигледно така сум си мислела само. Не бев спремна да поминам преку неверство и никогаш во животот нема да бидам.
     
    На mila1111, Divinebutterfly, Sweetheart87 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Епа како не, од позитивно најпозитивно :) Така де, директно се завршува, и позитивно е што бар не мора да ја тупиш зашто си раскинал.
     
  3. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    како може нешто така подло и болно како неверството да влијае позитивно на врската па и на вас? :|
    што мислевте кога ја отворивте оваа тема :|
     
  4. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Како може да влијае позитивно, тој те изневерува и ти демек ке сватиш дека си можела да го изгубиш и ке го сакаш повеке? Неверството може само да ја уништи врската
     
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Поентата ја разбрав, но ми нема поента, враќање мило за драго- детска игра.
    Паштета нека е....која логика ми е пештера да отвараш.
    Зошто таков израз??? Он не се отворил како паштета(амаа онаа во црево), пошо е машка курва, туку само она зошто отишла и со 1 се отворила.
    И плус, до кога бе со тие работи, се отворила, ова ова, ја оваквел ја онаквел, убаво и/му било бе УБАВО. Ги вреѓате само девојките, ко тие да не уживаат у секс, а вие (тип на машки како твојот другар) сте фраери, зошто ете, списокот е поголем, а демек и уживањето ви е поголемо и поразбирливо.
    Но, за твојот другар ја иам друго решение, па така нит мене би ме имал нит таа, сирота и глупава девојка што простила, тоест ампутација на најдрагоценото нешто на мажите.
    Иди мили сеа лапај која сакаш колку сакаш.
    Или, ај да не сум тоооолку груба, ќе го видиш коа ќе има ќерка, дали ќе биде ок, или ќе му се вртат низ глава сите филмови, она што тој го правел дека може да се случи на ќерка му. Е тогаш сите машки ќе му бидат идиоти.
    Се се врти, се се менува.
     
  6. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Го скратив цитатот чисто од естетски причини :D .

    Ова ни најмалку не личи на среќна приказна, или врска која среќно цвета. Ова се навидум прикриени проблеми. Неверството позитивно влијаело на девојката од аспект што почнала да си бара нов, ама погрешила и се вратила кај стариот. А дека една врска може да се карактеризира како убава и среќна покрај толку неверства и ујдурми од двете страни, не може. Освен ако не се и двајцата некои емоционални мазохисти па им причинува задоволство таква болка. Во тој случај да, позитивно влијае :D .

    Така што според мене, ако не сте мазохисти, неверството може позитивно да ви влијае на врската со тоа што ќе ви ги отвори очите да и го ставите крајот на истата. Врска треба да претставува уживање за двете страни, а не постојан немир заради сомнежи. Секое попуштање, давање зелен картон, втора шанса, прогледување низ прсти и барање причина за оправдуваање на таквата постапка од партнерот (во смисла ете и јас претерував многу со глупости па затоа ме изневери) е само мачкање очи за понатаму подоцна да експлодира таа бомба.
    Во врска каде имало неверство без разлика дали од едната или двете страни, едниот вечно ќе страда, ако не и двајцата, затоа што секогаш ќе има сомнежи и прашања. Ако нема сомнежи и прашања, значи дека не ви е гајле, а не знам каква придобивка би имале од таква врска каде не ви е гајле дали ќе ја имате или не врската (освен можеби финансиска придобивка, напред спонзоруши!!! :D ).
     
    На AnaMKD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    ^ Шознам, може ја дека не се ограничувам со стереотипи, па не размислувам како останатите и како тебе, нормално. :?:

    За мене, среќна врска е онаа врска која во моментот прави на партнерите да им биде убаво. Сметам дека во една врска не треба партнерите да гледаат единствено да ја однесат до крај, да ја паркираат колата на крајот од улицата во гаража, туку да уживаат во пејзажите додека се возат.

    Во принцип луѓето кои бараат да влезат во врска, брак, заедница по секоја цена, во истата порано или подоцна ќе се осеќаат мизерно. А животот е многу краток за да се помине во мизерија со оној кој е 24/7 до тебе. |-)
     
  8. ladyb89

    ladyb89 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Во никој случај неверството не може позитивно да влијае на врската. Тоа само ќе придонесе да се расниша она што дотогаш било изградено. Од моментот кога ќе се направи тој чин или ќе се дознае за тоа - ништо нема да биде како порано! Среќата не е да изневериш и повредиш нечии чувства, среќата е да направиш се` за да бидеш среќен со другата половина, да ги бараш оние делчиња од сложувалката што ја кријат светлата страна на приказната! :)
     
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ако си во врска, најпаметната работа поврзана со изневерувањето е да не изневеруваш. Но, на темата дали може да изневерувањето да влијае позитивно, дефакто може, објаснив со првиот пост како. Позитивно влијаело во моментот, дали до крајот на врската ќе си ги оскопаат очите, не знам, ама јас знам најмалку еден пример кој докажува дека неверството може да влијае позитивно.
     
  10. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    може како да не можело...исто како што болеста би влијаела позитивно на здравјето............

    се губи довербата а тоа воопшто не е позитивно за било каква врска ( пријателска, роднинска) а најмалку љубовна
     
  11. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Може да влијае позитивно ама само за тој што варал, може да му помогне да сфати дали уште го сака партнерот (ако веќе се двоуми) и да сфати дали му е потребен нов човек во животот или онака чисто од досада. Да не филозорирам, ИМА случаеви во кои може позитивно да влијае АМА ако не се дознае дека изварал.
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    132.770
    Може да биде позитивно, нормално. Он те изневеруе, ти сфаќаш дека е идиот и му раскинуеш. Ако не те изневерел, требало да чекаш на друг начин да покаже колку е глуп, и да трошиш време додека да му раскинеш. Вака, одма сфаќаш колку му значиш, и не губиш време со некој што повеќе мисли на ку*от отколку на тебе.
     
    На Dennings, Gosh, Captain-Omni и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Или најверојатно дека не си бил изневерен и не си имал посериозна врска во животот ;).
    Јас мислам дека полиберален човек во врска од мене немало, до тој степен значи и низ неверство да поминам, но сепак не е се така црно-бело.
    Баш сум била во врска како што ја опиша, и еве информации од прва рака да добиеш, нели да не е со искуство „од другар“, колку и да се правиш дека не ти смета, дека уживаш во зајдисонцето, дека сакаш да го живееш моментот (а моментот го поминуваш со тој што го сакаш иако нели те изневерил) и ако тој момент бил убав, не е важно што се случило претходно, тоа држи вода само кратко време. Сепак на крај, одвнатре јаде помислата дека во одреден момент на партнерот не му било гајле за тебе и дека врската едноставно не ти функционира, дека тие изневерувања биле само a cry for help, последна жичка на која се држела врската, начин за да ја спасиш иако одамна и било пресудено.

    Со болдот, сосема се согласувам, и баш од тие причини бирам да си го поминам животот со некој кој нема да направи да се чувствувам мизерно, бидејќи сепак, ти бираш кој ќе биде до тебе, а најглупаво што можеш да направиш е да го потрошиш макар и најмалиот дел од животот слепо убедувајќи се дека не ти е мизерно.
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    уште ова го немам слушнато ама и така иди...
    да можи на поединец т.е на тој што изневерувал да свати дали сеуште го сака тој што се во врска...иначе не секој ден час минута ќе се запрашува изневерениот а дали повторно ќе го направи тоа?
    или во секкоја кавга ќе го потсетува на тоа... а ти кога ме изневери што мислеше? или сл....
     
  15. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Ех, како процени дека не сум бил изневерен? :) Примерот го дадов како соодветен на темата, бидејќи докажува дека изневерувањето во некои ретки случаи, може да биде и позитивно. Think of it as исклучокот кој треба да го потврди правилото.

    Инаку, сум бил изневерен и ме болело, ама нели е малку себично човек да мисли дека само неговите животни искуства ја докажуваат целата вистина за тоа каков е и може да биде животот? :?:

    Види, луѓето викаат дека се моногамни суштества, но тоа не е вистина. Ние сме научени на присвојување на работите. Имаме свој автомобил, свој стан, свој мобилен, своја жена. Ама жената никој не ја платил за да биде негова, таа е живо суштество и не може да биде ничија сопственост. Особено не може зашто има чувства, кон нејзиниот моментален партнер, како и кон куп други работи, секако и други луѓе. Колеги, пријатели, симпатии, луѓе кои ја губат и освојуваат нејзината наклоност секој ден. Неверството се случува секојдневно, во умот на сите нас, единствено што ние прифаќаме да го етикетираме како изневерување моментот кога мислата ќе дозволиме да се претвори во допир.

    Изневерувањето боли и го сметаме за неправилно само зашто нашите умови се научени на нееднаквост. Сакаме да фантазираме за згодни актери, порно глумци и да се влажниме на романтични сцени од филмови, ама ако тоа партнерот го направи, тогаш сме љубоморни и го сметаме тоа за мини изневерување.

    Не викам дека треба да се смени тоа... реалноста е каква што е, и мене ме боли кога тој што го сакам ќе ме изневери, но темата сме ја прифатиле како догма, а реално е проблематика која многу лесно може да се претвори во муабет од типот „па све е индивидуално“. Зошто мислам така? Па самиот фејсбук протежира in an open relationship. А тоа, фала Богу, до пред не повеќе од 10 години беше тотална табу тема и скандал ако се случи. Денес, не е така. Утре... којзнае... :emo:
     
    На peperutka87 и Cka им се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Проценката беше бидејќи, пред да се најдам јас на тоа место каде што се најдов, го имав потполно истото мислење како што ти го имаш.
    Да преформулирам, додека не ме изневери тој што ми значеше, имав и претходно партнер кој ме изневери но тоа воопшто не ме ни болеше, само ми беше карта за во еден правец како реален изговор за раскинување. Потоа, кога имав друг партнер со кој ни беше сериозна врската и кој ми значеше нешто, кога тој ме изневери, си мислев дека ќе ми биде сеедно како што ми било и претходно, но испадна дека боли многу многу повеќе.

    Јас се согласувам со се што имаш напишано, посебно околу полигамијата (да не навлегувам сега во други теми што и зошто и како), меѓутоа, има еден пропуст, а тоа е дека ако веќе сакаш полигамна врска (оупен рилејшншип), партнерот треба да биде свесен за тоа уште од почетокот на врската, а не да дознае за тоа по некое време, односно тебе некаде на средина да ти текне дека сакаш полигамна врска. Тука веќе е разликата помеѓу полигамија и неверство.
     
  17. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Дискутабилно е прашањето дали неверството помага или одмага во врската. Јас мислам дека неверството ја уништува врската бидејки и да простиш, или да ти простат повеќе не е тоа тоа. Јас мислам дека штом помислиш да го изневериш партнерот треба веднаш да му раскинеш, бидејки твојата лубов кон него е згасната, а она што мислиш дека е љубов и дека сеуште го сакаш е фсушност само навиката. Кога 2ца се сакаат вистински тогаш не им паѓа ни на крај памет неверството посебно не кога сеуште се во врска. Додека во бракот е малку поиаку и може да дојде до презаситување а разделбата на парнерите е по комплицирана има поголем број последици. Невикам дека и за бракот решението е неверството но кога си во брак можеш и мораш нешто и да проголташ, заради децата заради времето поминато заедно итн. Љуовта треба да се негува секој ден, секој ден треба пофторно и пофторно да наоѓаш ешто кај парнерот за да одново и одново се вљубуваш во него и да се трудиш да тој одново и одново најде причина да те сака.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    За кој како, има и такви кои откако ќе изневерат тогаш сваќаат што имаат покрај себе па ќе плачат ќе молат да им се вратат саканиот или саканата :D има и такви девојки или момци што веднаш ќе простат и како да не било ништо врската ќе тече ко подмачкана :P
     
  19. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Неверството го крева адреналинот до плафон, и доколку си малку по паметна да не те фатат, тогаш ќе имаш турбо интересен живот. Не подржувам неверство, но кога се работи за досадни мажи, ите како подржувам. Има навистина монотони врски кои малтене по досадни се од бракот. Ама кога еднаш ке им набијат рогови па потоа може да се свестат. Инаку сум изневерувала но не затоа што сум имала досаден дечко, бидејки таквите немаат пристап до мене, туку од гореспоменатите причини. Сакам да ме пука адреналин да постои неизвесност, а не да имам 1 дечко и како пензионери ке се затвориме и ке се сакаме.
     
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Воже сачувај !
    Што не ќе прочитам ... Па ако ти дошло до друг ,монотонија или што год да е ,земи поштено раскини па изневерувај,не со еден- со сто,па смири се пак до момакот! Како може позитивно да биде,ја незнам како ви е совеста мирна бре,како го гледате после тој човек у очи??? Ако е за одмазда да,оправдувам ама кога ќе ми се сака и со кој ќе сакам од кејф, ама од чистаа мирааа...(смајли како си пука у глава)
     
    На DeepBlue и cresa-jagoda им се допаѓа ова.