Ај вака - ако ти е досадно со некој у врска/брак, и ради тоа го вараш, ондак си идиот/ка. Не ти е гајле за партнерот, него за себе и најбоље остави го. Ако ти прости, тогаш и на него не му е гајле за тебе, колку тоа и да не изглеа така. Едино ми е јасно да се одмаздиш ако те изневерил партнерот, со тоа што и ти ќе го сториш истото...и после тоа да раскинете.
Неверството може позитивно да влијае на оној кој поседува се освен човечност не, на оној кој лечи свои комплекси со туги солзи, разочараност и превари. Може позитивно да влијае на луѓе што немаат храброст да изјаснат и да појаснат чуства и стравови, на луѓе кои им е полесно да живеат со туѓи болки и маки. Неверството нема никогаш да влијае позитивно врз една врска бидејки врз нејзината позитивност играат улога човечни и вистински вредности.
Јас не сум изневерила и не сум била изневерена, ама ако се најдам во таква ситуација тоа би ми било доказ дека партнерот не ме сака, не му е убаво со мене и сака нешто ново и поинтересно. Обично изневеруваат оние кои се запустени во врската, па позитивно ќе биде за да отворање на очите на партнерот кој е изневерен дека нешто не е во ред во врската, нормално дека не е човечки да се изневери и е многу бедно, ама кривицата е секогаш во двете страни.. Едната не прави доволно, другата е желна за нешто интересно, па така може да е позитивно и да стави крај на монотонијата во врската која би била главна причина за неверство. Бидејќи ако во врската е се` интересно, убаво, забавно од двете страни нема простор за изневерување.
Неверството може да поттикне само растурање на врската или бракот и ништо повеќе. Доколку послужи како стимул за врската/бракот да се подобри, повеќе од јасно е дека таму нема љубов.Нема иднина.
Кое неверство е позитивно тоа може да донесе позитивно влијание. Има такво ? Јас колку што знам нема такво нешто.
Го читам насловов на темава и се чудам Зар може и тоа да постои?Секако дека одговорот е не.НЕ МОЖЕ да влијае позитивно затоа што кој го изневериле и продолжил во таа врска нека знае дека таа врска не може да успее.Затоа што ако го изневериле значи не било за џабе и затоа што го сакале.Ако те изневерат значи ќе го направат пак тоа и во таа врска нема веќе љубов, од мене тоа
Ако некој мисли дека неверството може да донесе нешто позитивно во една врска, можам само да кажам дека грдно се излажал или пак дека партнерите или едниот од нив има лабилен карактер и нема основни морални вредности. Неверството може да влијае само негативно врз една врска, притоа придонесувајќи за разнишување на довербата, што е основа на секоја сериозна врска, поттикнувајќи сомнежи, дури и тогаш кога ги нема и лоши спомени со плескање на ситуацијата во лице во најнезгодните можни идни моменти. Ако некој мисли дека неверството ќе донесе освежување во врската, дека партнерите ќе прават се' за да се задоволат меѓу себе, за да избегаат од монотонијата која можеби владеела, дека ќе експериментираат во кревет и ќе бидат тазе вљубени гулапчиња... Навратете се неколку реда погоре и размислете уште еднаш... Неверството е најнедостоинственото нешто што може да му се случи на еден човек, без разлика на полот и без разлика на тоа дали заслужил или не. Освен тоа е најголемо понижување и повредување на чувствата, дури и ако се работи само за емоционално неверство. Едно огромно НЕ за неверство. Раскини - па бркај си работа.
Жена која се пуштила во брачно неверство, во поголем процент никогаш не ја запустува куќата, не ги баталува децата..напротив неа, маж што изневерува заборава и деца и куќа.Позитивно делува..ооооо и те како...одиш и ја задоволуваш страста што ти фали дома и на крај бракот е супер, сите се сити и овците се на бројВо секој трет брак има неверство и ако се разведуваа луѓето ..еееееееее..што ќе бешеНегативно делува ако се дознае, е тогаш доаѓа физичка пресметка во која жената губи....Јас сум умно неверство, никој да не те види и да не те чуе
Со такви ко тебе ,под би бришела! Било маж да е било жена! Дај Боже да те фати мажот да си добиеш шо заслужуваш!
Те жалам искрено..ако така ти се гадело од секоја жена што е неверна(а што е неверство и зошто се прави е за друга тема) ти бе дете досега требаше цревата по улица да ги влечеш.Твое мислење е тоа а во темава не се побара какво мислење имате за жените неверници и форумов не е за навредување..за бришење патос земи си џогерче
Извини ако те навредив еј!Извиниии само што си кажав искрено што мислам. Пиши ми како си помина кога дознал твојот сопруг ,баш ме интересира.
Не, не..не ме навреди..затоа негде погоре или моежби на друга тема незам точно каде, ај нема везе, напишав дека во младоста изиграваме строги и праведни судии, но како стареем го менуваме мислењето, наидуваме на ситуации и можности кои не сме ги предвиделе..да не ја ширам многу..значи сопругот незнае, не дознал а исто и јас за него немам ништо слушнато(обично партнерите може и цел живот да не дознаат за брачните неверства)и така си остаревме во бракот заедно и сега се радуваме на внучињата, уживаме кога си играме со нив и ги шетаме...а што било во младоста ниту него ниту мене веќе не не интересира..луди години поминаа
Браво за вас г-ѓо ,вака и внуките да си ги учите Ееее мојата баба стварно не успеала да ужива во животот ,нити па мојото покоен дедо... Сега ја вака патријахално воспитана ,исто и партнерот ,пусти ние неиживеани...
Не туку паметнувајте и врегајте, овде чиниш како на сред чешма ..па малограѓански муабети да сврзувате и да се докажувате кој колку е паметен, и не туку гледајте во туѓото, кој што правел и како правел крај краева за себе си прави а не за вас, па да се мешате и да делите паметноќа на другите, гледајте си ја својата черга и правете онака како што сметате дека е најпаметно за вас а другите оставете ги да си живејат како што сакаат и им годи ним, кој што прави и како размилува си е нивни проблем а не ваш.