Дали некогаш сте посакале да сте машко?

Дискусија во 'Врски' започната од ozbilnazena, 4 јуни 2010.

?

Дали некогаш сте посакале да сте машко?

  1. Да

    299 глас(а)
    84,0%
  2. Не

    57 глас(а)
    16,0%
  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.148
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од една гиниколошка ординација и една млада давојка ми падна во очи додека нервозно шеташе по ординацијата. А пак нејзиниот сакан беше со неа ги слушаше нејзините зборов ... забележав позитивна насмевка на неговото лице.Ех што не сум машко.Па да не мора да го трпам ова. Да не мора да легнам на онаа справа да ги раширам нозете и некој да ми ја гледа мојата интима. Велеше таа..Е така е кога немаш памет во глава...када радиш о хо хо ,после јао јао шта је то.Ја слушав како си ја кажува својата мака јавно и се кае што имала секс без заштита и посакува да е машко .Но влегов пред неа па не го дознав крајниот резултат-се надевам дека нема да зажали што е женско -а пак ако е бремена ..пак ќе биде привилегирана што е жена- затоа што на свет ќе донесе плод на нејзината љубов :)
     
    На Lolo5, zoki-poki и portokalova им се допаѓа ова.
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    4.252
    Пол:
    Женски
    Искрено не сум посакала, уживам во поволностите на женскиот пол :D
     
  3. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    248
    ех понекогаш посакувам, на пример кога имам пмс и премногу ме боли стомакот,си велам уфф да бев машко :!: :lol:
     
    На strawberry06 и Rizzle.Kicks им се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    21.863
    Често се шегувам дека во следниот живот сакам да бидам машко :D

    Мислам дека на машките животот им е доста поедноставен. Може само така и си мислам, не знам :D
    Тие не раѓаат, но сепак родители се, и учествуваат во одгледувањето на детето рамноправно со мајката, така што не мислам дека тоа што раѓаат им е некој хендикеп, баш напротив - стануваат родители без никаква мака :D

    Да не спомнувам дека не добиваат менструација, немаат ПМС, не мора да се депилираат, поштедени се од сите такви маки.

    Мислам дека се привилегирани во однос на избор на професии, а особено се привилегирани кога се на раководна функција, бидејќи претежно на раководни функции се мажи, па фино си се разбираат, си седнуваат во кафана, си кажуваат мрсни вицови, и си тераат бизнис. Почнува ова по малку да се менува, ама ехеее, уште колку имааа...

    Сигурна сум дека не прават толку комбинации во глава како што правиме ние, од типот зошто сега ми рече вака, дали мислеше ова или она, или пак нешто трето - ние жените сто пати повеќе се замарараме со се и сешто.

    Традиционалната улога на обезбедувачи на храна за семејството веќе се губи, бидејќи со една плата не се живее, па и жените се исто толку под стрес колку и мажите. Ама ајде, ќе им попуштам и ќе речам дека обезбедувањето и заштитата на семејстввото не им е лесна работа.

    Во нашето општество од нив се очекува многу помалку одколку од жените - во смисла обврски во доомот, деца, работа. Среќа што ова се менува.

    Друга привилегија што ја имаат е да одлучуваат за некои работи, на пример кога ќе стапат во брак, бидејќи нели според традицијата тие треба да ја побараат девојката за жена.

    Да се биде жена знае да биде исцрпувачки. Сепак, и покрај сите маки, има неверојатна убавина во тоа :)
     
    На Lolo5, Femina777, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.175
    Допаѓања:
    69.383
    Пол:
    Женски
    Не знам, убаво ми е што сум женско... ако ништо друго, секогаш можам да покажам слабост ако нешто не ми е по ќеф :lol: :lol: :lol: шегата настрана, Господ имал причина што решил да бидам женско.
    Ариел, не одлучуваат само мажите за бракот - денес и жените слободно ги просат, така што и тоа полека станува минато. Иако кај нас можеби уште дооолго време ќе биде традиција мажот да ја бара жената.
    Како и да е, повеќето работи што си ги напишала се точни. Ама пак не би сакала да сум машко. :)
     
  6. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    195
    море колку сакам да бидам машко :D што не ме родила мама машко колку пати и имам кажано :) машките се поштедени од мн работи што ние женските мораме да ги трпиме....нооо женските имаат предност-можат да носат штикли и здолништа :$
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.269
    потполно се согласувам со ариел ;)
     
  8. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    493
    Па не баш. Убаво се чувствувам како припадничка на понежниот пол и покрај некои работи кои ми задаваат огромни главоболки и маки како депилација, пмс, козметички и фризерски третмани, менструални болки и ограниченост во тој период... Меѓутоа посакувам да може барем еден ден мажите да бидат жени, па да почувствуваат на своја кожа и пмс синдром и депилација (за оние кои тоа не го искусиле :D ) и се горенаведено, па тогаш можеби ќе можат вистински да не сфатат.
     
    На Lolo5 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. PinkPanterka

    PinkPanterka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    102
    Многу пати сум посакала да сум машко :lol: ...уживаат не се замараат дали им е мрсна косата,дали треба ново нешто да облечат за излагање си излагаат со истите фармерки што ги носеле цел ден,шмика не им треба,не добиваат секој месец,не се депилираат,не гледаат дали ташната им одговара со чевлите и облеката едноставно полесно им е :(
     
    На Lolo5 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  10. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.894
    Кога имам добиено , кога се депилирам , кога се нервирам за облека нешто .. Сакам да сум машко ми е единствена реченица :D Нели е лесно бе да се биде маж? :(
     
    На Jessie-J му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.460
    СЕГА посакувам да сум машко. уф женски стравој... |(
     
  12. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    95
    Da. Ponekogas posakuvam da bev masko...No koga ke pomislam kakvi zenski imaaa, dobro i maski nikakvi gi ima hihihi..
    A i ke mi nedostigaat sepak suknjicki, shtikli, ova ona :)))
     
  13. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    65
    Да, не понекогаш, туку многу често. Ќе знаев што сакаат женските и ќе бев најпосакуваниот маж на светот :lol: :lol: :lol:
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    3.871
    јас ќе речам тука дека бар за мојон дечко само што не добива. абе да се чекало по 5 саати да се спреми уффф е стално викам не не сакам да сум машко среќна сум вака
     
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.609
    Искрено,да :) Некако мажите ми се поцврсти,немаат маки од тип на бременост,менструација,нема излегување до касно...Сум посакала ДА,зошто да не бидам машко на еден ден,да видам како е :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    41
    Посакувам и тоа многу... Не сум многу силна да би била машко али сакам...
     
  17. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    615
    И јас уживам со тоа што сум си женско ;)
     
  18. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    89
    Кога бев мала не знам зошто, но се однесував како машко со еден збор бев машкуданка :lol: Што се не правев си играв со машки па дури и ги тепав :punch: Но со текот на времето кога влегов во пубертет си се јави таа женственост во мене и убаво ми е вака :lol:
     
  19. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    26
    Има моменти кога посакувам да сум машко. Мислам дека машките многу полесно напредуваат во кариерата. Сакале ние жените или не сакале сепак сме повеќе поврзани со фамилијата. Јас се уште немам своја фамилија и од секогаш сум мислела дека се ќе можам паралелно да водам во животот, и кариера и фамилија. Но, како се приближува моментот да формирам фамилија сфаќам дека реално е многу потешко за жената да биде успешна и дома и на работа. Сепак треба да одам на породилно и би сакала да сум дома за децата, а повторно мојата кариера е поврзана доста со патување, нетипично работно време и работа за викенди... Така да мислам дека за машките некои работи се поедноставни во животот и тогаш посакувам да сум машко :?:
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.757
    Допаѓања:
    34.137
    Само кога ќе осетам некоја неправда што не би се случила ако би била машко.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.