Многупати досега сум помислила на тоа, но кога ќе ми текне колку е посебна жената, веднаш се откажувам од таа помисла...
Да, кога ми треба мислење од машка гледна точка, НО кога јас сакам сама да си докажам. Да видам како изгледа еден нивен ден, што им се врти низ глава, начинот на размислување.
Да сум посакала. Посебно оние денови кога треба да добијам и секогаш си велам : Зошто не сум машкоо Сакам да видам како тие функционираат, како размислуваат.
Порано си викав нема ништо поубаво од женско,ама сум се излажала.Си викав што убаво сум женско,ке се шминкам,дотерувам,ке носам штикли.... 100% е подобро да бидеш машко.Има мал милион причини:тие се помалку емотивни од женските и помаклу плачат (читајте воопшто,зашто ретки се тие што плачат),после раскинување на врска тие побрзо преболуваат и не се затвараат во соба како ние женските и не плачат,вриштат,не мораат да се депилираат на нозете,рацете,немаат пмс,немаат болки како женските кога рагаат-со еден збор ич к*р не ги боли за ништо и мн. др. Да,посакувам да сум машко.
За мене треба да е обратно прашањето Не сум посакал , мажите имаат повеќе привилегии и во глобала многу е полесно да си маж Среќен сум што сум машко
Многу често, а тоа е кога ке добијам менструација, кога морам да се депилирам. И секогаш велам убаво е да си женско, ама е многу полесно кога си машко
Сум посакала, но само кога сум била повредена/разочарана од маж, па да му платам за се што ми е сторил Инаку мислам дека нема нешто поубаво од тоа да си жена, не би можела да ги заменам штиклите со кондур- патика
Ми се допаѓа тоа што сум женско, но на моменти сум посакувала да сум машко. Животот им изгледа многу поедноставен. Не се како нас, да се замараат за небитни работи. Кај нив се знае..