da.zatoa sto mnogu stradav kako zensko ,kako me posakuvat na koj nachin maskite i mn navredi trpev na fizicki izgled,i plus masko ko masko mu e polesno
Ако прашате било кое машко дали би сакало да биде женско( некогаш/барем на кратко) , мислам дека никој не би одговорил со ДА. Па тоа е така затоа што и тие се самите свесни дека е многу подобро да се биде машко, отколку женско.И тоа е факт.Освен неколкуте малкуцка причини кои ќе ви ги наведат дека ете и на нив им е тешко за нешто во животот(како на пример стравот да не поприми "корпа" од некоја девојка, неможноста сам да си најде два исти чорапи од неорганизираната фиока ,дилемата дали да се избричи денеска или може да помине и со така малку подраснатата брадичка.....и ред други КРУПНИ работи хихихихихихи Значи само кога ќе ми текне што се една девојка мора да прави - почнувајќи од утрото : женско мора да стане дупло порано од едно машко за да се спреми (за на работа,школо, факултет и слично), да намести фризура, да се нашминка, да се облече во тон и по најнова мода, затоа што не е убаво ташната и чевлите да не се сложуваат и после во автобус и улица да се"ѕверат" во мене -ВИДИ ЈА КАКО СЕ ОБЛЕКЛА ; За машко е понижување да оди со автобус на работа-мора со кола !Во случај колата да е расипана, е тоа е крај на светот за нив. Друга работа- машко може да облече што сака и никој ништо да не му каже: дали дошол по тренерки, по патики, каква маица облекол - не е битно -он е МАШКО ! Машките не мора да се депилираат, не е битно дали им се ноктите средени, не е битно ни дали имале пивски стомак , 50 кила повеќе од нормалното - он е МАШКО ! Жената мора убаво да изгледа, како инаку ќе ги привлече мажите? Затоа жената мора да се фризира, да се шминка, да се дотерува, да држи триста диети, да вежба, да внимава на однесувањето - а мажот? Мажот има обврска само да се избричи ,па дури и тоа не е задолжително , не мора да држи диети - си јаде што сака и колку сака( ех само тоа колку е добро ), не мора да вежба - самиот факт дека е машко по дефолт му дава привилегија на доминација,...што е битно ако опцуе - па не е машко ако не опцуе ! Да продолжам понатака??? Да можам одма сега да постанам машко , одма би се менувала ! Веднаш
Иако и двата пола имаат свои предности и недостатоци, да сум посакала на моменти да бидам машко. Првично затоа што машките не се занимаваат со триста чуда како ние женските, на пример: немаат ПМС, не раѓаат, не можат да забременат, не одат на гинеколошки прегледи, не им свиркаат по улица, ја користат само едната половина од мозокот Но, како и да е, тоа било само привремено. Благодарна сум и го сакам фактот што сум женско.
Да сум посакала,полесно е да се биде машко,за некои работи,не раѓаат,не ги прават сите домашни обврски
Јас имам само размислувано за нивниот начин на живот и начинот на размислување, ама не сум посакала да сум машко. Дури ни во ПМС. Баш напротив некогаш се чувствувам горда кога имам добиено. А за раѓање точно, машките не можат да ги почувствуваат тие болки, ама и не секоја жена мора да ги почувствува, раѓањето дете не е задолжително.
Ептен посакувам да бев машко и како мала поише сакав со машки играчки да играм пушки, пиштоли, полицаец Ич немаше да му се замарам ќе се шишав кец ко војник, восок немаше да знам што е, ПМС само како поим..ќе си бркав женски ах зашто не сум машко
Odsekogas posakuvaV/M da bev masko ama sigurno ke bev sramezliv pa ke celav devojkite prvi da mi prijdat
И јас се мислев пред некој ден дали женскиот оргазам е исти со машкиот, по чувство. Тоа би ме интересирало.
Хаха и јас за време на циклусот вака ми е подобро женско, секаде имам предност и во работа и се, а и можам да бирам без да освојувам и симнувам звезди за еден глупав секс
Не им е кој знае колку полесно на мажите.И тие се подложни на здравствени проблеми(некои болести попрво нив ги фаќаат,а и во многу случаи,пократко живеат од нас припадничките на понежниот пол). А,тоа карактерите...... Јас сум горда што сум женско.