Точно е дека на машките им е полесно...но никогаш не сум посакала да сум машко. ГОРДА СУМ ШТО СУМ ЖЕНСКО!!! Како прво научно е докажано дека женските се попаметни од машките,како второ со сето она што ние го трпиме(пмс,болки при породување и слично) само докажуваме дека сме силни Единствено им завидувам на машките што можат да шетаат без мајца во врелите летни денови,ете само тоа...
посакувам да сум машко само кога шетам и по излозите гледам прекрасни маици за мачките, тогаш си велам ех сега да сум машко би си ја купила оваа
За себе лично не, ама сакам да си имам машко дете. Ќе го научам на кои финти паѓаат девојките и има да ги е*е женските девојченца на моите бивши дечковци
не сакам да сум машко, и кога ке имам бебенце сакам тоа да е девојче ! ама понекогаш кога едноставно ке ми е дојдено од се преку глава можеби за 5 мин. посакувам и да сум машко, речете што сакате ама мнооогу им е полесно, нас девојките само не осудуваат и не критикуваат што и да се деси пак ние сме оние виновните а машките се вечно во право !
Секогаш кога ке ми дојде менструација си велам -Е што не сум машко. Само тогаш, (зш мноооогу ме боли стомакот кога ке ми дојде)
Да бе, коа не ми даваат да играм фудбал. И коа ми се моча у јавност. По карактер се осеќам као мушко, таква сум, незнам, во некои ситуации сум била дискриминирана бидејќи сум женско па си помислував едно време: ех, да беше машко...
Повеќе пати кога имам ПМС кога ме боли стомакот од менструацијата кога давам многу пари за шминки кога си ја пеглам косата кога е многу жешко сакам и јас само по кратки панталончиња да сум кога сум на плажа срам ми е да се сончам топлес а несакам бели да ми останат градите кога немам време да се спремам кога првпат си фатив дечко одма сериозни разговори за возрасни почнаа да ми вртат моите и со поинакви очи почнаа да ме гледаат а да бев машко ќе се смееа (како да го снема детето од мене ) и не ми текнува повеќе
На неколку наврати. Најчесто во пмс. И тоа си го кажувам гласно да ме слушнат другарите колку се среќни.
Коа сум на одмор и кога ќе добијам. Е стварно сакам тогаш да сум машко али кога размислувам со ладна глава, ауу никако, супер ми е вака
Макар што во себе немам ниту една „том г'рл“ жичка останата (видлива говорам) од моето детство, т.е времето кога бев најдобриот маалски безбол удирач, еден од подобрите фудбалери во зградата, тркач, клизач на мразот пред зграда и што се не друго, а што другите девојченца не го правеа, јас мислам дека уште тогаш самата сум сеи определила дека да се биде машко е некако поинтересно (за мене зборам) и најверојатно ми изгледало лично мене помалку ограничувачки, поради ѕидот што мојата мајка, роднини и загрижени комшики сакале да ми го постават меѓу тоа што е машко и што е женско и што прави едно машко, а што женско. Па, со оглед на тоа што се' се очекувало од мене, како... секој ден исчешлана да е мојата предолга коса, од што не разбирав каква потреба имам кога постојано ми беше врзана во коњски опаш, стокмена во убаво фустанче, за комшиките да те подплукнат, како пу-пу да не те фатат уроци, па да се подмочкаш, муабетите како ќе пораснеш во многу стројна мома и ќе се омажиш за прекрасен син на некој газда и слични мити глупости во кои ми одредувале, како ќе треба да живеам, кога за мене доживљај си беше да отидам до единствената ни бара у близина да се клизнам до долу по калот и да соберам тегла полноглавци . Па сега, мајко моја кој те терал да ме облакаш во фустан,нели ме познаваш побогу . Сето тоа, мене никогаш и не ме усреќувало , таа нивна прича за машки и женски Спојлер (и не многу ме веселат тие ограничувања и денеска) онака, како што гледањето акциони филмови со брат ми, валкањето во трева, глумејќи командоси, прерипувањето највисоките ѕидчиња у малото за да се покажеме кој е поцајкан од кого или тепањето силеџии, кои мислејќи дека сум сестра на брат ми па нема да им притрчам да ги патосам ако го закачаат ма мајката, женско сум била не треба да се тепам. Дека сакам и сум сакала да бидам машко заради лудите игри во кои уживав да, дека отсекогаш се чуствувам дека во минатиот живот сум била веројатно машко да. Дека би сакала и во наредниот да се родам повторно машко исто така да, но не затоа што на нив им е полесно, како што прочитав. Уф, јас не стојам баш на тоа мислење за полесно-потешко. Не гледам во што им е на нив полесно, а во што потешко. Тешко ми е да ги ставам сите работи на кантар, со оглед на тоа што колку нас ни е тешко за нешто, нив им е потешко за друго и обратно. Ако зборите за врски, заведување... мислите дека за нив е лесно да одлучат да и пријдат на една девојка да речеме. Мислите едно не, од некоја пуфла нив не ги погодува во срцето, дека нив помалку ги боли отколку што ве боли вас, кога ќе ве остават. Мислите тие не се оставени од некого пред вас или нема да бидат оставени по вас, дека тоа сосема мирно го прифатиле и не почуствувале дека ќе умрат истиот тој момент. Од друга страна, пошто сме Балкан, па на Балканот муж си е муж, значи де факто си е бре глава на фамилија и од него се очекува да носи пари за жена му...макар што, денеска и жените носат пари . Но, не сакам ни да се ставам во кожата на оние кои што морале да се изборат со фактот дека само жената нивна може да работи, а за нив нема работа колку и да се трудат, дека нивната жена ќе зема поголема плата... (-исклучок на мажите уживатели во џаболебарење, но такви побогу за што ви се не дека имам јас предрасуди некакви, кој мора да работи кој не, жена сум морам да готвам,маж е мора да носи пари.... ). Зборувате можеби за готвењето, бидејќи денеска жената и работи и готви... па си има на светов мажи кои што си уживаат да готват, исто како што си има се повеќе ени кои не милуваат да готват па место шпорет да купат ене силикони си ставаат и на тв се сликаат Дека жените раѓаат деца?!? Е тука да ! булзај! хахаха за ова и јас поима немам како е хахах и ми изгледа богами застрашувачко
Кога ке добијам на одмор, јас се сунчам а брат ми и братучед ми ме заебаваат и лиги ми прават кога ми се мочка во школо И кога ќе пукнам пари за фризер, а ми текнува дека прат ми со 150 денари има најубава коса на свет
Ниту еднаш во мојот живот не сум посакала да сум маж. Секако, мажите најчесто се со привилегии, но знаете како, такви се ако им е дозволено. Ние сме виновни што им се тресеме. Добро, ова не важи за мене Но, на мажите им се ускратени многу работи. Зборувам во денешно време, се повеќе верувам дека феминизмот од една прекрасна, премина во една деспотска филозофија и практика. Ги научивме дека ние повеќе не сме домаќинки и дека немаме намера да имаме улога само и само на мајки и сопруги, туку дека имаме потреба од кариера, лично докажување - а со тоа и помалку време за предходните улоги. Па така и тие почнаа да готват, перат, пеглаат (искрено знам многу вакви мажи, од моја најблиска средина) ама не ја добија можноста (вековното воспитување си остава траги) па така тие и до ден денес не можат својата емотивност да си ја покажат и да си олеснат на душата. Ние, како жени, знаеме по еден напорен ден каде што сме биле на факс или на работа, не изнервирал проф/директорот, сме дошле дома сме направиле некакво јадење, сме пуштиле машина, сме запеглале некоја кошула за утре, сме прибрале малце, поштено да си заплачеме или да кукаме барем. И за нас тоа е во ред, но замислете еден маж да плаче зошто на крајот на денот, му фалело уште со џогер да помине а бил премногу исцрпен??? Ние би му се утепале од смеење - види каков лигуш си. Потоа, кавалерство? Мажите сакаат да бидат кавалери. Но ние не им дозволуваме. И ние сакаме, но тие се плашат. Да не ширам понатаму. Жените станаа доминантни во светот (не мора да биде директорка или претседател за тоа) но во домот дефинитивно се повеќе владее матријархат а не партнерско или патријархално уредување. Мажите се повеќе се потчинети. Колку пати кога сте имале добиено, или сте паднале на испит, дечкото ваш газел на прсти, шепкал, се умилкувал за една насмевка само или само да се спаси од вашето колнење на се живо и мртво???? Можеби тивко и потајно, ама се повеќе ги угнетуваме ние нив. А кој би посакал да биде угнетен???
- При секоја менструација која ми е доста болна посакувам да сум машко, баш при секоја! - Во ПМС посакувам чат па да сум машко, али од друга страна тука подобро и да не сум, зашто тешко на мажите што треба да слушаат жена во тежок ПМС! - И последна трета ситуација е кога ќе се сетам дека еден ден ме очекува пораѓај, чување на детуле каде реално на жената 80% од обврските и припаѓаат, доење ова она ... пак посакувам да сум машко и само да направам еден потег за забременување, да се пијанчам во кафана кога ќе се роди детето, да купувам пелени и да го нишкам 1 час во текот на денот. - Добро ај сум посакала и да можам името мочајки во снег да си го напишам