Да многу пати сум посакала да сум машко особено при менструација Си уживаат бе оноа машкине, ни ПМС имаат, ни менструација, ни се депилираат, не се замараат дали им е убава косата, шминката....
Ехее, колку пати! Но не заради моментот менструација, пораѓање, хормони и бла бла работи. Едноставно, за да бидам маж, да видам како е. И да им дотерам памет на одредени типови девојки
Па јас сум и како машко на некој начин, моралот ми е тука некаде. Сепак не, горда сум на тоа што сум жена
порано ДА ! дури и така се однесував http://www.youtube.com/watch?v=_HKH7Emy1SY ама веќе не http://www.youtube.com/watch?v=AWpsOqh8q0M
Само кога имам добиено т.е кога се виткам од болки ми доаѓа таа мисла инаку несакам да сум машко... убаво ми е вака... не би сакала да имам нешто во гаќи што ќе треба да си го местам на 5 минути
охооо радо би.. ни замарање околу влакна.. ниту замарање со тоа со кој ќе бидам вечерва, и со кого ќе легнам.. ладна глава..
Речиси секој ден по днаш посакувам Бидејќи да бидеш машко е полесно во се САмо за едно ми е страв ако сум машко како ке ја побарам од татко и за жена хахахахха единствената (по мое мислење ) тешка работа за мажи
Најмногу посакувам да сум машко кога имам добиено. Или кога треба да се спремам за некој настан и трошам два-три часа а тие се готовие за 10 минути максимум. Исто така, многу ме занима дали мажите се осеќаат исто како нас кога доживуваат оргазам? Многу извртено, ама ќе пукнам да знам како им е. Никогаш и нема ама добро
НЕ! Се гордеам што сум женско, жената е свето нешто според мене и не знам како можите да сакате да сте машки, јас не сакам ни 5 мин...
Па не посакувам да сум машко засекогаш де! Горда сум што сум се родила како женско, ама од љубопитност ете на еден ден. Што им е убаво што можат да мочаат кај сакаат
Цело време се смеам на мислењава од фемикиве. Многу ми се јаки Инаку, немам многу размислувано на темава. Убаво и е како женско. Ама од љубопитност може ете 1 час да видам само како е чувството да си машко
Да сум посакала! И не само на еден ден, туку посакувам понекогаш да се родев машко!! Пошто тоа не е можно, сега посакувам да размислував (читајте не размислував, пошто тие ретко кога сериозно размислуваат! ) како машко!!-Барем тоа!! Да си го одморев малце мозоков!